период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 16.02.2017, 15:50

САМУЕЛ ЖБОГАР

Да не се драматизира, оптимист сум дека ќе се формира влада

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска изјави дека е оптимист оти политичките лидери во Македонија ќе го изнајдат вистинскиот начин да формираат влада.

- Јас не се согласувам дека политичката ситуација во земјава е тешка и не треба да се драматизира. Во земјава имавме избори и нормално е да се даде повеќе време да можат политичките лидери да формираат влада. Јас сум оптимист дека политичките лидери ќе го изнајдат вистинскиот начин да формираат влада, за да можеме ние како ЕУ да продолжиме да работиме во реализирање на реформите кои се потребни во земјава, истакна Жбогар.

Во рамките на кампањата „ЕУ за тебе“ денеска во Берово престојуваа евроамбасадорот Жбогар и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

ЕУ за Берово издвоила три милиони евра средства наменети за реконструкција и изградба на канализационата мрежа.

- Овде сме да ја промовираме кампањата „ЕУ за тебе“ и попрецизно да покажеме што реализира ЕУ од проектите која сама ги финансира, помошта на ЕУ на вашата земја е многу конкретна и се гледа од реализацијата на овие проекти кои се во директна полза на граѓаните на вашата општина, а тоа се проекти кои се реализираат од граѓаните на ЕУ, односно од даночните обврзници на ЕУ. Целта ни е да ја видиме реализацијата на проектот за изградба и реконструкција на мрежата за канализација во должина од 25 км, што ќе биде дополнување на постоечкиот прокет „Прочисттелна станица на отпадните води“, како и реализацијата на четири други проекти со финансиска поддршка на ИПА- програмата. Ние како ЕУ со нетрпение ја очекуваме и изгрдабата на зелениот пазар во Берово и реконстркуцијата и на друга улица што се реализира со руралните грантови, рече Жбогар.

Тој додаде дека ЕУ е активна и ги поддржува проектите во земјите кандидати за изградба на инфраструктура со цел се исполнат стандардите.

Францускиот амбасадор Тимоние потенцираше дека намерата е да се продлабочи соработката со Франција и ЕУ.

- Имаме намера да ја продлабочиме соработката и ние сме зантересирани да ја доближиме Европа до граѓаните. Ќе се обидеме во рамките на наште можности да го унпредуваме туризмот, а изградбата на инфраструктурата од ваков вид е од голема помош за жителите, рече Тимоние.

Градоначалникот Драги Наџински ги запозна гостите со проектите кои се реализараат со средства од ЕУ во Берово, потенцирајќи дека досега општината за реализација на разни проекти од областа на инфраструктурата добила поддршка од околу пет милиони евра од европските фондови.

#



Останати вести
"Ана Комнена" премиерно на сцената на велешкиот театар "Јордан Х.К.- Џинот"
Командант Соколи: Да бев јас главен, во Куманово ќе имаше многу повеќе загинати
Амал и Џорџ чекаат близнаци
Миркуловски уште една година со Вецлар
Имињата на фирмите казнети за лажни попусти остануваат непознати
Шпанската принцеза Кристина ослободена од обвинението за даночно затајување
Денови на иранската кинематографија во Кинотека на Македонија
Енергетска сиромаштија: Дури 76 отсто од Македонците се греат на дрва и загреваат само 20 квадрати
Геолозите открија нов континент во Тихиот Океан
В понеделник пресудата по тужбата на Цветковски против СДСМ, Заев и Костовски
Во Канада се одржува избор за најубава замрзната фризура
Владата го зголеми буџетот на 31 милион денари за филмска и документарна програма на националните телевизии
Готват за 150 луѓе секој ден, велат дека им недостига леб
Жени кројат лози подобро од мажи, но се срамат да се натпреваруваат
Дориан Бабунски отстапен на Радомље
Ученичка почина на час во ГУЦ
Работна група на СДСМ го разгледува возвратениот предлог на ДУИ
За пет години од извоз на злато во земјава влегле 1,7 милион евра
Триесет актуелни писатели членуваат во ДПМ повеќе од половина век
Обдукцијата ќе покаже како починал младиот кочанец
Kумановци и најтрофејниот ќе водат најтешка битка
Државата од даноци лани собрала 1,153 милијарда евра, 6,5 отсто повеќе од претходната година
Данците не смеат да станат малцинство во Данска
Заев се откажува од Жерновски, го сака Богдановиќ, Kуновска може да им ги помати сметките на двајцата?
Пациентите задоволни од инфузијата од 2 милиона евра за новите цитостатици
Направен е груб фалсификат за Македонците во Албанија
Црниот пазар годишно јаде над 1,5 милијарда евра од македонскиот буџет
„Kога денот немаше име“ - тегобен филм дури и за Балканскиот Регион

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
razocaran, 16.02.2017 20:15:49
Жабарот да се мака од крајчето оти исто гомно е како претходниот Ако само таков кадар излева од европската унија ТРТНИ И ГО на таквата парачинта заедница Каква влада зборуваш бе токмак еден Влада може да составе само победникот од изборите и никој друг За тоа и крв ќе падне ако некој се дрзне да ја украде вољата на граѓаните Води сметка што зборуваш и немој да ги окороважуваш несаламните криминалци и продадени души сдсм овски
Најнови вести