период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Хроника
Датум: 12.06.2017, 16:22

Иво Котевски од СЈО барал докази, не ги добил


Директорот на центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ, Иво Котевски и поранешен полициски портпарол денеска беше повикан како осомничен во Специјалното јавно обвинителство.По распитот во СЈО за случајот „Талир“, Иво Котевски изјави дека побарал увид во доказите. Како што рече, не му биле презентирани никакви докази и останува, некој друг ден да види со што располага СЈО. Котевски изрази сомневање дека докази против него воопшто постојат.

И тој го обвини СЈО дека работи во корист на СДСМ со цел прогон на функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Истрагата за „Талир“ се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до крајот на 2015 година. Во истрагата осомничени се  поголем број функционери на партијата, почнувајќи од лидерот Никола Груевски, до секретарите на партијата, директорите на Центарот за комуникации и други партиски членови кои уплатувале суми или пополнувале уплатници фиктивно на име на членови на партијата.

Претходно во СЈО беше и екс началникот на 5-тата управа во УБК, Горан Грујевски.

И пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски попладне беше на распит во СЈО за случајот „Талир“. На влегувањето во СЈО кусо прокоментира дека бил повикан во СЈО, бидејќи премногу зборувал во Собранието.

#



Останати вести
Хорор во Скопје: Италијанка силувана од екс љубовникот

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
praveden, 13.06.2017 07:52:24
Ivo Kotevski od CJO baral dokazi no ne gi dobil kako i mnogu drugi obvineti shto ne gi vidoa dokazite, znaete zashto nitu eden od obvinetite ne dobil dokazi na uvid, ne gi dobija zatoa shto CJO nema dokazi,CJO nelegalnite snimeni razgovori saka da gi koristi kako dokazi.Da mu se udrat nekolku shlakanici na Zerenovski,CJO pokrena obvinenje protiv Gruevski za neudreni shamari ete kakvi dokazi ima Kate Specijale.
Најнови вести