период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 20.03.2017, 12:56

ПАНИКА

Западна амбасада го спасува Зијадин Села

Западна амбасада во Скопје интензивно работи на планот на зацврстување на „Алијансата за Албанците“, попозната како коалицијата на Зијадин Села.

- Амбасадорите, кои важат за блиски до опозицијата и кои редовно одржуваат контакти со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, сакаат да се осигураат дека ќе ги имаат на располагање тројцата пратеници што ги освои оваа коалиција - пренесува Телеграф.мк

Токму тие се клучни доколку дојде до гласање за влада бидејќи амбасадорите што го имаат главниот збор не се сигурни дека ќе можат да сметаат на гласовите на Беса поради нивната нетрпеливост со ДУИ.

Како што дознаваме, првите луѓе од оваа коалицијата интензивно се повикуваат во амбасадата каде што им се даваат точни инструкции како треба да дејствуваат и им се посочува дека во никој случај во вакви моменти не смее да дојде до раздор.

Не случајно амбасадорите што важат за блиски до СДСМ не ги коментираат последните провокативни изјави на Села за федерализација на земјата, дека македонски идентитет не постои и дека никогаш нема да стане на македонската химна и дека нема да се поклони пред македонското знаме.

Математиката вели дека 49 гласа на СДСМ и 10 на ДУИ не се доволни за формирање влада и дека им се неопходни гласовите од „Алијансата за Албанците“. Во оваа коалиција се три партии, Движење за реформи на Зијадин Села, Унитети на Гзим Остреми и НДП на Весел Мемеди.

На последните избори Зијадин Села освои двајца пратеника, НДП на поранешниот градоначалник на Гостивар, Руфи Османи, еден пратеник. Унитети не освои ниту еден пратеник, иако нивните кандидати имаа носители во првата и во втората изборна единица.

Но, плановите на амбасадорите се чини не одат по планот бидејќи првите луѓе на Унитети не се согласуваат со радикалната политика на Села и дека можно е да излезат од коалицијата. Најгласен во критиките кон потезите на лидерот на коалицијата е Мухамед Исмаили, генералниот секретар на Унитети, кој викендов од органите на партијата беше разрешен од функцијата.

#



Останати вести
Благодарност до Унгарија за иницијативата да се отфрли и осуди платформата од Тирана
Грција ќе има корист од федерализацијата на Македонија
Хан нема време за средба со организаторите на протестите „За заедничка Македонија“
БГНЕС: Се расцепува Алијансата на Села
Македонија нема да прифати уцени
Го покануваме Хан пред 100.000 луѓе да ја осуди платформата на Еди Рама
Албанците се миленици на Западот оти се подобри вазали
СДСМ не негира дека му понудил на Села да биде претседател на Собранието
ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди документ за излез од политичката криза

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести