период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 17.02.2017, 20:15

Лазаров следните две сезона ќе настапува за Нант



Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров во следните две сезони ќе го носи дресот на францускиот Нант.

Најдобриот десен бек во светот потпиша двегодишен договор со учесникот во Лигата на шампионите и на истек од договорот со Барселона се реши за нов предизвик.

Тој заминува од Каталонија по четири сезони со сите можни освоени трофеи и соборени рекорди. Во новиот клуб ќе соработува со Алберто Ентрериос, кој е негов некогашен соиграч од Реновалиа Сиудад Реал (Атлетико Мадрид), а сега ја извршува функцијата помошник тренер. Во ростерот на Нант се наоѓаат и поранешните соиграчи на Лазаров од Барселона, Гурбиндо и Белегер.

Новата екипа на Лазаров е второпласирана во францускиот шампионат со само еден бод заостанување за лидерот ПСЖ.

Нант со Лазаров го започнува проектот во кој ќе се обиде да им се доближи на ПСЖ и Монпеље и да биде секоја година дел од Лигата на шампионите. Нашиот ракометар официјално ќе биде претставен по завршувањето на сезоната.

Во својата кариера Лазаров го носеше дресот на: Овче Поле, Борец, Пелистер, Бадел 1862 Загреб, Фотекс Веспрем, Кроација Осигурање Загреб, Атлетико Мадрид (Сиудад Реал) и Барселона.

Во клупскиот ракомет капитенот на македонската ракометна репрезентација освои 52 трофеи.

#



Останати вести
ОЈО бара мерки за обезбедување на осомничените за тргување со дрога
И конгресменот Франкс најави испитување на работата на амбасадата на САД во Македонија
Концерт на виолистката Софија Златанова во Бостон
Две лица повредени во сообраќајки во тетовско
Ако Зекири и медиумите што објавуваат лажни информции не се извинат, следуваат тужби
Пет лица уапсени во акција за сузбивање улично дилерство на дрога
Села: Ќе се формира тело за подготовка на закон за албанскиот јазик
Карпош Соколи прв финалист на Лимак Купот на Македонија
Ибрахими: На Ќазимоски веднаш да им се остварат правата на социјална заштита
Ѓорѓиоски едногласно реизбран за претседател на ФФМ
Македонските скијачи без пласман на денешните трки на Светското првенство во Сент Мориц
Се продава телефонот на Адолф Хитлер
Крадци од куќа во Гостивар украле накит вреден над два милиони денари
Адерхолт: Се уште очекуваме одговор од Бејли за обвинувањата за партизирање на работата на Амбасадата
Уапсен братот на Есад Рахиќ и близок соработник на Заев
Конгресменот Рорабакер се извини за неговата изјава дека Македонија треба да се подели
МИА одбележува 25 години од основањето
Париз постави камени блокови за справување со мигрантите

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести