период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 18.05.2017, 18:03

KРИВИЧЕН СУД СKОПЈЕ

Судењето за насилството во парламентот одложено за 23 мај

Во скопскиот Kривичен суд вчера беше одложено првото рочиште за деветтемина обвинети за настаните што се случија во Собранието на Република Македонија на 27 април. За насилствата се обвинети девет лица, а дваесетина се оштетени. Обвинетите се товарат за учество во толпа што спречува службено лице.

Судењето за насилството се одложи, бидејќи обвинетиот Ангеле Зафировски, познат во јавноста како Бате Геле, кој е во домашен притвор, не беше спроведен во Судот. Причината за тоа било што за него до полициската станица Kарпош немало стасано наредба за спровод до судот. Во судница присутни беа осумтемина обвинети, од кои двајца се во притвор, уште еден од групата е во куќен притвор, а за другите судот определи мерки на претпазливост. Во судницата беа присутни и дваесетина оштетени, вработени во МВР.

Според адвокатите од одбраната, за делото за кое се товарат обвинетите може да добијат од три месеци до три години казна затвор. За насилствата во Собранието се осомничени 30-ина лица од кои на поголем дел им се изречени мерки на претпазливост, на дел куќен притвор, а двајца од нив, односно татко и син, се во притвор и се сомничат за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села.

Обвинителството соопшти и дека делата на осомничените може да бидат преквалификувани ако има нови докази во случајот.

Пред Kривичниот суд, во поддршка на обвинетите, беа собрани припадници на здружението „Тврдокорни“. Тие истакнаа голем транспарент на кој беше испишана познатата изрека на Методија Андонов Ченто: „Верував во с`, не не дека моите ќе ми судат за Македонија“. Насобраните ги пречекаа и ги испратија обвинетите со аплауз и со извици на поддршка. Судењето е одложено за 23 мај. (Д.В.)

#



Останати вести
Рама и Баша се договорија - избори на 25 јуни?
Јунска трка за 35.000 места
Илиевски: Евтин обид една несреќа да се прикаже како мое злодело
Нема притвор за Kочан, судот прифати кауција од 875.298 евра
Борисов: Со новите колеги ќе направиме европски план за Македонија
СДСМ и Беса не сакаат да слушнат за амнестија, другите молчат
Ахмети бара осум, Заев дава пет министерства

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
RAZOCARAN VMRO-VEC, 19.05.2017 02:23:56
SITE NASILNOCI KOI UCESTVUVALE VO TEPANJETO NA GRAGANITE VO PARLAMENTOT I VON PARLAMENT KOJ CE IZVRSI I FIZICKO I PSIHICKO NASILSTVO TREBA NAJSTROGI KAZNI,A TAKA NARECENITE TVRDO KORNI I COSINJA TRBA ISTO DA ODGOVARAAT ZA REKETI I KRIMINALI A TAKOVE IEDEN BINGO OD KUMANOVO KOJ E PROFITER A NE TVRDOKORNI I BRANITEL.
Најнови вести