период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Online Забава
Датум: 16.02.2017, 10:07

Концерт на Цетински и на Георгиев во „Борис Трајковски“

Хрватската музичка ѕвезда Тони Цетински и црногорскиот шармер Владо Георгиев првпат во кариерата ќе ги здружат силите и талентот на заеднички концерт што ќе се одржи во сабота (18 февруари) арената „Борис Трајковски“ под генерално покровителство на компанијата „Пелистерка“.

Носени од меурчињата на љубовта на газираната вода „Пелистерка“, едни од најголемите балкански музички ѕвезди ќе и овозможат на македонската публика повеќе од 4 часа да ја слави љубовта со многубројните хитови. Бидејќи се одржува само неколку дена по празникот Св.Валентин, концертот ќе биде посветен на вљубените, на сите што очекуваат да им се случи љубов, како и на сите што сакаат да уживаат во квалитетна музика која се слуша низ целиот Балкан.

- Месецот кога се слават љубовта и виното, ние го посветуваме на убавата музика. Во Скопје заедно доаѓаат двете најголеми регионални музички ѕвезди во моментов и горди сме што имаме можност да поддржиме ваков настан, со две звучни имиња кои никогаш не настапиле заедно. Несомнено сите присутни ќе уживаат во уникатната можност да ги слушаат во живо талентираните музичари кои се омилени на Балканот – велат од менаџерскиот тим на „Пелистерка“.

И Цетински и Георгиев досега одржувале концерти во Македонија, но ова е првпат да настапат заедно. Македонската публика ќе ја израдуваат со микс од најубавите љубовни песни, но присутните ќе може да се потсетат и на другите нивни хитови кои се многу популарни на просторот на поранешна Југославија.

Концертот ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“, а влезниците за уникатното музичко доживување може да се набават преку продажните места на „Купи карти за се“. Организатор на концертот е „Прагма“.

#



Останати вести
„Металика“ најави нова турнеја
Гансен роузис исвиркани во Австралија
Милена Дравиќ се враќа на серија
Хју Џекман повторно боледува од рак

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести