период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Хроника
Датум: 10.03.2016, 16:54

АЛЕKСАНДРА KАРАНФИЛKОВСKА, МАЈKА НА ЗАГИНАТОТО ДЕВОЈЧЕ

Ќерка ми Стефани бегајќи излезе од таксито со искинати алишта



Не знам дали ќерка ми е силувана, но облеката ~ беше истегната и личеше на искината. Стефани плачејќи ми кажа „он спиеше со мене насила“. Вака вчера ни тврдеше Александра Kаранфилковска, мајка на 20-годишната Стефани Брзанова, која завчера напладне трагично загина скокајќи од 9. кат од зграда во населбата Аеродром. Засега нема потврда од полицијата дали станува збор за самоубиство, иако, најверојатно, девојката сама си го одзела животот. Мајката се сомнева дека Стефани посегнала по својот живот откако била силувана од скопски таксист.

-Ги чекаме резултатите од обдукцијата на моето девојче и кога ќе бидат готови, ќе се знае што точно таксистот ~ сторил на ќерка ми и тогаш ќе поднесам пријава и тужба против него. Не сакав да изјавам дека сум го пријавила, но тоа ми е намерата ако се покаже дека е така - рече вчера за „Дневник“ Kаранфилковска.

Само неколку часа пред да разговара со нас во јавноста излезе информација дека таа го пријавила таксистот за силување. Од МВР веднаш демантираа дека било пријавено силување на девојка. Со мајката на Стефани разговаравме во нивниот дом. Ни вели дека претходната вечер Стефани била излезена со друштвото и со нив се разделила кај Железничката станица, каде што се качила во такси-возило. Мајката ни ја опиша сликата кога Стефани излегла од возилото.

- Вечерта излегла со друштвото и пиела алкохол. Потоа се качила во такси за да си дојде дома. Околу 4 часот ми се јави на мобилниот телефон и со исплашен глас ми рече: „Мамо, мамо, брзо дојди земи ме“, а таксистот од таму дофрлаше: „Kажи ~ за два часа ќе те вратам, за два“. Јас и мојот пријател веднаш истрчавме надвор и го видов такси-возилото. Потоа од него излезе ќерка ми и трчаше како избезумена. Алиштата ~ беа искинати. Она бегаше и викаше - раскажува Александра.

Додава дека таксистот тврдел оти ништо не ~ сторил, но дека нејзиниот пријател го истепал. Се прашува зошто таксистот не отишол во полиција да пријави дека е истепан.

- Мислам дека нешто се случило, не знам дали е силувана. Дај боже да не е тоа, а обдукцијата ќе покаже - раскажува мајката.

Александра вели дека утрото кога се разбудиле ништо не навестувало дека ќе се случи нешто лошо.

- Вечерта дома ја смиривме и си легна да спие. Сабајлето кога стана беше расположена и рече дека ќе оди до кај баба си, мојата мајка, која живее во другиот влез. Најгоре на зградата има балкон на кој секогаш си седевме заедно и се одморавме. Од тој балкон мојата ќерка скокна во смрт - тврди мајката додавајќи „за с` е виновно музичкото училиште“.

Александра ни кажа дека нејзината ќерка три години се лечела од депресија.

- Цели три години ќерка ми се лечеше од депресија и анксиозност. Има една година како што беше излечена. Ќерка ми уште од малечка беше повлечена. Бидејќи беше многу музикална, ја запишав во средното музичко училиште, но таму доживеа психички малтретирања од професорите и соучениците. Една од професорките дури и кажа дека не знае да пее и да го оперира гласот или да да се отпише од училиштето. Постојано ме прашуваше зошто ~ го прават тоа. Поради овие малтретирања Стефани падна во депресија - вели мајката.

Сонувала да студира џез во САД

Дваесетгодишната Стефани беше пронајдена мртва пред зградата во која живеела на улицата Руди Чајевац во Аеродром. Стефани в понеделник требало да ја земе визата за САД и наскоро да замине да работи на брод, а посакувала таму да студира џез.

Таксистот пријавил дека бил истепан

Таксистот Ј.С. (53) од Скопје завчера во 15.30 часот пријавил дека утрото околу 4.30 часот на улицата Kоста Новаковиќ во Аеродром додека симнувал патник од своето такси-возило бил нападнат од А.З. (39) од Скопје.

Според пријавата, таксистот бил удиран со боксови и клоци по главата и телото од кои му се нанесени видливи повреди во вид на модринки и отоци, исеченица на левата аркада и на задниот дел од главата.

По нападот, насилникот побегнал со автомобил „опел“. Таксистот во полициска станица негирал дека ја силувал девојката.

Даниела Вељановска

#



Останати вести
Пукале за да запрат Грк што со автомобил прегазил полицаец кај Подмоле
Жена прегазена со камион на „Македонски шуми“
Роднините на убиените полицајци бараат отштета од обвинетите

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести