период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Омнибус
Датум: 12.06.2017, 19:15

Kога разговарате со себе, не сте луди, туку си помагате, тврди науката

 

Ако разговарате сами со себе, не само што не сте луди, туку и си правите услуга, пишува „Њујорк тајмс“. Научниците докажаа дека малата доза таков разговор позитивно влијае на нашето размислување и однесување.

- Kога разговараме сами со себе, нештата инстантно ги согледуваме на пообјективен начин. Но битно е и како разговараме и дали користиме мотивациски или инструкциски говор и во кое лице си се обраќаме – објаснува Итан Kрос, професор по психологија на Универзитетот Мичиген.

На пример, кошаркарите побрзо ја додаваат топката кога на глас се мотивираат, покажало едно истражување, а, според друго, луѓето што разговарале сами со себе, но во себе, а не гласно, чувствувале помала анксиозност кога си се обраќале во второ или во трето лице: „ти можеш“ или „Иван може“ отколку во прво лице „можам јас“. Поентата е во принципот на самодистанцирање, а Kрос наведува пример за вообичаена ситуација за да долови за што точно станува збор. 

- Сетете се на времето кога со пријател или со саканата личност сте разговарале за некој проблем. Kако аутсајдер би било релативно лесно да ги посветувате за тој проблем. Една од клучните причини е што не сме толку вовлечени во тие проблеми и можеме јасно да размислуваме бидејќи имаме дистанца од искуството - вели Kрос.

Значи ако си се обраќаме во второ или во трето лице наместо во прво, тоа ни помага ситуацијата да ја согледаме од логична, објективна перспектива и да се одвоиме од емоционалната, пристрасна компонента.

Инструкцискиот разговор со себе може да да ги зголеми когнитивните способности при извршувањето на обврските. Kваката е во т.н. хипотеза на фидбек или повратна информација, што е поткрепено со истражување. На испитаниците им дале задача да ја најдат фотографијата на банана помеѓу 20 други слики. Оние што на глас рекле банана пред да почнат да бараат биле и побрзи и поточни.

Мотивациската „чашка“ разговор е најдобра во задачите што бараат брзина и сила, на пример во спортот, а инструкцијата кога е потребен фокус, стратегија и техника, на пример, при склопување мебел.

#



Останати вести
Растенијата имаат мозок што им го води животниот циклус

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Narkomani, 12.06.2017 23:08:54
Ne da ste ludi nego odneseni.
drage, 13.06.2017 02:18:03
...ako go slushate njujork tajm ,otidovte vo propast...demek naukata velela.....chija nauka ,demonskata li ?...ne se vodi dijalog sam so sebe . Se shto ve machi treba pred boga da go ispovedate, preku nashite svestenosluzhiteli koi se nadlezhni za toa. Vo sprotivno vodenje dijalog sam so sebe mozhe da ve vovede vo vrzino kolo od koe teshko se izleguva bez Bozhja pomosh.I ne primajte zdravo za gotovo se shto kje vi kazhe taka narechenata nauka(demonskata ).Edinstvena nauka e Bozjata Hristovata nauka, se drugo mozham slobodno da kazham deka e zabluda i izmama i lugjeto gi pravi kako onoj glusec shto trcha vo trkalo.
Најнови вести