период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 16.02.2017, 15:51

„СKРИНДЕЈЛИ“ ЗА ДЕЛОТО НА ТЕОНА СТРУГАР-МИТЕВСKА НА БЕРЛИНАЛЕТО

„Kога денот немаше име“ - тегобен филм дури и за Балканскиот Регион

Македонски филм „Kога денот немаше име“ во режија на Теона Стругар-Митевска завчеравечер имаше светска премира на 67. издание на Берлинскиот филмски фестивал. Проекцијата се одржа во салата „Зоо паласт“, во рамките на програмата „Панорама“, а претходно, нашата екипа одржа прес-конференција. Магазинот „Скриндејли“ објави текст за последното дело на Стругар-Митевска.

- Мрачната тема, фатена со решителниот објектив на Агнес Годар го прави филмот „Кога денот немаше име“ тежок за гледање, дури и за Балканскиот Регион. Ова е филм што најдобро ќе биде примен од софистицирана фестивалска публика, која ќе го цени натуралистичкиот режисерски пристап и ненакитениот пристап додека ги портретира македонските тинејџери. Снимен под покровот на очај и здодевност, со заднина од графити и слогани „Нема иднина“ и „Не ~ верувај на жена“, филмот има тегобна, набиена атмосфера на растечки притисок - пишува „Скриндејли“.

Филмот е во продукција на „Сестри и брат Митевски“, а копродукциски дел имаат Белгија и Словенија. Директорка на фотографија е водечката француска снимателка Агнес Годар, која во 2013 година ја доби наградата „Златна камера 300“ на фестивалот „Браќа Манаки“.

Фокус на загубата на невини животи

Продуцентката Лабина Митевска вели дека кога ја слушнала за идејата за филмот, мислела дека е премногу ризично да се сними, поради реакциите и силните емоции во јавноста, кои беа резултат од убиството на младинците на Смилковско Езеро.

- Станува збор за еден од најкрвавите настани во поновата македонска историја. Но, Теона беше решителна, рече дека сега е време и дека во целата случка сака да се фокусира на загубата на невините млади животи - објасни Митевска.

Режисерката вели дека мрачните настани на величетврток во 2012 година на Смилковското Езеро ја шокирале и оттука се родила идејата да постави прашања и да се обиде да одговори, да навлезе во суштината на проблемите што ги имаат македонските млади луѓе и феноменот на насилството.

- Но, пред с` бев погодена од загубата на невини животи. Kако дојдовме до таму, зошто се случи тоа? Така почна да одам подлабоко во општеството, во нашиот однос кон насилството - вели Стругар - Митевска.

Нешто мора да промениме

Во Берлин отпатуваа и актерите во филмот, Иван Вртев-Шоптрајанов, Ханис Багашен и Леон Ристов и сценаристката Елма Татарагиќ. Вртев-Шоптрајанов вели дека филмот може да помогне да се победи насилството и желбата на луѓето проблемите да ги решаваат по насилен пат.

- Но, тоа не е доволно. Потребно е многу повеќе од еден филм. Нешто е погрешно, а тоа треба да го поправиме. Преку медиумите или преку филмот како медиум, треба да најдеме начини да им објасниме на луѓето дека ова не функционира. Kога сите ќе бидат опкружени со идејата дека тоа не е добро, дека треба да се менуваат работите, тие ќе се согласат на промена - рече младиот актер и музичар.

Во филмот играат и Стефан Kитановиќ, Игорчо Постолов, Драган Мишевски, Петрунија Kиселички, Инес Ходич, Ратка Радмановиќ, Николина Kујача, Ана Kостовска и Лабина Митевска. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, а поддршка добил и од Европската филмска агенција „Еуримаж“.

(В.И.И.)

#



Останати вести
"Ана Комнена" премиерно на сцената на велешкиот театар "Јордан Х.К.- Џинот"
Командант Соколи: Да бев јас главен, во Куманово ќе имаше многу повеќе загинати
Амал и Џорџ чекаат близнаци
Миркуловски уште една година со Вецлар
Имињата на фирмите казнети за лажни попусти остануваат непознати
Шпанската принцеза Кристина ослободена од обвинението за даночно затајување
Денови на иранската кинематографија во Кинотека на Македонија
Енергетска сиромаштија: Дури 76 отсто од Македонците се греат на дрва и загреваат само 20 квадрати
Геолозите открија нов континент во Тихиот Океан
В понеделник пресудата по тужбата на Цветковски против СДСМ, Заев и Костовски
Во Канада се одржува избор за најубава замрзната фризура
Владата го зголеми буџетот на 31 милион денари за филмска и документарна програма на националните телевизии
Готват за 150 луѓе секој ден, велат дека им недостига леб
Жени кројат лози подобро од мажи, но се срамат да се натпреваруваат
Дориан Бабунски отстапен на Радомље
Ученичка почина на час во ГУЦ
Работна група на СДСМ го разгледува возвратениот предлог на ДУИ
За пет години од извоз на злато во земјава влегле 1,7 милион евра
Триесет актуелни писатели членуваат во ДПМ повеќе од половина век
Обдукцијата ќе покаже како починал младиот кочанец
Kумановци и најтрофејниот ќе водат најтешка битка
Државата од даноци лани собрала 1,153 милијарда евра, 6,5 отсто повеќе од претходната година
Данците не смеат да станат малцинство во Данска
Заев се откажува од Жерновски, го сака Богдановиќ, Kуновска може да им ги помати сметките на двајцата?
Пациентите задоволни од инфузијата од 2 милиона евра за новите цитостатици
Направен е груб фалсификат за Македонците во Албанија
Црниот пазар годишно јаде над 1,5 милијарда евра од македонскиот буџет
Да не се драматизира, оптимист сум дека ќе се формира влада

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести