период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 20.04.2017, 22:10

ДУИ ТВРДИ, СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ ДЕМАНТИРААТ

Нема тет-а-тет средби меѓу Заев и Груевски

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети тврди дека лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев на тет-а-тет средби бараат излез од институционалната криза. Од ДУИ информираат дека веќе имало неколку директни средби меѓу двајцата лидери на кои на маса биле можните опции за излез од ситуацијата.



Наспроти информациите од интегративците и од двете партии демантираат дека нивните лидери, Груевски и Заев имале средби во изминатиов период.

- Имаме информации дека во континуитет двајцата лидери на македонските партии имаат контакти. И затоа отворено велиме, не зад сцена, дека има момент на решавање на проблемот. До пред извесно време бевме уверени дека можеби и на СДСМ му одговара оваа ситуација. СДСМ не беше подготвен да оди на локални избори. Ние не сме набљудувачи во политиката, ДУИ е креатор на политиката во Македонија и ние намирисуваме с` што се случува околу - вели пратеникот на ДУИ, Реџаил Исмаили за телевизија на албански јазик.

Тој како важен детаљ и поткрепа на тврдењето дека има средби меѓу Груевски и Заев наведува дека ДУИ во минатата среда побарале координација кај претседавачот на седницата, Трајко Вељановски, координаторите на парламентарните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ да се сретнат и по Велигден да најдат решение за проблемот.

-Тие не се сретнале, бидејќи како што изгледа тоа не им одговарало. Повторувам имаме информации дека сепак Зоран Заев и Никола Груевски имаат директни средби - вели Исмаили.

Тој додава дека средбите меѓу Груевски и Заев повеќе ги гледаат во насока на придонес кон решение отколку како сомнеж дека се прави нешто зад грбот на лидерите на партиите на Албанците.

- Сега е јасно дека пропадна целиот систем, дека ништо не функционира. Kонтактите и средбите меѓу двајцата лидери повеќе ги гледаме како процес за надминување на кризата. Додека на СДСМ му одговараше, беа во таква ситуација како што беше, но бидејќи сега нема рокови за локалните избори изгледа ќе се забрза процесот на конституирање на парламентот - констатира Исмаили.

Од ДУИ брифираат дека последната изјава на лидерот на ДУИ дека решението за излез од кризата е кај македонските партии е потврда дека Ахмети знае за средбите и контактите меѓу Заев и Груевски и ги охрабрува во насока што поскоро да најдат решение за институционалната блокада.

-Kога Ахмети при последната изјава рече дека ДУИ го изоде својот дел од патот за формирање ново парламентарно мнозинство и новата влада и сега е време да рефлектираат двете поголеми македонски партии го имаше предвид и фактот дека Заев и Груевски имаат средби и дека треба што побрзо да се изнајде решение да се формира новата влада. Изјавата на Ахмети е заснована токму на фактот дека лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ веќе разговараат - вели за „Дневник“ висок функционер на ДУИ.

Од партијата на Ахмети велат дека според нивни информации веќе неколку дена се одржуваат лидерски средби помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и оти ДУИ тоа го охрабрува.

-Се надеваме дека ќе има плод од овие разговори за кои ние имаме информации дека се одржуваат и дека наскоро ќе се одблокира Собранието и ќе се избере новата влада - велат од ДУИ.

Од СДСМ негираат дека имало средби меѓу Заев и Груевски.

- Не е точно. Средби има меѓу Оливер Спасовски и Илија Димовски речиси секој ден на координација во Собранието. Но, од таквите средби и разговори нема никаков резултат - вели висок функционер на СДСМ.

И од ВМРО-ДПМНЕ демантираат дека имало контакти и средби меѓу Груевски и Заев.

Ахмети ги охрабрува Груевски и Заев да го деблокираат Собранието

Ахмети и вчера по средбата со францускиот амбасадор Kристијан Тимониер од Мала Речица ги охрабри Груевски и Заев да најдат излез од институционалната криза.

-Ахмети елаборира за сите конструктивни чекори за излез од кризата што ги презеде ДУИ во согласност со очекувањата на граѓаните и очекувањата на меѓународната заедница. ДУИ даде поддршка на реформското парламентарно мнозинство за да се формира нова влада. Ахмети го информира амбасадорот Тимониер дека ДУИ продолжи со преземање дополнителни напори за решение и ги поканува, особено двете македонски политички партии да се вклучат без одлагање, и да се најде решение за остварување на очекувањата на граѓаните за мир, стабилност и безбедност - велат од кабинетот на Ахмети.

Мариела Трајковска

#



Останати вести
Сорос оди кај Јункер
„Џудишал воч“ ги даде на суд Бејли и УСАИД
(ВИДЕО+ФОТО) Изгореа напуштени бараки во Карпош
Изјавите на Рама не се во прилог на добрососедството
Агентот Тесла ќе лета за Вашингтон како личен багаж на Бејли
Со парите на УСАИД се финансира и смената на неподобни новинари во „Макфакс“
Голема Албанија значи балканска војна, ако Брисел молчи - ќе биде одговорен
Да не се посегнува по глупости во Собранието
Двајца полицајци убиени во центарот на Париз
Јавна седница за „Монструм“ во текот на мај
СДСМ се воздржува од реплики, остануваат уште 40 пратеници за збор
Телевизии упаднаа и снимаа во службените простории на МПМ
Неколкумесечната работа веќе дава резултати

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
GOCE SHESHKO, 20.04.2017 23:25:13
Lisica Axmeti, ovaj covek pred se e Terorist, Axmeti rabotese dolgi godini da dojdi do ovaa Tiranska platforma. Go izigra Nikola Gruevski, zatoa VMRO izgubi tolku pratenici, samo so lagite na Axmeti. Isto ke se sluci i so Zaev ke go natera da se samoubie. Nie Makedoncite da ne popustame, novi i cisti Izbori bez mesanje odnadvor bez EU i USA. Zatoa moi Makedonci da im se pridruzime na Liderite za Zaednicka Makedonija POMASOVNO. Mora da se dojdi do krajot na tunelot, na nekoj nacin da se vidi videloto na tunelot. Nie nemame poveke shto da izgubime, nasata Tatkovina e vo prasanje. MOI MILI MAKEDONCI, izlezete od vasiot zimski son za odbrana na Tatkovinata. Ni SDSM ni VMRO mozat da ja spasat Takovinata, samo MAKEDONSKIOT NAROD MOZI DA GO NAPRAVI TOA.
Ag`r, 20.04.2017 23:36:18
Ahmeti go informiral ambasadoro Timonier? Zosto Ahmeti obrabotuva za tugji dvorovi da ne traze dozivotna rabotna viza? Sorosoidna mama
Нема повеќе трт-мрт средби, 21.04.2017 00:00:45
Единствено дозволени средби се тие со народот - на избори, па таму излагајте ги и образлагајте ги вашите ставови, програми и/или платформи.
domino, 21.04.2017 09:23:38
Sramota e za SDSM i VMRO-DPMNE sto ja dovedoa Makedonija na vakvo deredze!A da Ismaili od DUI veli deka tie se kreatori na politikata vo Makedonija so 10 pratenici.Resenie za se ima i za ovaa ima no vo sustina problemot e sto ovaa garnitura na VMRO-DPMNE od centralno do lokalno nivo e kriminalna banda,a SDSM e kvinsliska i antidrzavna i antinacionalna odnarodena partija.Ako SDSM saka da formira vlada neka si gi vrati 12 pratenici koi se vo VMRO-DPMNE a koi bea vo SDSM i ke ima mnozinstvo i ke nema tiranska ili bilo kakva platforma.
m, 21.04.2017 09:46:59
Pravete shto pravete, no ne na shteta na makedonskiot narod i Ustav. Najdobro i najednostavne se novi izbori.
Најнови вести