период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 17.02.2017, 15:54

"Ана Комнена" премиерно на сцената на велешкиот театар "Јордан Х.К.- Џинот"


На сцената на Народниот театар "Јордан Х.К.-Џинот" во Велес вечерва премиерно ќе биде изведена претставата "Ана Комнена" од Сашо Димоски, во режија на Ненад Витанов и Васил Зафирчев.

Претставата "Ана Комнена" е праизведба на истоимениот драмски текст на Сашо Димоски, второрангиран на конкурсот за драмски текст за отворање на новата театарска зграда.



Претставата е последна, четврта премиера од минатогодишната програма на театарот, поддржана од Министерството за култура, со која велешкиот Театар ќе ја отвори новата театарска сезона за 2017 година.

Како што појасни за медиумите Васил Зафирчев уметнички директор на велешкиот театар и еден од двајцата режисери, "Ана Комнена" не е историска драма ниту драма на историјата, туку современ драмски прочит.
- Претставата го преиспитува историскиот контекст и феноменот на власта, но и сите политички, социолошки, културолошки и уметнички референци на Византија како империја во нивните универзални значења и вредности, потенцира Зафирчев.

Сашо Димоски авторот на текстот информира дека претставата е градена на три основни концепти.
- Тие се родовото устројство на светот, позицијата на жената во власта и преиспитување на концептот верба, позицијата на Бог, прочитана од сите можни перспективи што го засегаат човековото битие. Сите три концепти се особено сериозни, затоа што на нив почива цивилизацијата, потенцира Димоски.



Режисерот Ненад Витанов појасни дека претставата ја третира личната драма на византиската принцеза Ана Комнена која иако легитимен престолонаследник на византискиот престол, не успева да застане на чело на империјата само затоа што е жена.



- И во денешно време постојат сегрегирањата по основа на пол и затоа е интересна животната приказна на Ана Комнена. Покрај перипетиите што и се случуваат во борбата за престолот, нејзиниот прогон, на крајот сепак таа успева да извојува морална победа, од која произлегува главната поента на претставата, дека човекот не го прави позицијата општеството, туку душата и срцето,потенцира Витанов.



Насловната улога во претставата ја толкува актерката Кети Борисовска. Ана Комнена е најголемиот воин во борбата за добивање на нештата со право што следува по природен пат, а нејзиното најсилно оружје е тоа што е апсолутна жена.

Покрај Борисовска, во претставата настапува речиси целиот ансамбл на театарот: Васил Зафирчев, Јордан Витанов, Весна Димитровска Бобевски, Зорица Панчиќ, Жарко Спасовски, Александар Велјановски, Самоил Стојановски, Фаик Мефаилоски, Талија Настова, Маја Љутков, Александар Ѓеоргиев, Кирил Гравчев, Марија Стефановска, како и студентите од Факултетот за аудио-визуелни уметности "ЕСРА" Даријан Петровски, Андреј Серафимовски и Румена Шопова.



Сценографијта е на Валентин Светозарев, костимографијата на Раде Василев, авторската музика на Сашко Костов, а видео-дизајнот на Данчо Стефков.



#



Останати вести
Командант Соколи: Да бев јас главен, во Куманово ќе имаше многу повеќе загинати
Амал и Џорџ чекаат близнаци
Миркуловски уште една година со Вецлар
Имињата на фирмите казнети за лажни попусти остануваат непознати
Шпанската принцеза Кристина ослободена од обвинението за даночно затајување
Денови на иранската кинематографија во Кинотека на Македонија
Енергетска сиромаштија: Дури 76 отсто од Македонците се греат на дрва и загреваат само 20 квадрати
Геолозите открија нов континент во Тихиот Океан
В понеделник пресудата по тужбата на Цветковски против СДСМ, Заев и Костовски
Во Канада се одржува избор за најубава замрзната фризура
Владата го зголеми буџетот на 31 милион денари за филмска и документарна програма на националните телевизии
Готват за 150 луѓе секој ден, велат дека им недостига леб
Жени кројат лози подобро од мажи, но се срамат да се натпреваруваат
Дориан Бабунски отстапен на Радомље
Ученичка почина на час во ГУЦ
Работна група на СДСМ го разгледува возвратениот предлог на ДУИ
За пет години од извоз на злато во земјава влегле 1,7 милион евра
Триесет актуелни писатели членуваат во ДПМ повеќе од половина век
Обдукцијата ќе покаже како починал младиот кочанец
Kумановци и најтрофејниот ќе водат најтешка битка
Државата од даноци лани собрала 1,153 милијарда евра, 6,5 отсто повеќе од претходната година
Данците не смеат да станат малцинство во Данска
Заев се откажува од Жерновски, го сака Богдановиќ, Kуновска може да им ги помати сметките на двајцата?
Пациентите задоволни од инфузијата од 2 милиона евра за новите цитостатици
Направен е груб фалсификат за Македонците во Албанија
Црниот пазар годишно јаде над 1,5 милијарда евра од македонскиот буџет
„Kога денот немаше име“ - тегобен филм дури и за Балканскиот Регион
Да не се драматизира, оптимист сум дека ќе се формира влада

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести