период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Актуелно
Датум: 12.06.2017, 18:12

Столтенберг : Ако Атина се согласи да влезете со ПЈРМ, повелете во НАТО

Доколку Грција прифати влез на Македонија во НАТО под привремената референца, НАТО нема да има ништо против,
рече на заедничката прес конференција генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг по средбата со премиерот Зоран Заев.

“Она што го рековме на сите самити од 2008 година е дека е потребно заеднички прифатливо решение во рамките на НАТО. Ние не прецизиравме какво решение. Она што е важно е да биде заеднички прифатливо и прифатено од Грција и поранешната југословенска Република Македонија. И тогаш ќе можеме да тргнеме напред. Но не е до мене да диктирам какво треба да биде решението,туку заеднички прифатливо решение во рамките на
Обединетите Нации”, изјави Столтенберг .

Тој посочи дека ,,Скопје “ е важен партнер на НАТО и му се заблагодари на премиерот Заев за придонесот што го даваат нашите мировници во мисијата во Авганистан .

Столтенберг рече и дека НАТО ќе продолжи да го поддржува ,,Скопје “ во неговите евроатланстски интеграци,
вклучително и кон полноправното членство во НАТО .

#



Останати вести
Граѓаните од јули ќе плаќаат пониски казнени камати на сметките и на денарските кредити
Алијансата за Албанците ги именуваше замениците-министри
Преговорите за Брегзит почнуваат наредната недела

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
praveden, 12.06.2017 22:45:54
Ako Atina se soglasi da se zachlenite pod referencata NATO nema da ima problem so toa taka reche Stoltenbrg. Ako se soglasila Atina, Megunarodniot sud na pravdata vo HAG kristalno jasno presudi, Grcija nema pravo da ja blokira Republika Makedonija da se zachlenuva vo Megunarodni organizacii pod referencata.Gospodine Stoltenberg ako si Demokrat ako go pochituvate Megunarodnoto Pravo ako se drzite i go pochituvate vladeenjeto na Pravoto vakva glupost ne bi kazale no shto moze da se ochekua od zabegani luge kako vas plus toa so seta zabeganost ja vrshete najodgovornata funkcija Generalen Sekretar na NATO, kakva beda kakov sram Stoltenberg Grcija ja izdigna nad Obedinetite Nacii, Stoltenberg ja izdigna Grcija nad Megunarodniot Sud na Pravdata, Sevetot e vo haos kako nema da bide samo poglednete kakvi zabegani luge rakovodat so Svetot.
Најнови вести