период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 19.03.2017, 22:35

АЛЕKСАНДАР НОЈ, ПРАТЕНИK ВО БУНДЕСТАГОТ

Албанците се миленици на Западот оти се подобри вазали

Македонија е под притисок, вели пратеникот на партијата Левица (Линке) во германскиот парламент д-р Александар Ној, кој смета дека ЕУ и западните сили мора да го почитуваат суверенитетот на Република Македонија, која, пак, мора сама да се избори со предизвиците со кои се соочува.

- Да се почитува суверенитетот на една земја значи да не се интервенира во внатрешните работи, а познато е дека и Берлин и Брисел интервенираат во внатрешните работи на Македонија, на Србија, и на Црна Гора- изјави Ној за МИА.

Прашан дали е во ред да се примаат совети од партнерите од организациите каде што сакате да членувате, Ној вели дека совети се прифатливи, но не и притисок.

- Мислам дека Македонија е под притисок. Ајде да зборуваме за Охридскиот договор. Тој е направен поради одредена доза притисок врз македонската Влада за да направи концесии за Албанците. И тој договор, кој е спроведен под притисок од Запад, според моето мислење, не е добар за Македонија - вели пратеникот во Бундестагот, кој по конфликтот на Kосово во 1999 година бил дел од Мисијата на ОБСЕ во Србија и одлично ги познава состојбите во регионот.

Според Ној, кој доаѓа од германската покраина Северна Рајна Вестфалија, Македонија и земјите во регионот ако сакаат да го зачуваат својот суверенитет не треба да даваат никакви ветувања никому туку сами да ги изградат своите држави.

- Никој нема да ви помогне ни финансиски ни економски ако давате ветувања во разни правци кон НАТО или кон Русија. Треба да одите по својот курс како неутрална земја и да побарате сите да ги почитуваат вашата сувереност и вашите интереси - истакнува тој.

Во врска со тиранската платформа Ној вели дека Албанците може да прават што сакаат, а притоа не се на ниеден начин казнети, никогаш не се ставаат под санкции.

- На пример, кога Албанците ќе направат нешто на Kосово или во Јужна Србија тогаш е во ред, тогаш нема критики од Брисел. Но, кога Србите ќе одговорат на тоа веднаш добиваат повик од Брисел со прашање што правите. Исто беше и со Македонија во 2001 година, се сеќавате што се случи, Западот не беше на страната на македонската Влада и македонските граѓани, туку беше на страна на албанските сепаратисти. И с` уште е така - вели Ној.

Според него, причината за тоа е што Албанците се многу поблиски до Западот затоа што се добри вазали за разлика од Македонците и Србите кои се премногу блиски до Русија во културна смисла. Ној вели дека на своите контакти во Србија постојано им укажува дека може да имаат одлични односи со Западот, може да ја дадат и целата земја, но никогаш нема да имаат ист статус како Албанците. Според него, слична е ситуацијата во случајот со Македонија.

Пратеникот Ној во септември на сојузните избори во Германија повторно ќе биде кандидат за пратеник на Левицата, која според последните рејтинзи е трета најсилна политичка партија во Германија.

#



Останати вести
Благодарност до Унгарија за иницијативата да се отфрли и осуди платформата од Тирана
Грција ќе има корист од федерализацијата на Македонија
Хан нема време за средба со организаторите на протестите „За заедничка Македонија“
Западна амбасада го спасува Зијадин Села
БГНЕС: Се расцепува Алијансата на Села
Македонија нема да прифати уцени
Го покануваме Хан пред 100.000 луѓе да ја осуди платформата на Еди Рама
СДСМ не негира дека му понудил на Села да биде претседател на Собранието
ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди документ за излез од политичката криза

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
??, 19.03.2017 22:53:42
Kazete mu go toa na Han, nie go znaeme - zatoa i imame problemi zoshto se polojani na EU i Albania, a ne na Makedonija. Za da ja dokazat lonalnosta za Makedonija ke treba javno da ja orfrlat tiranskata deklaracija/platforma kako preduslov da dobijat odobrenie od Predsedatelot Ivanov. Sekako i popis.
строиник, 20.03.2017 01:35:26
Ех, кога би имале во Македонија ваква левица, тогаш и десницата не би била млитава
Петар Австралија, 20.03.2017 05:43:19
Браво Г.Александар Ној и вие сте еден од малкуте Германцикои ја кажувате вистината па затоа јас ќе ве наречам еден како нас Македонците Александар Македонски.Кажетему на тие од вашата ЕУ нека не остават на мира ние да си ја уредуваме Македонија.Нас не ни требаат лигуши како Е.бирократи.
antifasist, 20.03.2017 07:49:51
Ako imame ista religija, slicen jazik, kulturoloska slicnost, i ako ja isklucime genetskata slicnost ako voopsto ja ima, ne mozam da sfatam zosto za m......t Zapad sme bile preblisku do Rusija? Zosto ne im smeta sto Hrvatite ili Slovencite pa i Albancite se premnogu blicki do niv?
parsec furlong, 20.03.2017 08:48:29
Што порано се ослободиме од илузиите, порано ќе најдеме лек за болестите. Ако се самозалажуваме, лек ни нема. Убаво ни кажуваат Западњаците, убаво ни кажуваат Учките во нивните комуникате-иња, убаво ни црта Сеља Џигерица што не чека, убаво си реди Заев Црнавеѓа што се ќе им дарувал на Арнавутите - ние ништо не сакаме да поверуваме. Слепи при очи, глуви при уши. Ќе да се разбудиме во некој бегалски камп со мислата од каде сега ова? Разбуди се!
Гомор Галактиковски, 20.03.2017 09:35:55
Оној што мисли - ќе бидам добар, ќе ја слушам Европа и НАТО, ќе работам вредно, па ќе ме засакаат, тој се лаже и себе и народот. Од Букурешт 1913 година наваму, Македонија не е предвидена да биде независна држава, а Македонците не се предвидени да бидат народ во листата на народите. И толку. Треба да се свртиме онаму каде што не признаваат за народ, каде што нема да ни го оспоруваат суверенитетот и каде што навистина ќе не остават на раат да си ја стокмиме државата по нашински. Не по туѓ терк и за туѓи, арнаутски ќефови.
Најнови вести