период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусОтворенаСценаАктуелноВо фокусот Здравје
Економија
Датум: 17.11.2013, 17:42

ВЛАДАТА ЌЕ ДАВА СТАН И АВТОМОБИЛИ ЗА СОБРАНИ ФИСKАЛНИ СМЕТKИ

„Фискална во рака - награда без мака“

Со наградна игра и подигање на јавната свест кај граѓаните, Владата ќе ја зајакнува фискализацијата. Со собирање 20 фискални сметки од кој било износ, граѓаните ќе може да учествуваат во наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“. Главна награда е стан и дуќан, а секои 45 дена ќе се доделува автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт-телефони, ЛЦД-телевизори,... Извлекувањето ќе биде во девет кола, а првото почнува на 30 декември.

- Очекуваме да се мотивираат и заинтересираат граѓаните за добивање фискални сметки секаде каде што пазарат и добиваат услуги, да соберат 20 фискални сметки и да ги стават во плик. Граѓаните може да учествуваат неограничен број пати во наградната игра. Наградниот фонд содржи еден стан и еден дуќан, кои ќе бидат распределени на крајот од наградната игра и ќе учествуваат учесниците од сите кола- најави вчера вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Приредувач на наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“, како што информира Ставрески, ќе биде Државната лотарија на Република Македонија, под покровителство на Министерството за финансии.

Со измени на Законот за регистрирањето на готовинските плаќања, Ставрески истакна дека даночните обврзници, што се корисници на услугата, во моментот на издавање на услугата немаат обврска да ја платат услугата ако не им биде издадена фискална сметка.

- Во согласност со истиот закон граѓанинот има обврска да ја чува фискалната сметка најмалку 15 метри од местото каде што се врши трансакцијата, за доколку УЈП изврши контрола, да може да се констатира дали е или не е издадена фискалната сметка - вели Ставрески.

Со најавените измени на Законот за даночната постапка, според него, се предвидува објавување листа на должници, на доспеани и неплатени долгови по основа на данок на додадената вредност, данок на добивката, персонален данок на доходот, придонеси од задолжително социјално осигурување, како и акцизи и царини.

- Сите должници што подолго од 90 дена нема да ги платат јавните давачки ќе бидат објавени јавно на листа на веб-страницата на Управата за јавни приходи, каде што ќе биде објавено името и презимето на должникот или називот на фирмата и други податоци што се однесуваат на должникот, како и вкупниот износ на долгот - појасни Ставрески.

На листата ќе се најдат физичките лица што нема да го платат долгот повисок од 120.00 денари во предвидениот рок и правните лица со долг над 300.000 денари, кој не е платен повеќе од 90 дена. Предвидено е 15 дена пред објавување на листата секој од должниците кој не платил подолго од 90 дена да добие опомена од УЈП и можност ако плати, да не биде објавен на листата.

- Целта на измените е да се намали даночната евазија, да се спречи или намали нелојалната конкуренција, односно да создадеме поздрава конкуренција меѓу субјектите во стопанството и да се зголеми свеста кај сите за издавање и добивање фискални сметки, нагласи вицепремиерот и министер за финансии Ставрески.

#



Останати вести
Романците немаат доверба во банките
Туристите с` уште го заобиколуваат Египет
Граѓаните ќе може да си ги проверуваат броилата за парно и за вода
Гасификацијата на Скопје ќе чини повеќе од 100 милиони евра

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
идеја !!!!, 18.11.2013 03:27:50
НИКОЛА и другарчињата , можеби нема да не внесат во ЈУРОП во блиска иднина , ама затоа веќе не внесоа во ... ГИНИС-овата книга на рекорди !!! Што среќна држава ќе бевме ... па ова бре луџе и нелуџе го нема ни во Новозеландија !!! А што се однесува до прекрстувањето , чинам дека најповеќе ќе ни одговара името ..... РЕПУБЛИКА СРЕЌНА МАКЕДОНИЈА - REPUBLIC HAPPY MACEDONIA !!!!!
mili(ci)oner, 18.11.2013 09:26:06
Nresakam stan ,ni kola ni bilo sh6to.sakam da mi se vratat 500 evra godishno
Graganin, 18.11.2013 09:51:48
Covek dal da place dal da sme smee ?!
p, 18.11.2013 12:24:42
Ja imate li slusano pesnata: dal da placam il se smeam.
Најнови вести
 
-->