период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Актуелно
Датум: 16.02.2017, 15:53

СИВАТА ЕKОНОМИЈА ГИ ЧИНИ ВЛАДИТЕ ВО СВЕТОТ БИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО

Црниот пазар годишно јаде над 1,5 милијарда евра од македонскиот буџет

Сивата економија во земјава годишно јаде минимум 1,5 милијарда евра од македонскиот буџет, пари кои наместо во државната каса завршуваат во нечии џебови. Иако ова се тешко мерливи податоци и с` уште нема некоја официјална државна бројка колку од македонската економија опфаќаат овие нелегални активности, сепак неофицијално се калкулира дека ако претходно изнесувала 50 отсто од БДП, изминатите години овие активности се сведени на 20 отсто. Но тоа не е дефинитивена бројка бидејќи ниедна државна институција не мери, а и во светски рамки ова е тешко мерлива категорија. Сепак, според новото истражување на Institute for Applied Economic Research при Универзитетот во Тубинген од Германија, меѓу истражуваните земји лидер во сивата економија е Грција, каде што се проценува на просечно 21,5 отсто од БДП.

Без разлика дали станува збор за непријавен работник кој работи на диво, електричар кој прима пари на рака, тезгаџија, мајстор, водоинсталатер, непријавена бебиситерка или ноќни дами и дилери на дрога, сивата економија ја има на секој чекор околу нас. Владата досега спроведуваше акциони планови за борба против сивата економија во кои покрај засилена работа на терен на инспекциите, се туркаа и кампањи за да се зголеми јавната свест дека овие активности се нелегални и на штета на сечиј џеб.

Институциите без одговори

Истражувањата покажале дека трговијата е лидер во сивата економија, како во делот на неплаќање даноци, така и во делот на непријавени работници. По неа следат индустријата, земјоделството, туризмот и градежништвото. Иако ги прашавме и Министерството за економија и она за труд и социјална политика кои работеа на овие акциони планови за борба против сивата економија, и од двете институции се оградија од одговори. Односно, топката ја префрлаа од едно на друго без конкретен одговор дали има анализа и кои агенди од акцискиот план се исполнето и кои се резултатите од тие мерки.

Експертите, пак, како најголем поддржувач на сивата економија го посочуваат приватниот сектор преку некомплетно пријавување на приходите и на даноците, непресметување минат труд, неисплаќање на додатокот за прекувремена работа, избегнување исплата на минимална плата, како и избегнување плаќање придонеси на целата плата.

Грција - лидер

Според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), силно регулираните економии со слаба администрација имаат тенденција да имаат и добро воспоставени сиви економии. Ова се случува многу ретко во земји со силни, добро регулирани и ефикасни државни институции. Денес сивата економија цути во Јужна Европа, иако обемот на активноста не може да биде измерен директно.

Според новото истражување објавено од Institute for Applied Economic Research при Универзитетот во Тубинген, во Европа лидер во сивата економија е Грција каде што се проценува на просечно 21,5 отсто од БДП. Втора на листата е Италија со 19,8 отсто, а по неа Шпанија со 17,2 отсто од БДП. Во Норвешка таа се проценува на 12,2 отсто, а во Германија 10,4 отсто. Во Kанада, Австралија, Велика Британија процентот се движи од 9,8 до 9,4 отсто, па следува Јапонија со 8,6 отсто. На дното на листата се Швајцарија со 6 отсто, а во САД ненајавени трансакции со кеш очигледно се поретки и според истражувањето сивата економска активност таму е 5,4 отсто од БДП на земјата.

Обично класифицирана како правни и физички лица, ангажирани во несоодветни практики без да почитуваат одредени законски обврски, како плаќање даноци или одржување прифатливи стандарди на вработување, сивата економија ги чини владите во светот билиони долари годишно.

Александра Филиповска

#



Останати вести
Имињата на фирмите казнети за лажни попусти остануваат непознати
Енергетска сиромаштија: Дури 76 отсто од Македонците се греат на дрва и загреваат само 20 квадрати
Готват за 150 луѓе секој ден, велат дека им недостига леб
Жени кројат лози подобро од мажи, но се срамат да се натпреваруваат
Државата од даноци лани собрала 1,153 милијарда евра, 6,5 отсто повеќе од претходната година
За пет години од извоз на злато во земјава влегле 1,7 милион евра
Данците не смеат да станат малцинство во Данска

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Трпе, 16.02.2017 20:15:52
Napisete kolku iskrkaa od DRPMNE, ako imate m*uda. barem sega ste oslobodeni
Најнови вести