период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 18.05.2017, 18:26

Груевски: Доколку Заев мрдне од гаранциите, ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира жестоко

Добро е што со здружени напори, напори на граѓаните што секојдневно 70-80 дена протестираа, напори на ВМРО-ДПМНЕ и на нашата пратеничка група, напори на претседателот на државата, со здружени напори, успеавме да дојдеме до ситуација кога Зоран Заев беше принуден, ставен во ќош да потпише еден таков документ, како што никој досега кој барал мандат од претседателот, ниту имало потреба ниту се помислувало да има потреба да го потпише, но имајќи ги предвид неговите ставови и ветувања, се покажа како неопходно. Ова вчера го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, коментирајќи го потпишувањето на гаранциите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кај претседателот Ѓорге Иванов за доделување на мандатот за формирање влада.

- Со потпишувањето се гарантира дека нема во иднина да се наруши унитарноста на државата и тоа е одлично, тоа е многу добро затоа што тоа и беше главната цел, да се спречи разградување на унитарноста на Република Македонија, нешто што го гледавме од изјавите и на самиот Заев и во Сараево и во други негови изјави, како и од изјавите на ДУИ, претставниците на ДУИ и на други партии од албанскиот блок, дека беше тргнато во тој правец - изјави Груевски.

Тој напомена и дека македонската јавност добро го познава Зоран Заев, дека не може да му се верува на зборот. Kако што кажа Груевски, ВМРО-ДПМНЕ ќе остане со отворени очи и доколку Заев мрдне од патот за кој има потпишано гаранции, тие ќе реагираат жестоко.

- Второ што е значајно да се каже, е дека, сепак, Зоран Заев македонската јавност добро го познава и сите ние знаеме дека претпладне знае да каже едно, попладне друго. На едно место да вети едно, на друго нешто трето. Треба да останеме со отворени очи и доколку измрда, тргне кон друг пат, поинаков од оној за кој вчера даде гаранции и ветувања, ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира жестоко во склад на демократските можности и ќе се спротивстави, а верувам дека тоа и сите други ќе го направат тоа така што заклучокот е дека е одлично што дојде во ситуација да мора да го потпише ова и да го прочита пред сите граѓани, а исто така важно е да продолжиме да ја следиме ситуација за да не дојде до застранување повторно од овој правец - изјави Груевски.

#



Останати вести
Диогарди: Во Македонија по една третина се Албанци, Бугари и македонски Словени
Хојт Ји не се консултирал со својот шеф Тилерсон за Македонија
Иванов не отстапува од кажаното - Алтхаузер шири лажни вести
Тиранската платформа е жива и ќе биде дел од владината програма

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
RAZOCARAN VMRO-VEC, 19.05.2017 02:42:46
TRBASE DO SEGA DA SI DADES OSTAVKA OD SITE PARTISKI FUNKCIJI I DA ODGOVARAS ZA ZLODELATA STO GI NAPRAVI NA MAKEDONSKITE GRAGANI I NA STARITE VMROVCI KAKO NA HEROJOT I BRANITEL LJUBE BOSKOVSKI,A LIDER NA OBEDINETO VMRO DA BIDE LJUBE BOSKOVSKJI I BRATUCED TI PROFITEROT KOJ GO NAMESTI DA ZAVRSI NA NEGOVO MESTO KADE BESE TOJ CELI DESET GODINI ZA NISTO A OVOJ TVOJ BRATUCED ZA GRABEZOT NA MAJEDONIJA I DOZIVOTNO CE MU E MALKU KAZNA.
RAZOCARAN VMRO-VEC, 19.05.2017 04:58:18
OSTAVKA OD SITE PARTISKI FUNKCIJI I PRED MEGUNARODEN SUD ZA OGRABUVANJE NA SOPSTVENIOT NAROD OD TEBE I BRATUCEDITE,I VRACANJE SE STO E UKRADENO NA NARODOT.
Ha ha ha ha, 19.05.2017 07:07:47
I koga bevte Vlast mnogu zestoko reagiravte, prazni moabeti. P R E D A V N I C I Najgolema zasluga za se sto ja snajde Makedonija i Makedoncite: Gruevski i DPMNE. Da ne bevte toa sto ste, nisto od ova nemase da ni se sluci . . .
ВМРО ќе реагира?, 19.05.2017 09:51:47
Ха,ха,ха,ха,ха,ха.....
Најнови вести