период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 16.02.2017, 12:45

СЕ ЗАKАНУВА ТРГОВСKА ВОЈНА?

Ако продолжат бариерите за македонското вино, Македонија најавува контрамерки за увоз од Хрватска

Македонските власти бараат решение за проблемот што го направи Хрватска за увоз на македонско вино со воведувањето нетарифни бариери. Во моментот се разговара со хрватските власти за надминување на тој проблем. Ако не се најде заеднички јазик, најавуваат воведување контрамерки за хрватските производи.

- Се водат разговори со цел да се надмине проблемот. Воведени се новите одредби од хрватска страна во правилникот за лозарство. Тие се однесуваат за увоз на вино од трети земји, меѓу кои е ставена и Македонија. Дали ќе има или не контрамерки ќе се знае наскоро доколку се покаже дека новата регулатива што ја донесе Хрватска ја попречува трговијата со Македонија - велат во ресорот. Од нивна страна веќе се обратиле до хрватската амбасадорка и хрватското Министерство за земјоделство.

Споменатиот правилник стапи во сила од почетокот на годината. Некои од новите одредби предвидуваат дополнителни нетарифни мерки за увозот на вино од трети земји, во кои Хрватска ја ставила и Македонија. Најспорен е членот кој предвидува пролонгирање на периодот на ставање на увезеното вино во промет. Според него, потребни се минимум 32 дена од моментот на царинење на виното до добивање дозвола за пуштање во промет, со што се зголемуваат трошоците на македонските винарски визби. Новите одредби на хрватскиот правилник предвидуваат неколкукратно зголемување на трошоците за потребни анализи и заштита на животна средина, што доведува до дополнително оптоварување на продажната цена на виното.

Бројките велат дека Хрватска е една од најзначајните извозни дестинации за македонското вино, каде што годишно се извезуваат 17 милиони литри вино во вредност од 11,2 милиони евра. Минатата година дури 26 отсто од македонското вино е извезено во Хрватска. Таа е втора земја зад Србија за увоз на македонско пакувано вино и трета зад Германија и Србија за увоз на наше налевно вино.

(В.А.)

#



Останати вести
Се бришат над 6.500 фирми, нови 4.300 се на ред за згаснување в година
Ученик паднал од прозорец во училиште
И новороденчиња се разболуваат од леукемии и тумори
Поминал 900 километри за половина година
Дејан Манасков се сели во Веспрем
„Металика“ најави нова турнеја
Во пресрет на референдумот, премиерата на филмот "Шеф" за Ердоган
Бобан сакаше сите да нe убие
Гансен Роузис исвиркани во Австралија
Симоновски: МЗТ Скопје ќе се радува на нов трофеј
Шест пратеници и тројца градоначалници од Албанија следни за губење мандат?
За среќа е доволно и денарче
Тајни разузнавачи без докази тврдат дека соработниците на Трамп соработувале со Русите
Со СДСМ договорете консензуално одлучување, наместо да скитате по штабови
Ангел Џамбаски: Смртоносен удар за нацијата измислена во 1945 година
Концерт на Цетински и на Георгиев во „Борис Трајковски“
Колку заработуваат порно ѕвездите
Почна пријавувањето за Женска трка
Преку парното ќе се топли и вода во бојлерите, а ќе може да се вгради и подно греење
Теона Стругар Митевска: „Кога денот немаше име“ е филм против насилството како начин на живот
Милена Дравиќ се враќа на серија
Симон Трпчевски во Европа, Филхармонијата и „Танец“ во Kина
ЈСП ги врати линиите 9 и 19
Пропадна расправата за загадувањето во Кавадарци
Убиено 26-годишно момче во подрум
Хју Џекман повторно боледува од рак
Во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора има Бугари
Младите ја немаат привилегијата да го помнат вкусот на вистинскиот домат
ОРМ бара измена на законот со кој компаниите мора да ангажираат приватни адвокати наместо своја правна служба

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести