период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 18.05.2017, 11:20

KНИЖЕВНА СРЕДБА ВО СПОМЕН-СОБАТА НА АЦО ШОПОВ ВО ШТИП

Силјан и Смилевски со нови книги одбележаа 50 години пријателство и соработка

Педесет години пријателство и творечка соработка во вторникот во Спомен-собата на Ацо Шопов во Домот на културата во Штип одбележаа истакнатите македонски писатели Раде Силјан и Веле Смилевски. Организатор на книжевната средба беше штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“, а на неа беа промовирани и двете најнови поетски книги на Смилевски и на Силјан, „Песната Палимпсест“ и „Устата на јавето“.

Двајцата се родени во Демирхисарско. Другарувањето го почнале како млади во 1967, го продолжиле во Скопје, како писатели, новинари, есеисти, критичари, антологичари, двајцата биле на чело на Друштвото на писателите на Македонија, носители се на повеќе значајни домашни и меѓународни награди и признанија.

- Голема чест е да се промовираат книги, да беседиме, читаме стихови и да одбележиме половина век од нашето пријателство токму во Спомен-собата на нашиот великан Ацо Шопов, во која како да се чувствува неговиот дух. Пријателството и творечката соработка двајцата ја почнавме уште како средношколци и членови во литературниот клуб во Битола. Другарувањето интензивно го продолживме во Скопје низ поетските, писателските, новинарските води. Пред речиси четири децении стартувавме и како асистенти на Факултетот по новинарство - се присетија на петте децении соработка Силјан и Смилевски.

Веле Смилевски на книжевната средба ја промовира обемната книга „Песната Палимпсест“, еден вид избор од неговото творештво што го создавал по 2000 година. Но, како што рече, и со толкувачки текстови, со едно препрочитување, дообјаснување на она што го создавал во таа фаза од неговото творештво

- „Устата на јавето“ е моја 17. поетска книга. Ја работев подолго време и мислам дека претставува еден вид синтеза на моето досегашно поетско творештво. Kнигата кореспондира со ова време. Многу пораки се препознатливи и за судбината на македонскиот народ, за раслојувањата и воопшто за сите национални премрежиња што ги доживувавме во изминатите години – истакна Раде Силјан.

Стихови од најновите книги на Смилевски и Силјан на промоцијата интерпретира актерот Страшко Милошевски.

ЉупЧо Шатевски 

#



Останати вести
СДСМ во Собранието ќе поднесе предлог за укинување на екстерното тестирање
Вал Kилмер го победил ракот со духовни методи
Кочан ќе остави гаранција од 875.000 евра во движен и недвижен имот
Али Ахмети: Се надевам дека брзо ќе се договори Влада, преговорите започнуваат утре
Ветувањата на СДСМ за екстерното ги трауматизираа учениците
Антиќ од утре на својот четврти завршен турнир во Евролигата
Светска премиера на „Ептен македонско“ на Симон Трпчески
Субвенционирањето започна, исплатени околу 8 милиони евра за 2015 и 2016-та
Хотелите во Грција летово поскапи до 30 отсто, апартманите по иста цена
Без знаење на сопругата го зел четиригодишниот син и си заминал во странство
Фамилијата на Сет Рич тврди дека тој немал врска со имејловите што ги објави „Викиликс“
Здравко Чолиќ го освои и Нов Зеланд
Шишкарев го продолжи договорот со Вардар
Имаше соработка со Сорос, но на помало ниво отколку што некои сметаат
Ќе се постават тактилни патеки кои ќе предупредуваат на пречки
Излез за деблокирање на општините ќе се бара и во паралелни седници?
(ВИДЕО) Почина Крис Корнел
Штербик: Треба да ги најдеме слабостите на Барса ако ги има
Николиќ: Не ми се напушта Скопје, сакам да играме мајсторка
Одложено судењето против деветмина обвинети за насилство во Собранието
Пијанец ќе произведува еколошки мед
Првпат во Македонската филхармонија - музика од најпопуларните видеоигри во светот
За тригодишен престој на родител во Австралија ќе се плаќа 5.000 долари
Џеј Зи и Бијонсе и официјално - милијардери
Пелистер освојувач на купот, ја совлада Шкендија во финалето на пенали
Иванов треба да се сретне со Путин при посетата на Москва
Германското МНР до македонските политичари: Во иднина повеќе да нема политички интриги, Македонците тоа не го заслужуваат
Заев: Прво ќе се сретнеме со ДУИ, па БЕСА и на крај со Алијансата
Тиранска платформа постоеше и гаранциите што ги барав се оправдани
Бандерас и Болдвин ќе ги глумат Ламборџини и Ферари
Во Македонија има еден милион профили на „Фејсбук“
Стап­ка­та на нев­ра­бо­те­ност во Бу­га­ри­ја 6,9 от­сто
САД: Првиот чекор за излез од кризата е направен
Лани помалку и бракови и разводи
И Лестер во листата клубови заинтересирани за Алиоски
Скопјанецот од Дебар Маало што со секира отепа куче ќе одговара за мачење животни
Џафери даде исказ пред ЈОРМ за настаните од 27 април во Собранието
МКФ го одбра Џордан Теодор да и помага на македонската репрезентација
Црвените линии на Иванов ја срушија Тиранската платформа
Ахмети го поздрави доделувањето мандат на Заев
Почнува 70. јубилејно издание на Канскиот филмски фестивал
Прелетав половина планета за да присуствувам на раѓањето на првото внуче
Гимназијалец од „Корчагин“ претепал врсник
Мезиер предизвика дебата за идентитетот со наслов „Не сме бурка“

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести