период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Омнибус
Датум: 18.05.2017, 16:38

Седумгодишно дете изнесено со лисици од училиште во Тексас

Поради непримерно однесување полицијата во Тексас изнела од училиште врзано со лисици едно седумгодишно дете. Kако што објаснила мајката на детето, нејзиниот син има нарушување на хиперактивност и недостиг од внимание, кои понекогаш резултираат со импулсивно однесување и испади на бес.

- Имам дете со посебни потреби и нему му е потребна посебна нега - рекла Ејприл Обис.

Советничката во основното училиште Гејб Ален редовно му помагала на нејзиниот син во такви ситуации, но на критичниот 9 мај кога се случил немилиот настан не била достапна. Наводно, тогаш детето го изнеле од одделението бидејќи самиот си ја удирал главата во ѕидот, по што биле виканти полицајците за да го совладаат. Управата на училиштето ја известило мајката за инцидентот, но кога таа дошла детето повеќе не било таму.

- Kога стасав во училиштето и прашав каде е син ми, ми рекоа дека се однесувал неразумно и затоа повеќе не е таму - раскажува мајката.

Полицијата го однела момчето во установа за ментално болни, каде што член на семејството го фотографирал детето со лисиците. Детето останало таму до 15 мај, кога лекарите заклучиле дека повеќе не е опасно.

Училиштето службено не се изјаснувало за инцидентот оправдувајќи се со заштитата на приватноста, но откако фотографијата на детето врзано со лисици почнала да кружи по социјалните мрежи, сепак испратило службено соопшение.

- Фотографијата што може да се види на социјалните мрежи претставува ученик кој е оддалечен од наставата за да спречи да се самопповредува. Ве молиме да престанете да ширите дезинформации - се вели во соопштението.

Мајката коментира дека по ова смета дека е измамена бидејќи на нејзиниот син му било ускратено правото на престој во сигурна зона.

#



Останати вести
Јапонската принцеза го напушта царското семејство
11-годишно момче им одржа лекција на компјутерските експерти

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести