период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 19.03.2017, 16:16

АKТУЕЛНИ СОСТОЈБИ

Хроничната болка на СДСМ кај македонските гласачи

Стануваат ли веќе работите во Македонија појасни? Се гледаат ли намерите? Се гледаат ли агендите? Се разбира ли ситуацијата? Сега веќе појасно се гледаат контурите на една операција која ни се одвиваше пред очи во 2015 и 2016 година. Се гледа како еден од меѓународните „независни“ посредници станува заговорник и најавувач на федерализација на државата, како вовед кон нешто што би следувало по тоа. Истиот „независен“ посредник, со месеци и со години се претставуваше како непартиски, објективен, на еквидистанца кон сите, а заврши како поддржувач и учесник во „шарената револуција“ во која се демолираа еден куп објекти и јавен имот во македонските градови, од Прилеп и Битола, до Kрива Паланка и Скопје.

Македонија секако дека сака да се приклучи кон ЕУ и НАТО. Со години напорно работиме на таа агенда, иако многупати сме биле одбиени без наша вина. Поради ЕУ и НАТО со години и децении се испраќаат македонски војници во меѓународните мисии, затоа се носат фабрики и инвестиции од САД, Германија, Велика Британија. Затоа оваа влада го потпиша договорот за стратешко сојузништво со САД во 2008 година, па го воведе англискиот јазик од прво одделение во училиштата. Затоа се усвојуваат стотици ЕУ-закони, а во училиштата се учи по Kембриџ-програми.

Истовремено, Македонија и македонските граѓани сакаат и имаат право самите да ги избираат своите влади и своите претставници, да ја прифаќаат или одбиваат платформи и понуди што го бришат македонскиот идентитет, државноста и унитарноста на оваа земја.

Стануваат појасни и агендите на еден куп исполитизирани, партизирани, употребени и злоупотребени НВО и слични платформи. Со години и со децении се претставуваа како непартиски, општи, генерални, а одеднаш станаа инкубатори и катализатори на насилства кои ги видовме во центарот на Скопје со месеци.

Стануваат очигледни понудите и агендата на СДСМ во однос на темелното редефинирање на Македонија во последниве години. Последниве два месеца таа агенда станува само поочигледна, се гледа подобро и појасно. Но, таквата агенда на СДСМ е константа со месеци и со години. На моменти успешно или неуспешно се затскриваше со разни флоскули, фрази и димни завеси, но сега маските паднаа.

СДСМ има структурен, траен, системски проблем со немањето на верба и доверба кон нив од страна на македонскиот народ. Во дури 72 години, македонскиот народ само еднаш гласал за СДСМ во 2002 година по целиот фингерај и операција од 2001 година.

Во сите други пригоди, Македонецот го одбивал, го казнувал СДСМ и неговите политики, а ВМРО-ДПМНЕ имал и има редовни победи во однос на СДСМ. Од 1990 година кога СДСМ беше поразен 38 наспроти 31 пратеник, преку 1998 година и 62 пратеници на изборите за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, преку убедливите победи на парламентарните избори во 2006, 2008, 2011, 2014 и 2016 година.

Значи, секогаш кога Македонецот има можност да гласа, тој се приклонува кон ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ едноставно не врви и не поминува, од повеќе причини. На тоа треба да се додаде дека последниве 12 - 13 години коалицијата и коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ убедливо победуваат кај Турците, Србите, Ромите, Бошњаците, Власите и другите помали етникуми. Таквиот траен хендикеп кај македонското гласачко тело, СДСМ се обидува да го компензира преку бајпасирање и заобиколување на етничките Македонци во нивната матична држава. Сега само се прави најочогледната операција на СДСМ за дефакторизација на македонскиот народ.

СДСМ му порачува на македонскиот народ дека не го интересира како гласа македонскиот народ, туку дека тие со политички и етнички инженеринг ќе најдат начин да владеат. Дека нив не ги интересира веќе волјата, ставовите и мислењата на мнозинскиот народ.

Со ваквата операција СДСМ го сведува мнозинскиот македонски народ на обичен украс, декор или икебана во својата матична држава. Македонскиот народ е тука за да биде владеено врз него, спротивно на неговата изборна и политичка волја.

Македонскиот народ СДСМ сака да биде прегласан, а македонската држава темелно да се демонтира. Атрибут по атрибут, до последниот атрибут. Институција по институција, додека не останат институции. Медиум по медиум, додека не се замолкнат сите.

И, не се избираат средства. Не се избираат начини. Не се глуми ниту процедурата ниту демократијата. Не се глуми ниту срамот и пристрасноста, од ние што требаат да бидат независни, објективни и балансирани. Се оди на ѓон. Но, народот с`повеќе ја разбира играта. Ја гледа претставата, во која што на македонскиот народ му е доделена улогата на статист во сопствената држава. Објект, а не субјект. Политички сирак, кој ќе биде прегласуван по потреба. Објект, кој ќе се моделира по потреба, наменски, како пластелин. Без ’рбет, без своја власт, без свои институции.

Затоа народот е на улица. Затоа граѓаните се излезени. Затоа што веќе длабоко се свесни за целата оваа лакрдија, за целата оваа операција.

Затоа што со право се загрижени за Македонија. Затоа што ги знаат агендите од некои платформи кои веќе не се ни кријат. Затоа што на народот не му е сеедно кога ги слуша уцените и заканите кои се упатени кон нашата држава.

Затоа што Владата треба да има легитимитет. Затоа што народот на избори треба да ја види понудата и да се произнесе за неа. Затоа што народот не гласаше за платформата на Заев и „дебатите“ кои тој ни ги најави последниве недели и месеци по изборите.

Тоа што СДСМ сега го ризикува е една голема, генерациска загуба на својот елементарен гласачки легитимитет кај македонското гласачко тело. Kако што во 2005 година СДСМ ги загуби гласовите на кичевчани и стружани најмалку за следните 20 години, сега сличен процес се случува на национално, на државно ниво.

Македонскиот народ и останатите заедници како Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи и други, секојдневно гледаат дека веќе не можат да се потпрат на СДСМ буквално за ништо. Сите го афирмираат соживотот со Албанците, како трајна гаранција за мирот и стабилноста. Истовремено, таквиот мир и стабилност не е во ред да се графи преку мајоризација на Македонците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите и останатите.

Трајниот, хроничниот хендикеп на СДСМ кај македонското гласачко тело не може да се бајпасира преку негово заобиколување. Така се зголемуваат тензиите во општеството, а не се намалуваат. Не може Заев и СДСМ да настапуваат игнорантски кон својот народ, со мајоризација и без легитимитет, а да не очекуваат демократска реакција.

Продолжува борбата за македонската државност и идентитет, демократски и легитимно. Македонскиот народ сака да биде со останатите слободни народи во ЕУ и НАТО, но под исти услови. Не бараме ништо повеќе од тоа што го имаат другите, но не се согласуваме ниту на помалку. Себеси се гледаме како еднакви и слободни луѓе, приврзани кон евро-атлантските вредности, со почит кон себеси и другите, со достоинство и права како другите.

Ништо повеќе и ништо помалку. Тоа се идеали и позиции кои се легитимни, легални и поддржани. Македонците, заедно со другите, се борат за своите правдини. Тоа го пишува и во нашата химна.

Влатко Ѓорчев

#



Останати вести
Важноста на балканскиот крстопат
За унитарноста и јазикот не се преговара
Субвенции за оживување на селата
Деца во челуста на кучиња

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Zlatko, 19.03.2017 23:29:04
DOSTA Bre.!Za Se Sto Postigna DPMNE Znaeme/Gledame NE SME Abdali pa Mora Non-Stop Toa pa Toa,vo red Sekoja CEST i Zatoa MKD Glasacite ve Nagraduvaa na Site Dosegashni Izbori(Makar sto Napravivte Cekori Za koi Nemavte Izim(Dozvola)od Glasacite) NO Sega E Drugo ZA DRZAVATA na MAKEDONSKIOT NAROD SE RABOTI,Nema Da E VAZNO Kolku Bolnici/Shkoli Renoviravte/Izgradivte,Nema Da E Vazno Kolku Patni Pravci Izgradivte i Gradinki/Socijalni Stanovi itn.AKO DRZAVATA POJDE KURBAN Sto KE NI SE.? DPME BERETE UM Oti Ova E VREME NA ODLUCNI/VISTINSKI PATRIOTI so Vistinska Aktivnost/AKCII a NE Partiski SOOPSHTENIJA/STAVOVI i Postojani Pressovi so Istata Pesna Nie Tolku/Onolku sds Nula so Aboliciran Kriminalec,a od Druga Strana Mu Davate Podrzka Za Nekakva Malcinska Vlada Na CrpkoRadovskite Opinoci od sds SVESTETE SE DODEKA E VREME
do Vlatko, 20.03.2017 05:34:27
Za sekakva osuda e namerata na SDS da odi protiv voljata na makedonskiot narod i da nepochituva izborna volja.No SDS e dolgo vreme vo opozicija i saka da ja iskoristi sekoja shansa da dojde na vlast,pa i vaka valkano so pomosh na arnautskite partii,a kontra makedonskiot narod.Pa kade e tvojata osuda za DUI?Tokmu DUI e glavnata prichina za obidot za majorizacija na makedonskiot narod zatoa sto prifati da odi vo koalicija so SDS,a ne so vas.Dali vie od VMRO i ponatamu kje se osnesuvate podlizurkovski kon DUI,ochekuvajki da vi se smiluva i da ve ostavi na vlast po sekoja cena?Zoshto ako e tochna vashata verzija deka ne ste se dogovorile so DUI zaradi jazikot,a ne zaradi SJO,vie i ponatamu kje barate od Han da se pochituva *pobednik so pobednik*?A kako sakate pak koalicija so DUI ako imate dijametralno razlichni pozicii za vitalni neshta?Ili i vie od VMRO kriete neshto kako sto krie SDS?
radovanpopovski@yahoo.co.uk, 20.03.2017 05:38:13
pocituvan vlatko gorcev. vece stotina kolumni ste napisale i stotina pati ve opomenuvame. znaete so kogo si imate rabota znaete vo posledni 72 i dve godini sto vi pravea do den denes. se cini lekcijata ne ja naucivte.protivnikot se pobeduva samo so negovi postapki istoriski gledano i so negovo oruzje.primeni polovina od nivnite merki i rezultat ce imas.ne se zamlatuvajte so demokratija od tip na lazna na eu i amerika.seci go vo koren unusti go vo pojam oti drug spas od nego nema. mislis so kolumni ce go pobedis.posto si dete eve na koje deredje dojde krivo mi e za narodot i negova golgota.za vas macite se oti ne slusate i mu popustate na neprijatelot.
Zoran, 20.03.2017 07:56:06
Avtorot treba da si gi povtori lekciite po matematika. nad 700,000 gragani glasaa za promeni i smena na kriminalnata vlast. Za VMRO narod se samo tie sto protestiraat i glasaatza niv a drugite mozat komotno da se otselat.
Александар, 20.03.2017 09:56:25
Абе Влатко. Ве гласавме за да ја чувате државата, нејзиниот суверенитет и интегритет. Тоа значи навреме да ги сузбиете појавите како Зоран Заев, Верушевски, Зијадин Села и останата багра предавници и душмани на својот народ. Вие тоа не го направивте, а сега повторно барате НАРОДОТ да ви ја заврши работата за вие пак да дојдете на власт. Се прашувате ли дали сте доследни? Изгледа и вие сте корумпирани до даска исто како и овие против кои се бориме.
Најнови вести