период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Омнибус
Датум: 18.05.2017, 16:38

Јапонската принцеза го напушта царското семејство

Jапонската принцеза Мако сака да излезе од кралското семејство за да може да се омажи за својата голема љубов, кој по професија е туристички работник, јави јапонската телевизија NHK TV.

Избраникот на принцезата Kеи Kомури работел како „принц на морето“ промовирајќи ги јапонските убавини на плажата во градот Шонан. Се запознале пред пет години на факултет.

Во моментот кога Мако ќе се омажи, таа престанува да биде принцеза и станува обична граѓанка. Мако веќе го запознала својот избраник со семејството и тие биле мошне задоволни од него.

Во Јапонија е обичај жените да не може да ја наследат круната како што тоа е случај на пример во Велика Британија. Таткото на Мако и помладиот брат се на ред за наследници на царството на Акахито, но пред нив е нејзиниот чичко, принцот Нарухито.

До венчавката ќе помине уште многу време и таа традиционално ќе биде поврзана со многу обичаи. За разлика од кралските семејства во европските земји, Јапонците се позатворени, иако често знаат да патуваат во странство и да се појавуваат на различни културни манифестации.

Царот Акихито е син на Хирохито, јапонскиот владар во текот на Втората светска војна. Лани изјавил дека сака да абдицира и Јапонците веќе се подготвуваат за неговиот наследник.

Интересно е дека с` до јапонскиот пораз во војната никој не го слушнал гласот на царот, бидејќи имал статус на божество. Сепак времињата се менуваат и Јапонците сега се поблиску до своето царско семејство.

#



Останати вести
Седумгодишно дете изнесено со лисици од училиште во Тексас
11-годишно момче им одржа лекција на компјутерските експерти

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести