период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 11.01.2017, 00:00

ТИМОТИ ЛЕС НЕ ОТСТАПУВА

Голема Албанија, голема Србија и голема Хрватска со поделба на Македонија како решение за Балканот

Тимоти Лес, поранешен политички секретар во амбасадата на Обединетото Kралство во Скопје, и натаму предизвикува внимание во јавноста откако ја објави својата анализа во „Фореин полиси“, во која заговара формирање голема Србија, Хрватска и Албанија.


Притоа за Македонија тој го препорачува рецептот албанското малцинство да добие форма на независност, односно федерализација, а потоа спојување со матичната држава Албанија. Тоа што особено ги запали страстите на Балканот е што се смета дека преку него, всушност, Велика Британија го подготвува теренот за ваква политика.

Лес, кој сега ја раководи агенцијата „Нова Европа“, вели дека во прекројувањето на границите има три сценарија. Прво и најдобро би било за регионот да решат Велика Британија, Германија, Франција, Русија и Турција со надворешна помош на САД. Што за ова мислат народите чија судбина би требало да ја кројат големите сили, овој бивш политички британски секретар не го интересира. Втората е Америка и ЕУ да им го препуштат Балканот на Русија и на Турција, а третата и најлоша, меѓународната заедница целосна да се повлече од регионот, што би ја отворило можноста од нови судири.

Во интервју за хрватски „Јутарњи лист“ тој вели дека по ју-конфликтот било погрешно што се тргнало во формирање мултиетнички наместо национални држави на Балканот и оти тоа било и погрешна оценка на Западот.

- На Балканот нема услови за создавање успешни мултиетнички држави во кои тамошните граѓани, без разлика на националноста, би имале еднакви права, сигурност и економски можности. Тоа е регион во кој постои недостиг од демократска традиција и уставен либерализам, кој на малцинствата им дава самодоверба и доверба во институциите на државата – вели Лес.

Тој притоа истакнува дека „Западот не е во состојба да ги спречи малцинските народи во обидите да се поврзат со матичните држави“. „Босанските Срби одржаа референдум за Дејтон со поддршка на Русија, а од Западот немаше посериозна реакција“, вели поранешниот политички секретар во британската амбасада во Скопје.

Тој притоа истакнува дека не предложил формирање чисти етнички држави.

„Треба да се обезбеди целосна безбедност во Република Српска, Бошњаците да останат да живеат или Македонците што би живееле во делот на Македонија што е мнозински албански“.

На забелешката на новинарот на „Јутарњи лист“ дека реализацијата на неговите идеи значи поделба на БиХ, Македонија и Kосово, Лес вели:

- Тие држави и онака се де факто поделени, така што поделбата што ја спомнувате не е условена со реализација на моите идеи. За да одговорам на тоа прашање мора да го разликуваме процесот од конечниот исход. Kога зборуваме за исходот, сметам дека евентуално создавање на националните држави, на крајот, би било попозитивно отколку негативно, зашто во балкански контекст, територијално дефинираната држава е некој вид политички ентитет, кој би можел на примерен начин да ги гарантира правата и безбедноста на населението. Претходно објаснив: слабата традиција на либерална демократија, недостиг од доверба меѓу различните етнички групи и тензиите создадени поради сиромаштијата и социјалната неправда најмногу ги погодува интересите на малцинствата. На меѓудржавно ниво формирањето национални држави би го окончало и заслепувачкото натпреварување меѓу балканските земји. Погледнете, односите меѓу Србија и Хрватска, Србија и Албанија или меѓу Албанија и Грција се функционални и ниту една од тие земји на претендира на територии од другата држава, а населението не се плаши дека ќе почне војна. За разлика од тоа малцинските народи во Босна, Македонија, на Kосово чувствуваат несигурност. Убеден сум дека тензиите во регионот ќе исчезнат кога на Србите, Албанците и на Хрватите ќе им биде обезбеден животот во рамките на националните држави. Откако републичките граници беа признати како државни се случуваа етнички чистења, честопати се поставуваа прашања за моралните барања на босанските Срби, кои сакаат да се отцепат од БиХ, додека мнозинскиот народ како Бошњаците и Македонците можат да сметаат на меѓународното право во превенцијата на сецесионистичките обиди на незадоволните малцински народи. Затоа препорачав постепен пристап во формирањето на националните држави во кои ќе учествуваат претставници на мнозинските и на малцинските народи, како и на меѓународната заедница.

На констатацијата дека тоа подразбира приклучување на Западна Херцеговина кон Хрватска, обединување на Албанија и Kосово, како и Србија која се протега до Бања Лука, Лес додава:

- Речиси така. Иако во БиХ е можно некои делови на Република Српска и хрватски подрачја да бидат приклучени кон идната бошњачка држава.

Македонија, БиХ и Kосово целосно дисфункционални држави

Својата анализа заснована на етничка географија, Тимоти Лес ја продолжува со тврдењето дека „Албанија, Србија, Црна Гора и Хрватска покажуваат оти е можна внатрешна интеграција на малцинствата“, но притоа како да заборава дека во неговиот план е отцепување и на Прешево, Медвеѓа и Бујановац и спојување со голема Албанија. Затоа, пак, вели дека „во Босна, Македонија и на Kосово постојат незадоволни национални малцинства на етнички хомогени подрачја чии стремежи предизвикуваат перманентни тензии..., а сите три држави се целосно дисфункционални“.

#



Останати вести
Kога кај нас би било минус 7 како во Скопје, би шетале по кратки ракави
Груевски и Ахмети лично ќе ги водат разговорите
Kоцијанчич: Новата влада да има широка политичка поддршка
Ќе преговараме прво со ВМРО-ДПМНЕ, но има и опција за нови избори
Од петок мало затоплување и обилни врнежи од снег
Груевски со поддршка од коалициските партнери

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
исток, 11.01.2017 00:16:27
Ќе ти доаѓаат во државата ќе ги поштуваш цениш ќе им удоволуваш за на крајот да те збришат. Такви кучиња седрзнуваат да ми ја кројат судбината на мојата фамилија. Државата треба да има механизам за самозаштита веднаш да се реагира веќе не да се остава.
koj bilo, 11.01.2017 01:36:35
odi mocaj be slepec angliski, vie site drzavi gi naprajvte kolonii, do afrika i argentina, ne vi e gajle kako lugeto ziveat tamo nego kako vas ve interesirat.?! daj boze da vi dojdit vojna na vrata kako nie so stradame od vas smradoj gnasni.
KOD, 11.01.2017 02:20:54
Odi oblecise gubra kaj tvojte ponasajse taka ako mozat da te trpat
Stefan Dodov, 11.01.2017 02:51:57
A kako dolgorocen mir na britanskite ostrovi da se vrati Severna Irska na Republika Irska, na Skotska da i se dade nezavisnost i Manchester, Liverpool i York da im se dadat poso so akcentot poveke si licat, i za kraj Vels, dajte mu i na nego nezavisnost, znaes za mir vo kuka? Isto taka Britanskata vlada da plati reparacii kaj sto vladeela, da priznae voeni zlostorstva za da ima svetski mir, bidejki vie ste luge zainteresirani za mir i blagosostojba na site. Pocnete od vasiot dvor prvo.
NEMA PROBLEM- goce shesko, 11.01.2017 03:38:01
Nie Makedoncite za OBEDINETA MAKEDONIJA, od Egejsko More, Pirin Planina, Varda i Mala Prespa. So cestitki, ova go chekame so vekovi nashiot son da se isvrshi. Pozdrav kade i da ste moi mili Makedonci!!!!!
Od Macedonec, 11.01.2017 04:24:38
Ti si prav idiot i ke recam Fuck you koj si ti da ni kazis dali uma demokratia kaj nas idiot ni eden.So sila gi drzite Skotlanite i Ircite za da imate obedinato kralstvo,dodeka ti ni go kroes plano nas,istoto vi se kroe i vas.Za skoro vreme ovoj pat so sigurnos Skotlanganite ke se odcepat,posle i Avstralia ke ve isfrleoti im bese dosta od vas i nemoj da zaboravis,so EU rabotite vo idnina nema da se kako sto vie sakate i na kraj,dali imas razbrano nesto za ova rabota ili podobro ti e koga ke pisuvas za drugi,kopile edno.Da zive Macedonia.
Dimitar, 11.01.2017 04:39:15
Makedonija e celsono disfunksionalna poradi nadvorešnto mešanje tokmu od strana na matičnata država na ovoj Leš ( namerno svojstveno prekrsten ) i pogolemiot im brat, SAD! Za rušenje na stolbovite na Makedonskata država na site vnatrešni petokolonaši im beše obezbedeno sloboda od zlodelata što gi vršea pod nalog na SAD, V. Britanija i ostanatite brišači, Francija, Germanija itn. Na kraj spomenuva deka i onaka pak ke im ostanalo nekoe parče državička na Bošnjacite no vakov doblest kon Makedoncite ne pokažuva - spored Leš Makedoncite bi trebalo da im se prilagodat na Golemo Albanskite gazdi! E NEMA! NEMOŽE I NEMA DA BIDE!!!
Dimitar, 11.01.2017 04:50:35
E sega, dali gledame kade ne vodea celo vreme potpomagačite od Zapad?? Onie gjavolski sušestva što ja izbombadiraa celsono poranešniot Jugoslovenski prostor so siromašen uranium i eden grst drugi hemikali. I kakvo minato takva idnina isto ni nudat Unipolaristite od Zapad pretstaveni od ovoj zombisaniot, Leš ( mrtovec ), odnosno ništo ne ni nudat! Prosperitet ima za Makedonija, preku Balkanski Tek i Patot na Svilata, predvodeni od Rusija i Kina! Makedonskite političari neka se razbudat i ako nemaat dosega, da pobarat voena zaštita od Rusija i Kina, i da se pripojme kon nivnite sojuzi!! Od Zapad samo raznebituvanje na Makedonija i Makedonskiot narod. Drugo nema.
Dimitar, 11.01.2017 04:58:29
Pokojniot Fidel Castro rekol - nikoj ne e roden heroj, vreminjata gi pravat lugjeto heroj! Bi sum sakal da vidam nekoj Makedonski političar da izleze i da izjavi deka Makedonija, štom ne e počituvana od strana na zapadnite prijateli taa može da si bara drugi sojuzi! Samo Rusija e spas za Makedonija - neka se setat sega Makedonskite političari i neka se oglasat DEKA AKO PRODOLŽI ZAPAD SO SVOITE PLANOVI DA JA RAZNEBITUVA MAKEDONIJA, NIE KE SI BARAME SPAS VO DRUGO DRUŠTVO, ODNOSNO RUSIJA!! Drug odgovor na seto ova bi bilo, za razlika od tn. Golemi državi predvideni od Leš, nikogaš takvi nemalo, no imalo Makeonija vo nejzinite prirodni granici i možebi treba da si gi vratime tie delovi!!!
Бог, 11.01.2017 05:40:50
Боли, да, но дали не е вистина што кажува,Англичанецот? Многу му е гајле на бандата комуњари и бандата лажни патриоти кои пустош направија, народот самите тие го избришаа. Уставот е веќе паднат. Зарем сеуште луѓе се занесуваат дека републиката постои? На ТВ се натпреваруваат македонци кој повеќе ќе ја исплука и продади. Единствено што кажуваат е види тој и тој што правел а никоја државна установа не постапува према Уставот и закон кога ќе се укажи на такви нешта. Не постапуваат затоа што се банда сите до еден. Такви трпиме, такви и задлужуваме.
Petre, 11.01.2017 06:45:44
Mu pristignaa parite na smetka od Albanskata mafija ,
jas, 11.01.2017 07:26:08
Covekov se iznazbore za golemi drzavi na Balkanot,a bi mu preporacal da si pogledne doma.Uste malku ke bide malo kralstvo bez Skotska,Vels,S. Irska.Jadno
Лoги Кaвели, 11.01.2017 07:33:06
Ете јa бритaнијa нa делo!? Рaздвoј пa влaдеј... Oвдекa личи сличнo!? сaмo штo брцa трн вo здрaвa нoгa, oднoснo сoздaвa oнепрaвдени, реперкусии зa пoнaтaкa. Инaче кибицaр...светoт се менувa...и прaшaњетo е: зoштo некoј би зе мешaл и зoштo мoрa пo негoвиoт рецепт бaш...мoже ли првo бритaнијa дa се рaспaдне нa 20 делa зa дa видиме личен пример пa aкo е дoбрo дa рaзмислиме зa глупoстите штo се сервирaaт!? Oвa пoкaжувa дo кoј oчaј се дoведени и декa блиску им е крaјoт, немoј дa не зaплaшувaте...рaциoнaлни сме...a и СВЕТOТ И ИГРАЧИТЕ СЕ МЕНУВААТ. Дoдекa тaквите не се мешaaт сегдекa убaвo се живее...НЕ ДO НАС! ДO ВАС Е!!!
blagoja, 11.01.2017 07:39:28
Avtorot si imat pravo.Nie sakale ili necele ce si legnime na brasnoto. Makedonija ja unisti WMRO i SDS,
Vancho, 11.01.2017 08:16:20
Imam zabeleshka do dnevnik shto se za zanimava so Gluposti na Malo Umnik.Site problem gi Kreira zapadot od proshlosta do den denes.I ovoj Aroganten idiot proba da dava pamet na kogo.Ako ima zadnik neka go Dade istiot predlog vo Anglija na Kralot ili na Germancit,Amerikancite,Francuzite i Zapaden Smrdlif Bedak.
Tabelata za Sofia, 11.01.2017 08:38:36
Trebalo samo Timoti Les da pishe za maticnata Majka Drzhava na makedoncite ?
DLM, 11.01.2017 09:30:09
како прво типот не изнесува свое мислење туку промовира план на „клубот на петте очи“. Зарем некој навистина мисли дека овој недоделкан инаку болен ум изнесува свои размислувања? На балканот имаше успешна мултиетничка држава и се викаше Југославија само четвртиот рајх кој беше во замав стори се истата да ја растури. Откако тоа бидна го добивме онаа што сега го имаме. Па откако центарот за произведување на кризи од Лондон увиде дека во четвртиот рајх ќе биде втора виолина сега се обидува на сите начино да го растури тој четврти рајх. Што се однесува пак до Македонија на овој имбецил треба да му се каше дека сега е 21 век и дека доминацијата на Британија и сите други на овие простори заврши во 1945 година и сега можат само вака да потпалуваат но тоа е се што можат. Јас сеуште мислам дека под хитно треба да се создаде институт за стратешки истражувања кој на нашиве тутурутки би им советувал и би ги информирал за стратешките цели и интереси на големите сили! Тие се толку невешти во сето то
Falklands islands, 11.01.2017 09:36:04
Ovie britanski slepci se spremni da vojuvaat na iljada kilometri od nivanta drzava za edno malo ostrovce kade ziveaat 10 ovcari a nas kako malecka i bedna drzava mnogu lesno da ni davaat lekcii od geo strategija.. Ce bidet interesno kakva ce bidet nivnata reakcija koga posle Brexit- ot , Irska i Skotska ce barrat odeluvanje od Great Britania
CA-TX, 11.01.2017 09:41:49
Moj prijatel patuvashe od California za Texas pred nedela dena, i vo Texas mu pobarale PASOSH da pokaze, ne USA licna karta. Pa, vidi sega, koja drzava se raspagja i e podelena.
Најнови вести