период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусОтворенаСценаАктуелноВо фокусот Здравје
ONLINE Најнови Вести
Датум: 20.11.2013, 15:42

Комисиска расправа за неплатено породилно отсуство

Собраниската комисија за труд и социјална политика ги разгледуваше измените на Законот за работни односи кои даваат можност за неплатено родителско отсуство од работа во траење од плус три месеци.

Заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахим, се обиде да ја објасни оваа новина, и начинот на кој таа ќе се утврсди во законот.

- Со новото дополнително право на неплатено родителско отсуство мајката може да го користи по отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство, до три месеци, во периодот до навршување на тригодишна возраст на детето, во најмногу три дела. Се обезбедува заштита на работничката за време на користење на правото на неплатено породилно отсуство. За тој временски период државата ќе го плаќа здравственото осигурување, изјави Ибрахим.

Опозициските пратеници се согласија дека оваа можност значи делумно унапредување на правата на работничките, но сметаат дека, предлогот е популистички трик поради тоа што е нецелосен, односно не се платени пензиски и социјални придонеси. Забележаа и на фактот што ваквото право, иако е наречено родителско, и се дава само на мајката.

- Ние ќе го поддржиме предлогот за донесување закон, но сметаме дека ваков каков што е предложен е нецелосен, некомплетен и популистички трик. Доколку намерите се чесни тогаш треба да стои дека за време на неплатеното отсуство ќе бидат платени не само здравствените, туку и пензиските и социјалните придонеси, изјави пратеничката Цветанка Иванова од СДСМ.

Радмила Шекеринска имаше забелешки во однос на предлогот само мајката да може да користи вакво отсуство.

- Покрај тоа што на ваков начин се дискриминираат татковците, се создава и можност за дополнителна дискриминација на жените при вработување, но и за злоупотреба од страна на работодавачите, вели Шекеринска.

Таа додаде дека оваа можност може да биде злоупотребена од работодавачите кои би можеле да вршат притисок на работничките кога ќе бидат болни нивните деца, наместо платено боледување, да земаат неплатено отсуство. (М.Т.)

#



Останати вести
Повреден моторџија во судир со автомобил
Неопходен центар за пациенти со цистична фиброза
КОМИСИЈАТА ЗА ИЗБОР ЈА ПОТВРДИ ОДЛУКАТА
Нови 12 преведени книги од врвни универзитети
МВР: Хаос во организацијата на Музејот
Телефонски батерии сами ќе се поправаат
„Само за губитници“ на Иво Трајков
Концерт на фагот и пијано
УЈП донира медицинска опрема за ЈЗУ Здравствен дом Скопје
Јанкулоска: ДИК е надлежен за избирачкиот список, МВР им стои на располагање
Груевски: Со специјален закон ќе се затворат околу 300 стечаи
Здравјето на животните приоритет за цел регион
(ФОТО) Басистот на „Фејт ноу мор“ ќе свири во Скопје
(ВИДЕО) Сите поени на Антиќ во дуелот против првакот Мајами
Полигамија, еве кои косовски политичари имаат по две жени
Изложба на минијатури на ДЛУМ
Ученик од Косово хакирал фирма во Македонија
Полошкиот манастир Св. Ѓорѓи на листата на World Monuments Watch
Стотина компании побарале од Владата странскa експертска помош
Таксистите ќе учат англиски јазик на трошок на државата
Орвеловата „1984” премиерно пред струмичката публика
Старец со нож повредил соселанец
СДСМ не кажува што е невистина во објавеното за случајот со корнишоните
Михајловиќ ја напушти Србија и го прифати повикот од Сампдорија
Ахмети бара консензус за името
Работата на компјутер може да предизвика импотенција
Сергеј Ќетковиќ ќе ја претставува Црна Гора на Евровизија
Фејсбук ја „призна“ независноста на Косово
Брисел: Неопходно е време и сеопфатна согласност за да се донесе законот за медиуми
Единственото спортско радио менува газда и име
Тешката машина кобна за младиот Јанче
Жените во рекламите се или домаќинки или декор
Момче загина во тешка сообраќајка кај Кичево
(ВИДЕО) Франција оди на СП со помош од судиите
Леонардо Ди Каприо „фрлил око“ на Миранда Кер
Палењето скара во природа ќе се казнува со 200 евра
(ВИДЕО) Антиќ постигна 12 поени во дуелот против првакот Мајами
Тачи: По локалните избори нема поделба или федерализација на Косово
И Пентагон фалсификувал, му „испариле“ 8,5 илјади милијарди долари
Добра игра само во првото полувреме недоволно да се победат Норвежаните
Нов кикс на Металург дома
Филмски фонд: Во Европа телевизиите се втор најголем извор на приход за снимање филмови
Гана 25-ти учесник на Мундијалот во Бразил
Виктор од „Идол“ се враќа на екраните
СВЕТСKИ ДЕН НА ДЕТЕТО
Нови правила за таксистите, забрането е застанување на автобуски станици
Одбрана фирмата за градба на новата фонтана на плоштад „Македонија“
Вуди Ален распродаден во Скопје
Воспоставувањето на Фондот за иновации во финална фаза
Градежниците бараат бенефициран стаж
Динамо Букурешт го сака Мирко Ивановски
Во Тирана ќе се промовира препечатеното издание на македонско - албанскиот речник на Никола Беровски
Од токсичните краставички штета има целата држава
Pаботник паднал од скеле високо осум метри

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести
 
-->