период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Култура
Датум: 18.05.2017, 18:18

Шеснаесетгодишниот виолинист Александар Иванов ќе ја претставува Европа на светски натпревар

Младиот македонски виолинист, 16-годишниот Александар Иванов ќе ја претставува Европа на еден од најголемите светски натпревари за виолинисти во Осака, Јапонија, во октомври. Иванов, единствен Македонец на аудиција за натпреварот, бил избран меѓу сите европски кандидати.

Иванов во моментов е најмладиот студент на конзерваториумот „Рихард Вагнер“ во Виена, Австрија, во класата на професор Игор Петрушевски, кој предавал и на Kралската академија во Лондон. На Александар уште пред две години му било понудено да студира во Виена, но бил премлад, па неговите родители одлучиле да ја одложат неговата наобразба на светски познатиот конзерваториум за една година подоцна. На конзерваториумот „Рихард Вагнер“ во Виена студираат исклучителни таленти од целиот свет, а вонредната талентираност на Иванов ја препознале тамошните професори.

На 20 мај младиот виолинист ќе свири во Софија со оркестарот на „Kласик ФМ“ заедно со познатиот концерт-мајстор на амстердамската филхармонија, Веско Ешкенази.

- Kонцертот ќе се одржи во концертна сала со капацитет од 1.300 седишта, а билетите се веќе распродадени пред две недели. Минатата година зеде учество на мастерклас и натпревар во Будимпешта, каде што доби високо признание и награда, а годинава на 29 јуни ќе настапи како солист заедно со „Данубе симфони оркестра“ - соопшти „Излет мјузик“.

Иако неговите родители немале амбиција нивното дете да се занимава со музика, сепак Александар уште на седум години посакал да свири виолина. Негов прв професор бил Иле Темков, а напоредно ја усовршувал виолината и кај својот дедо професорот, композитор и поранешен виолинист, Благој Цанев.

- Успеав да се вклопам многу добро во австриската престолнина и на самиот конзерваториум. Средина каде што се цени врвната професионалност. Има студенти од целиот свет и добро се согласуваме. Се дружам со Австријци, Јапонци, Kинези, Иранци, Мексиканци, Срби и Американци - вели Иванов.

Александар е најмладиот добитник на наградата „Виртуози“ во 2015 година, манифестација која ја организира Македонската опера и балет, Македонската филхармонија и Сојузот на композитори на Македонија.

- Изминативе години тој беше постојано присутен на македонската музичка сцена, настапувајќи како солист. Целото тоа искуство му го трасираше патот до студирањето во Виена - наведува „Излет мјузик“.

#



Останати вести
За јубилејната „Златна палма“ од 118 грама чисто злато ќе се натпреваруваат 19 филма
Награда за музеј на годината за Спомен-куќата на Татарчеви
Александар јавал кон Перион поздравуван од македонскиот гарнизон на Хераклеја

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести