период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 13.06.2016, 17:15

ИлиJан Василев, поранешен амбасадор на БугариJа во Москва

Ваша е процената, но Грција е најблискиот пријател на Русија во ЕУ

Ако имавме успешни институции и владеења, никој од надвор ништо немаше да ни може, ова е главната поента на анализата на поранешниот бугарски дипломат и амбасадор на Бугарија во Русија (2000-2006), Илијан Василев, во интервју за „Дневник“.

Василев во моментот е писател и аналитичар, а како поранешен државен советник во врска со енергетската политика одблизу ги следи сите геополитички случувања во корелација со тој план.

Според него, во ситуација кога ЕУ и НАТО се незаинтересирани за прием на нови членови, а балканските држави се во проблеми, Русија ја користи ситуацијата за градење своевидна надворешна политика.

Kако поранешен амбасадор во Москва неизбежно е пред с` да ни ја доловите Вашата опсервација во врска со посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Атина. Kоја беше целта?

- Посетата на претседателот Путин на Грција е еден од најголемите настани во последно време. Носеше товар со огромни очекувања, но не произведе речиси ништо. Се очекуваа големи зделки во енергетската сфера и во приватизацијата на стратешките средства. Тоа е објективната страна на процес во кој Русија нема што да понуди, а Грција и другите земји нема што да бараат.

Од друга страна, Грција има свои инфраструктурни проекти, гарантирани приходи и не гледа причина да се откаже од нив - за да ги задржи привилегираните позиции на Русија во енергетската сфера. Дотолку повеќе што земјата, практично, нема друг спонзор во финансиската област, освен Западот. Нема никаква логика во ситуација на вакво ниво на конфронтација, што Русија им го наметнува на ЕУ и НАТО по Kрим, при оштетено енергетско оружје (притоа Грција има сразмерни нивоа на зависност од рускиот гас со Западна Европа) да прави отстапки.

Православниот дел на посетата е исто така преоптоварен од несогласувањата меѓу Вселенската патријаршија и Руската православна црква во врска со Вселенскиот сеправославен собор. Затоа преовладуваше протоколот.

Kако ги перципирате случувањата на Балканот, протестите во Република Српска, речиси исти како оние во Македонија, како и наводите на српските медиуми дека руските тајни служби известуваат за подготвување хаос. Зошто ова се случува?

- Ставете се на местото на Москва. Нејзиниот внатрешен развој, продлабочувањето на кризата во економијата, намалувањето, дури и паѓањето на животниот стандард практично ја лишуваат од финансиски и економски ресурс за „позитивна“ надворешна политика. Позитивна во смисла да може да понуди опипливи бенефиции за своите партнери - политички и бизнис. Затоа прибегнува кон негативна сила - се враќа кон времиња на ладна и хибридна војна, во која материјалното му го отстапува местото на идеолошкото. Традиционалните партнери на Русија во Западен Балкан ги сфаќаат „свитканите“ перспективи на задржување на власта преку врските со Москва бидејќи тие треба да бидат преведени во разбирливи за општеството придобивки, а не такви што се ограничени само на одделна елита. Европската Унија и НАТО, пак, во моментов се преоптоварени со внатрешните проблеми, а тоа го користи Москва. 

Сметате ли дека Македонија можеше да им се спротивстави на надворешните фактори на дестабилизација?

- Сигурно. Вашите власти треба да ја проценат ситуацијата, да ги увидат резултатите од посетата на претседателот Путин на Грција. Па тоа е најблискиот политички пријател на Русија во ЕУ. Сега лидерите треба првенствено да си гледаат интересите на својот народ, на својата економија, бидејќи порано или подоцна власта завршува. Проблемот е што системите треба да биде разградени - инаку луѓето ќе останат сиромашни. Еве пример - Македонија во моментов го купува најскапиот гас во Европската Унија. Ако по ова ги мерите симпатиите на Москва, таа требаше да ви биде најголем непријател. И одговорите се во Скопје, таму се прави изборот. Можете да го решите проблемот буквално во рок од неколку месеци, односно да го оптоварите гасоводот и да направите разгранување до Kосово, па и да добивате дополнителни приходи од транзитот. Можете да имате природен гас за значително пониски цени.

Искра Kоровешовска

Ако бевте во ЕУ, вашиот проблем ќе беше проблем на Унијата

Дали доколку Македонија беше членка на Европската Унија, ова немаше да ни се случува?

Барем перспективите пред земјата ќе беа поинакви. Не друго, туку затоа што кога сте дел од ваквите сојузи, постепено почнувате да осцилира во друг координатен систем, па кога некој локален политичар ќе се подзаборави, доаѓа задолжителната интервенција однадвор. Бидејќи локалниот проблем станува проблем на заедницата. Тогаш засегнатите локални политичари почнуваат да зборуваат за лошиот Брисел, кој, се разбира, далеку е од идеален, но за земји во транзиција интервенцијата му е речиси секогаш за добро.

 

#



Останати вести
„Слободен печат“ и „Призма“ го злоупотребија името на Дарко Марковиќ против „Дневник“
Волонтерите од „Kлуб 25“ мотивирале повеќе од 1.500 крводарители
Грција ги празни камповите до Македонија, нов бран доаѓа од Турција

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
1, 14.06.2016 02:57:08
ТОЧНО ! ГРЦИЈА Е ЗАШТИТНИК НА РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ во ЕУ па целаат руска мафија е распослана во ГРЦИЈА И ХОЛАНДИЈА !! И НЕ Е СЛУЧАЈНО ШТО И САД има доста ГЛАВОБОЛКИ СО ГРЦИЈА кои ЌЕ МОРА ДА СЕ РЕШАТ !! ДА ВИДИМЕ КАЈ СЕ ТИЕ 320 МИЛИЈАРДИ ЕВРА украдени од ЕУ кои НИКАКО НЕ СЕ ВРАЌААТ И КОЈ ГИ ИМА лапнато од РУСКАТА МАФИЈА СО ПИПЦИ со СОРОСОВИТЕ фондации !!
строиник, 14.06.2016 03:42:19
Кога ни доѓа ваква изјава од едно одродено македонче, ем западњачки измеќар, и без да е човек вклучен во политичките текови, одма знае дека СЕ спротивно од она што го наметнува како вистина, Е вистина....
Stefan Vlahov-Micov, 14.06.2016 05:57:03
Se cudam zosto pravite intervju so toj amerikanski gazolizec i dokazan spiun?
Aleksandar Makedonski, 14.06.2016 13:46:52
Interesno intetvju, zboruvano ama nisto kazano. Najsmesno e koga lugje od okruznite zemji delat soveti za toa kako odat raboti vo zapad a tie nemaat nikakva dopirna tocka so toj zapad za koj sto zboruvaat. Drva, po Makedonski! Neka pojdat tamu, neka se steknat so zapadno obrazovanie, so 20-30 godini iskustvo (tamu) i neka pokazat uspeh i vozvisuvanje vo toa zapadno opsestvo. POSLE neka dojdat kaj nas, ili vo okruznite zemji, i neka davaat soveti vo stilot na jas znam, jas ke vi kazam.
Најнови вести