период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 18.05.2017, 16:24

Жестоки критики за германската влада во врска со Kосово

Пред очите на KФОР никнува исламистички терористички центар на Балканот

По најавата за предвремени избори во Kосово, германскиот печат се занимава со политичката ситуација во Приштина, го анализира и влијанието на Саудиска Арабија и на Турција на Балканот, а партијата на левицата ја критикува германската влада за досегашниот третман во Kосово.

„Ди Велт“ објави напис со наслов „Арапите ги финансираат исламистите на Балканот“, во кој новинарот Марсел Лојбахер, меѓу другото, пишува дека мисионерските организации од Саудиска Арабија се активни и во Kосово и таму шират вахабистичкото толкување на исламот, на пример, со испраќање проповедници.

Севим Дагделен, пратеничка од редовите на левичарската партија, предупредува дека Kосово пред очите на KФОР се развива во исламистички терористички центар во регионот. Скандалозно е што, благодарение на присуството на германските војници, саудиските свештеници, кои проповедаат насилство и омраза, непречено може да инсталираат идеолошка основа за тоа, пренесува српски „Блиц“. Таа вели дека од германската влада се бара веќе да не ја прикажува разубавено ситуацијата во Kосово и да не остава недореченсоти пред јавноста за конкретните бројки за тоа колку луѓе се регрутирани од исламистичките терористички мрежи, како што е ИД, но и други организации на подрачјето на KФОР.

Според сознанијата на германската влада, конфликтот меѓу турската владејачка партија АKП и движењето на Фетула Ѓулен, кое се пренесува и на балканските држави Босна и Херцеговина, Албанија, Македонија и Kосово, а пратеничката Дагделен е убедена дека во Kосово, подрачје каде што делува KФОР, турскиот претседател Ердоган има одврзани раце за неговата неоотоманска империјалистичка политика и дека го користи своето влијание во Kосово за политичките чистки, пишува „Ди Велт“.

Истиот весник објави подолга статија со наслов „Хаос во Kосово“ и поднаслов „Економијата закрепнува, но тој успех е загрозен од политичката криза“.

Во текстот од 2015 година се вели дека за време на најголемиот бегалски бран во Германија, покрај Сиријци и Авганистанци, стигнале и многу луѓе од Kосово и Албанија. Тие ја изгубија надежта дека во нивните земји нешто ќе се смени, дека таму ќе може да најдат работа и ќе може да ги прехранат своите семејства. Но, повеќето од нив не можеа да останат. Не добија азил, доброволно се вратија назад или беа протерани. А за две години, кои оттогаш помина, барем во Kосово е нешто направено. Економски во тој период се одеше кон подобро, иако на многу ниско ниво. Владата работеше добро и беше поддржана од страна на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Но, токму сега земјата падна во политичка криза, која го загрозува она што е постигнато. Владата е симната со гласање недоверба во парламентот. Претседателот Хашим Тачи го распушти парламентот и го отвори патот за нови избори... Тоа изгледа како нормален политички процес. Меѓутоа, зад тоа се кријат игри за власт, корупција и заштита на воените злосторници, стои во текстот.

Жртвата на сето тоа е многу успешниот премиер Иса Мустафа, економист со долгогодишно искуство како министер за финансии и економија, а исто така и поранешен градоначалник на Приштина. Тој е од Демократската лига (ЛДK), која заедно со Демократската партија (ПДK) формира коалициска влада. Но, ПДK е поголема и финансиски посилна партија. Таа произлезе од Ослободителната војска на Kосово (ОВK), а сегашниот претседател Хашим Тачи веќе долго време беше нејзин претседател. Многу високи личности од ПДK се под сомнение дека преку мафијашките врски под своја контрола поставија голем дел од ресурсите и економијата. Но, специјалниот трибунал во Хаг води истрага против разни лица од таа партија.

- Доколку ПДK по изборите излезе посилна и доколку застане на чело на новата влада, партијата ќе застане во заштита на овие лица. Очигледно тоа беше калкулацијата кога ПДK гласаше за соборување на сопствената влада. Но, овие политички игри се играат во текот на плеќите на граѓаните, кои можеа да се радуваат на некои подобрувања на економската ситуација од 2014 година откако Мустафа стана премиер – пишува, меѓу другото, новинарот Френк Стокер за весникот „Ди Велт“.

#



Останати вести
Трамп ќе ги повлече САД од НАТО ако сојузниците не ги зголемат придонесите
Ако го ограничите слободното влегување во земјата, ќе платите!
Муслимански свештеник предизвика бурни реакции во исламскиот свет
Трамп е убеден дека специјалниот советник нема да најде ништо во истрагата за врските со Русија

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
RAZOCARAN VMRO-VEC, 19.05.2017 02:02:12
TRBA EVROPSKATA UNIJA DA GO PRIMI CEL BALKAN VO EU I VO TIE DRZAVI DA POSTAVI MEGUNARODEN SUD I SITE POLITICARI KOI SIREA VERSKA I NACIONALNA OMRAZA A SE I POLITICARI KRIMINALCI DA ZAVRSAT VO ZATVOR A RABOTNITE OBICNI GRAGANI OD BILO KOJA NACIONALNOS DA SI UZIVAAT VO UBAVINITE NA EVROPSKATA UNIJA.
Најнови вести