период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 12.06.2017, 17:00

ОСТРА РЕАКЦИЈА НА КАБИНЕТОТ НА ИВАНОВ НА НАТПИСОТ НА „ФОКУС“

Советникот Алексовски ги почитувал безбедносните протоколи во однос на разузнавачот Живаљевиќ


Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најостро реагира и ги осудува обидите на Фокус на имплицитен начин да се поврзе институцијата Претседател на Република Македонија, како и претседателот Иванов со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година, создавајќи искривена перцепција во јавноста, која не кореспондира со фактите и вистината.



Вака гласи острата реакција на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија на наводите во текстот „Ексклузивно: Каква е улогата на советникот на претседателот Иванов за безбедност, Синиша Алексовски во случајот „Живаљевиќ“?“ на новинарот Зоран Димитровски, објавен на интернет страницата на неделникот „Фокус“ на 12 јуни 2017 година.

„Информираме дека посочениот советник на Претседателот Иванов во написот на Фокус не е овластено лице за пријавување на движење и престој на странски преставници и постапил согласно безбедносните протоколи, за што изготвил и архивирал извештаи проследени до надлежните претпоставени.

Потсетуваме дека Кабинетот на Претседателот на Република Македонија реагираше и побара појаснување на изјавата на г. Агим Нухиу, кој од позиција на министер за внатрешни работи, во интервју за Алсат-М Телевизија на 11 мај 2017 година, повикувајќи се на гласини, посочи на наводен план за употреба на армијата за време на случувањата во Собранието на 27 април. Неделникот Фокус и новинарот Зоран Димитровски, во изданието на 21.04.2017 година најавуваше слично наводно сценарио. Поранешниот министер Нихиу никогаш не го образложи ова свое тврдење, базирано на лажните написи на Фокус.

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија смета дека денешниот напис на Фокус е само продолжение во низата обиди за дискредитација и делегитимирање на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов и на институцијата Претседател на Република Македонија, преку креирање на лажни вести, односно необјективен пристап во информирање на јавноста“, гласи во реакцијата на Иванов.

#



Останати вести
По споредбата на Kатица Јанева со Бијонсе, сега Димитров најавил промена на името
Ахмети преку Тачи бара спас од Беса за локалните во Тетово
Владата наметна големи очекувања, но нема кадровски решенија за тоа
„Kатимерини“: Прием под референцата, „То Вима“: Првин името, па членство
Да создадеме позитивен амбиент во преговорите со Грција, во реформите ќе мора да се вклучи и опозицијата
Заев, како што вети, брзо да ја внесе Македонија во НАТО без промена на идентитетот

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Напалм, 12.06.2017 19:09:52
Не помага на жалост само со остра критика против новинарот и фирмата фокус,треба да употребите појаки методи за да ве сватат сериозно, е мојата топла порака до сите вас.
Незнам зошто е потребна реакција воопшто, 12.06.2017 19:54:47
Фокус е платен за да креира лажни вести, нешто слично на жолт печат. Да беше сериозен ќе ја истуркаше до крај аферата со ШВАЈЦАРСКИТЕ сметки. Можеби така ќе дојдевме и до финансиерот на излетот, на сега премиерот, во Берн.
Od Italia, 12.06.2017 20:38:46
Svesniot makedonec nesmee i nemoze da podlegne na sekojdnevnite propagandi na SDS i nivnata vrhuska.
судство, 13.06.2017 00:10:43
Кому дадовте мандат, екселенцијо? Заради кого не активиравте заштитни механизми во одбрана на Уставот? А?
Prodan, 13.06.2017 07:35:19
Ostra reakcija ... (citat). I tolku. Ni razresnica ni kazna, ama bas nisto. Pa lugje, ne mozi sesto da se kazi a da ne se snosat posledici za lagi. I jas mozam da kazam na primer za nekoj deka e takov, deka vakov, deka e sekakov, ama mora da bidi toa vistina a ne laga. Za laga morm da odgovaram i da bidam kaznet. Ako za iskazani lagi nema kazna, togas pravnicite mora da se pozanimavaat so taa rabota, da stokmat adekvatna zakonska izmena. Izmenata da se cita i da se primenuva a ne da se cita i da se tumaci oti so tumacenje pocnuvaat advokatskite L A G I (naglaseno). 0721
Најнови вести