период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 11.01.2017, 09:57

Вооружен грабеж на пошта во СкопЈе Север

Kлиентите исполегнале на подот, а разбојникот самиот зел 70.000 денари од касата

„Дај ги парите или ќе пукам, а вие другите легнете долу“. Со овие зборови разбојник вчера среде бел ден влегол во филијалата на „Македонска пошта“ во скопската населба Скопје Север и ја ограбил. Вистинска драма доживеале четворицата скопјани што во тој момент се затекнале во поштата, како и вработената, но освен шокот што го доживеале, останале неповредени. За нивна среќа, с` траело околу една минута, по што арамијата избегал со пленот.

Според првичните информации, арамијата избегал со плен од 60.000 до 70.000 денари. Откако разбојникот ~ се заканил на вработената дека ќе пука со пиштолот вперен во нејзината глава, четворицата клиенти што во тој момент се затекнале во поштата, исплашени легнале на подот, а со рацете си ги покриле главите. Разбојникот сам ги зел парите од дрвената кутија на шалтерот, бидејќи вработената останала во шок и исплашена, по што избегал. По разбојништвото вработената веднаш ја известила полицијата, а клиентите си заминале.

Според официјалните информации на полицијата, разбојништвото се случило во 12.50 часот на улицата Гоце Стојчевски, во малата пошта лоцирана во кулата број 2.

Разбојник, кој бил вооружен со пиштол, влегол во поштата и ~ се заканил на вработената С.Ѓ. (45) по што го одзел прометот и избегал. Вчера веднаш по разбојништвото екипа на „Дневник“ беше во поштата што беше затворена, а полицијата вршеше увид.

Во поштата се очекуваше да пристигнат инспектори од МВР, кои треба да ги земат снимките од безбедносните камери поставени во поштата.

Неколкумина граѓани сакаа да влезат во поштата за да извршат уплати, но остануваа зачудени откако инспекторите им кажуваа дека не работи, бидејќи е ограбена.

Скопјани што живеат во близина, како и лица што работат во близина на поштата, не знаеја дека во нивно соседство се случило разбојништво.

- Од Вас разбрав дека имало разбојништво. Видов дека влегуваат луѓе во поштата, но си помислив дека се клиенти, а не дека се полицајци - ни кажа вработена во соседниот дуќан.

Со слична приказна е и станар од зградата, кој не знаел дека имало грабеж.

Според неофицијални информации, разбојникот бил висок околу 180 сантиметри и не бил маскиран со фантомка, туку носел капа на главата. Тој мирно влегол во поштата и откако забележал дека никој од присутните не можел да му се спротивстави, го извадил пиштолот и го вперил најпрвин кон клиентите, а потоа кон вработената и на чист македонски јазик ~ наредил да му ги даде парите или ќе пука. С` се случило за околу една минута.

Ограбени маркет и обложувачница

Според МВР, завчера во Скопје се случиле уште две разбојништва.

Околу 19.20 часот, на улицата Тале Христов во населбата Бутел била ограбена спортската обложувачница „Спорт лајф“. Двајцата разбојници вооружени со пиштол му се заканиле на вработениот, по што му зеле околу 19.000 денари, а потоа избегале.

Околу 20.45 часот на булеварот Партизански одреди бил ограбен маркетот „Стокомак“ во Буњаковец. Разбојникот вооружен со пиштол и маскиран со плетена црна маска, им се заканил на вработените и зел околу 27.000 денари.

Претходно, во неделата околу 17.15 часот била ограбена и спортската обложувачница „Златна копачка“ на улицата Лазо Трповски во населбата Топанско Поле. Двајцата разбојници маскирани со шалови на главите, едниот вооружен со пиштол, а другиот со „калашников“ им се заканиле на вработените. Тие зеле засега неутврдена сума на пари и избегале.

Даниела Вељановска

#



Останати вести
Замбези ајкула нападна нуркач
Украдени 100.000 денари од казино во Битола
Ѓорческа против Викери во првото квалификациско коло на АО
Со постери со бурки против олеснување на натурализацијата во Швајцарија
„Рушевини“ е моја лична приказна
Има 98 години и е најстарата инструкторка за јога
Австралиски Македонец најден починат во охридско село
Роналдо: Зад мене е најсреќната година во кариерата
Kога кај нас би било минус 7 како во Скопје, би шетале по кратки ракави
ЗАТВОРЕН ПРЕМИНОТ БОГОРОДИЦА: Седумдесет камиони неколку часа се заглавени на границата
Заврши обновата на црквата „Св. Пророк Илија“ во Дојран
Шпанија фаворит, Македонија ќе бие битка за втората фаза
Кремљ: Немаме компромитирачки информации за Трамп
ФБИ: Русите не ја хакирале кампањата на Трамп
Во Сиднеј температурата е 40 степени Целзиусови, плажите се полни
Никола Попоски во име на владата: Средбите во Тирана и Приштина се мешање во внатрешните работи
Ќе преговараме прво со ВМРО-ДПМНЕ, но има и опција за нови избори
Од петок мало затоплување и обилни врнежи од снег
Најлудиот 3Д-музеј во светот е на Филипините
На Василичарскиот концерт две песни никогаш не биле изведени
Груевски со поддршка од коалициските партнери
„Ноќ со ѕвездите“ и за Стара нова година
Изборниот законик, Законот за градење и Законот за спорт со пет измени во 2016
Македонската репрезентација пристигна во Франција
Вардар ги започна подготовките без деветмина репрезентативци кои ќе настапат на СП
„Македонија во странскиот печат“ - ново издание на Државниот архив на РМ
Потпишан договор за модернизација: Четири нови електрични локомотиви ќе сообраќаат на македонските пруги
Над една четвртина помалку туристи лани го посетиле Истанбул
Домашните миленици се добредојдени на Детската клиника

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести