период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 18.05.2017, 18:07

ЗВЕЗДАНА ГЕОРГИЕВА, ПСИХОЛОГ И ЈАСНОВИДЕЦ

ВKТ
Почитувана Звездана, редовно ги следам Вашите совети до читателите на „ Дневник“ и „Антена“. Би сакала да ми дадете совет за мојот проблем. Мојот син е во тешка депресија, која почна по распаѓањето на неговиот 17 годишен брак.

Почитувана г-ѓо, Вашиот син е многу затворен и не ја отвара душата поради сите нешта што ги претрпел со жена си и поради тоа што не го гледа своето дете. Се чувствува изгубен во животот и нормално е да се врти во еден магичен круг и да не наоѓа решение за себе. Вашиот син има потреба од професионална помош, одредено му е состојба да му се подобри. Но, Вие како мајка треба да решите кога сакате точно да му помогнам. Kога ќе решите, можете да ми донесете негова фотографија за лична консултација.

Со почит, Звездана

БУБЕ
На мојот син Боре ништо не му оди и не знам каква иднина го очекува?


Почитувана г-ѓо, во вашата куќа има многу негативна енергија, која ви пречи не само Вам, туку и на сите што живеете таму. Самото место е негативно и енергијата влијае и на сите што ќе влезат во вашата куќа. Радистезистите се тие што можат да Ви помогнат за неутрализирање на енергијата во вашиот дом. Вашиот син е блокиран и затоа не му оди ништо. Имате можност да ја отргнете енергетската блокада, но важно е да не се грижите - немате црна магија.

Со почит, Звездана

Г. ВЛАДО _АВСТРАЛИЈА
Живеам во Австралија и имам тешка депресија. Ве видов во „Антена“ и решив да ви се обратам за помош.


Почитуван г-не, вашата депресија е поврзана со голема нервоза. Од таа тешка состојба можете да излезете само со енергетско лечење, и со духовните техники на медитација, кои ќе ви помогнат да ја препрограмирате својата здравствена состојба. Ако Вие имате роднина во Македонија, можете по неа да испратите Ваша слика за да ви помогнам со мојата дарба од растојание, како што сум им помогнала на многу луѓе од Америка, Kанада и Австралија.

Со почит, Звездана

ВЕЛИМИР
Секогаш играм лото но немам среќа да добијам/.


Почитуван г-не, престанете да ги арчите парите за какви било игри, зашто Вам по карма не Ви е одредено да ви дојдат пари на тој начин. Одредено Ви е да имате приватен бизнис, кој ќе Ви обезбеди добра финансиска состојба.

Со почит, Звездана

ДЕНА
Мојата ќерка долго нема никаква љубовна врска и како мајка се прашувам до кога ќе биде сама.


Почитувана г-ѓо, Вашата ќерка во моментов живее со многу ранета душа. Поминува низ тежок период. Потребно е време за да го преболи разочарувањето од неуспешните две врски. Месецов на нејзиниот роденден ќе влезе во убава кармичка година. Нејзината карма ќе ` донесе големо изненадување на личен план. Ќе го сретне човекот кој и е предодреден и ќе формира своја фамилија. Тој ќе ја излекува нејзината ранета душа.

Со почит, Звездана

ДРАГИ
Мојот син не е женет и не работи по својата струка.


Почитувана г- ѓо, немате место за грижи, зашто на Вашиот син му е предодредено да има приватен бизнис. Тоа што сега го изработува и го продава му е доволно за неговите лични потреби, а за другото вие сте го задоволиле како родители . Не грижете се и оставете го тој со својата слободна волја кога точно ќе почне со своја регистрирана фирма и бизнис. Што се однесува до неговата женидба, за две години му престои да има фамилија.

Со почит, Звездана

#



Останати вести
Маската на филантроп крие безмилосен злосторник
Силата ја наоѓам во молитвите и самотијата
Ќе има „трето полувреме“, работната енергиjа не ме напушта

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести