период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 05.02.2017, 13:29

ИKТ СЕKТОРОТ СТАНУВА С¦ ПОГОЛЕМ ИЗВОЗНИK

Македонските информатичари до ноември остварија девизен прилив од 135 милиони евра

Македонија лани до ноември на светскиот пазар извезе компјутерски, информатички и телекомуникациски услуги во вредност од 134,5 милиони евра. Во истиот период увозот на овие услуги изнесуваше 65,5 милиони евра, што значи дека македонските информатичари на земјава ~ остварија позитивен девизен прилив од 69 милиони евра. Иако овие податоци не се однесуваат за целата 2016 година, тие ги надминуваат резултатите остварени во претходната година кога извозот на овие услуги вредеше 129,6 милиони евра, а плусот на девизната сметка беше 46 милиони евра.

Kомпаниите од секторот за информатичко-комуникациски технологии веќе неколку години по ред покажуваат одлични резултати со тенденција еден ден да бидат меѓу главните извозни ставки на македонското стопанство. Нивните производи и услуги веќе имаат поголем придонес за македонскиот извоз од некои сектори што се сметаат за клучни за домашното стопанство.

Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) изготви национална стратегија за извоз на софтвер и ИТ услуги со која како таргет- пазари за македонските ИТ компании се потенцираат скандинавските земји, Холандија, Велика Британија и Ирска, како и Германија и Австрија. Нашите компании веќе имаат остварено добра долгогодишна соработка со партнери од Соединетите Американски Држави и од Kанада.

- Од извозен аспект МАСИТ останува да ги решава предизвиците поврзани со извозни активности како освојување нови пазари, постојан недостиг од квалификувана работна сила, инвестирање во релевантни стандарди за квалитет, кои се барани на таргет-пазарите, постојана потреба од маркетинг и брендинг на државата како и соодветен брендинг на ИKТ-индустријата не како понудувач на евтина работна сила, туку како „вредност за пари“ дестинација - велат во МАСИТ.

Според податоците од Народната банка на Македонија, кои се однесуваат на првите единаесет месеци од 2016 година, најголем удел во ИKТ-извозот имаат компјутерските услуги, од кои се остварени 81,5 милион евра. Истовремено, се увезени компјутерски услуги во вредност од 36 милиони евра, односно чистиот профит од овој сегмент изнесува 45,5 милиони евра. Извозот на телекомуникациски услуги вреди 49,8 милиони евра, а увозот 27,6 милиони евра, што значи позитива од 22,2 милиона евра. Извозот на информатички услуги донесе 3,1 милиони евра, а откако ќе се одбие увозот останува чист ќар од 1,2 милион евра.

Извозот на информатички, телекомуникациски и компјутерски (ИKТ) услуги и производи се зголемува од година во година. Така, во 2015 година тој изнесуваше 129,6 милиони евра, во 2014 година тој изнесуваше 121,3 милион евра, а во 2013 година 119,7 милиони евра и беше поголем за 13 отсто во споредба со 2012 година. Растот се должи на големиот број новоформирани информатички компании во земјава кои соработуваат со големи светски брендови. Околу 95 отсто од извозните активности, македонските компании ги реализираат како подизведувачи на поголеми странски проекти, а само 5 отсто од извозните активности се продажба на спакуван софтвер.

Марјан Блажевски

 

Kомпјутерските програмери со просечна плата од 47.630 денари

Просечната нето-плата на вработен во ноември 2016 година во секторот информации и комуникации изнесуваше 35.424 денари, според статистиката. Во пододделот телекомуникации просекот беше 39.397 денари, а во компјутерско програмирање 47.630 денари.

Софтверските и компјутерските фирми во Македонија вработуваат околу 15.000 луѓе, што претставува околу 2 отсто од вкупниот број вработени. ИKТ-индустријата ја сочинуваат, главно, мали претпријатија со десетина вработени, но има и поголеми со стотина работници.

 

#



Останати вести
Македонски вина и национална храна на саем во Русија
Годинава еден милион евра за органско производство
ЕИБ ќе вложи 100 милијарди евра во климатски проекти
Софиската полиција ќе ги отстранува дизел автомобилите без катализатори
Русија ја замени Саудиска Арабија како најголем снабдувач на Kина со нафта

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести