период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Омнибус
Датум: 13.06.2017, 11:02

НАУЧНИЦИТЕ ЈА ОТKРИЈА ТАЈНАТА НА ’РТЕЊЕТО

Растенијата имаат мозок што им го води животниот циклус

Растенијата имаат долг и необичен еволутивен пат. Kопнените растенија еволуирале уште пред 450 милиони години, но дрвјата се помлади од ајкулите. Цвеќето не се појавило до периодот креда, а тревата почнала да расте пред 40 милиони години.

Kлетки за хибернација и за ’ртење

Во текот на сето тоа време растенијата имаат развиено неверојатни особини, а како што покажува новата студија, која ја спровел Универзитетот во Бирмингем, една од нив е и мозокот. Навистина, не онаков каков што имаат животните, туку збир на клетки што дејствуваат како еден вид команден центар, пренесува IFLScience.

Откриени во ембрионите на растенијата, тие клетки донесуваат клучни одлуки во врска со животниот циклус на растенијата. Најбитно е тоа што, всушност, тие го покренуваат ’ртењето, што е процес што мора да биде внимателно темпиран за да се избегне прераното појавување на површината, додека с` уште е многу ладно или предоцна, кога конкурентната флора веќе добро пораснала и зајакнала. Научниците прво ги лоцирале овие битни клетки кај растенијата Arabidopsis thaliana.

Kомандниот центар е поделен меѓу два вида клетки, оние што ги поттикнуваат семињата да останат во хибернација (да спијат) и оние што иницираат ’ртење. Тие меѓусебно комуницираат со хормони, слично како што тоа го прават клетките во мозокот. Овие клетки ги проценуваат условите во околината и одлучуваат кога е најдоброто време за ’ртење. Исклучително тешко е овој процес да се следи во реално време кај ембрионите на растенијата, па научниците се послужиле со математички модели за да предвидат на кој начин биолошкиот процес ќе се одигра во најчестите сценарија.

До ’ртење со консензус

Бидејќи заклучиле дека оваа хормонална размена е тоа што го контролира процесот на ’ртење, научниците ја искористиле генетички модифицираната верзија на Arabidopsis thaliana, за меѓусебните соединувања меѓу тие клетки да бидат убаво видливи. На тој начин движењето на хормоните меѓу клетките подобро се покажувало, па можело да се види како клетките од командниот центар меѓусебно комуницираат.

- Нашата работа ја откри клучната поделба меѓу компонентите во центарот на процесот за донесување одлуки во растението - изјави водечкиот автор на истражувањето, професор Џорџ Базел.

Но, зошто постојат два вида клетки? Научниците сметаат дека можат да имаат различно „мислење“ за условите во околината, а до ’ртење доаѓа дури кога ќе се постигне консензус. Иако растенијата технички немаат мозок, понекогаш дефинитивно се однесуваат како да имаат.

#



Останати вести
Kога разговарате со себе, не сте луди, туку си помагате, тврди науката

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести