период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 19.05.2017, 15:59

АНДОНОВ ГО ОБИКОЛИ „ЈАСЕН“ СО МЕДИУМИТЕ

Си направија фама за бункери само затоа што јас тука станав директор

 

Постоењето на некогашната воена инфраструктура во „Јасен“ е од периодот на 50-тите и 60-тите години од минатиот век, градена за некои други времиња и модели на одбрана и таа сѐ уште е сопственост на Министерството за одбрана.

„Јасен“ нема допирна точка со тоа, ниту пак има можност да има увид во каква состојба е, вели директорот на овој природен резерват, Оливер Андонов. Тој денеска направи прошетка за медиумите по „Јасен“ за да увидат дека таму нема ништо скришно.

- Јас не верувам дека тие средства и, како што милувате да ги нарекувате, бункери за командување се во некоја кондиција за да обезбедат услови за современо војување - вели Андонов.

Тој демантира дека се подготвувала некаква воена состојба која требало да се реализира токму од „Јасен“.

- Можеби е несреќен случај што јас како човек од одбранбената фела дојдов на местото в.д директор од „Јасен“ за да може некој со тоа да шпекулира дека нешто се подготвува. Целосно ги отфрлам сите информации што беа само шпекулации за подготвување воена состојба. „Јасен“ нема никаква улога да командува и да извршува структурни и воени задачи во однос на воените подготовки. Сè што е поврзано со одбранбените подготовки и планирањето на одбраната е во надлежност на Министерството за одбрана. Одговорно тврдам, стојам зад тоа, „Јасен“ е претпријатие кое се занимава со економија, поврзано со искористување на природните ресурси, односно управува со тоа заштитено подрачје како шумски резерват, ништо повеќе, вели Андонов.

#



Останати вести
Kој од тие што „јадат живи луѓе“ ќе добие ролја директор на МНТ?
Повеќе нe загадуваат оџаците на куќитеотколку рудниците
Бабата Христина и дедото Јован ја чуваат од бебе, а Јована ги вика мама и тато
Има ли место за држава Kурдистан на блискоисточната мапа?
Преговорите продолжуваат, партиите на Албанците од Македонија најверојатно ќе добијат осум министерски позиции
Ристовски: Укинувањето на екстерното е популистичка мерка на штета на децата

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
titan, 21.05.2017 10:03:45
more tepate srni tamo stoki edni. ti zastituvas priroden resurs ?? izbanjaj ja taa glavata samo ti i konevski uste stavate valera gel.
Најнови вести