период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 18.05.2017, 18:21

ПОДЛИ ИГРИ ЗА СООБРАЌАЈKАТА

Илиевски: Евтин обид една несреќа да се прикаже како мое злодело

На булеварот Партизански одреди во Скопје, завчера се случила сообраќајна несреќа на две возила, од кои во едното бил и Богдан Илиевски, еден од предводниците на граѓанското движење „За заедничка Македонија“. Во сообраќајката нема повредени, а се случила откако едното возило, управувано од малолетно лице, го удрило автомобилот во кој се превезувале Богдан Илиевски и неговиот брат, исфрлајќи го надвор од коловозот.

Илиевски вчера на својот профил на „Фејсбук“ ја опиша несреќата како одговор на неколкуте, како што вели, ликувања на една несреќа и обид таа да се претстави како негово злодело.

- На пат кон дома со брат ми бевме во автомобилот на наш многу добар пријател. На 50 метри пред пекарницата „Силбо“, кога преминувавме од средна во десна лента, одзади, со голема брзина, н` удри црн „мерцедес“. Слушнав само тресок, се вртевме неколкупати и застана колата - напиша Илиевски на својот ФБ-профил.

Тој понатаму вели дека веднаш по несреќата на социјалните мрежи и на неколку македонски портали се појавиле текст со наслов „Бетмен славеше за мандатот“ и фотографии од сообраќајката и од него, со намера тој да биде оцрнет во јавноста.

Илиевски додава дека тоа бил евтин обид сообраќајната несреќа да се претстави како негово злодело.

-Да бев јас како нив, ќе го прогласев ова за обид за убиство. Фала Богу не сум како нив, ниту сообраќајката беше таков обид, ни нашиот возач ни момчето што н` удри не беа под дејство на алкохол. Од каде таа омраза? За ликување на сообраќајка на неистомисленици нека им суди Горниот - вели Илиевски.

(Е.З.)

#



Останати вести
Рама и Баша се договорија - избори на 25 јуни?
Јунска трка за 35.000 места
Нема притвор за Kочан, судот прифати кауција од 875.298 евра
Борисов: Со новите колеги ќе направиме европски план за Македонија
Судењето за насилството во парламентот одложено за 23 мај
СДСМ и Беса не сакаат да слушнат за амнестија, другите молчат
Ахмети бара осум, Заев дава пет министерства

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести