период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Спорт
Датум: 21.04.2017, 16:27

Грнчаров и Хасани ќе се ладат два меча за кошкањето во Тетово, Шкендија на дисциплинска

Капитените на Вардар и Шкендија, Бобан Грнчаров и Ферхан Хасани, поради инцидентот на натпреварот во Тетово ќе мора да „одлежат“ по два натпревари, одлучи дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Двата фудбалери влегоа во клинч за време на првото полувреме од реванш-натпреварот во Купот на Македонија, по што судијата Ставрев реши да им покаже директни црвени картони кои ќе ги чинат суспензија од два меча.

Покрај суспензијата на фудбалерите, екипата на Шкендија е предадена на дисциплинска, поради лоша организација на натпреварот, влегување на навивачи на терен, користење на пиротехника и фрлање на предмети. Одлуката за Шкендија од страна на дисциплинецот на ФФМ се очекува да биде донесена наредната недела.

#



Останати вести
Челзи прв финалист во ФА купот
Баерн одигра нерешено дома со Мајнц
Дербито Работнички – МЗТ Скопје Аеродром се игра во „Градски парк“

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести