период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Забава
Датум: 12.06.2017, 17:28

Кети Пери се расплака пред камера

Поп-пејачката Kети Пери викендов одржа маратонски интернет-пренос за обожавателите, во текот на кој ѕвездата го снимаше целото свое секојдневие.

Фановите можеа да ја видат Пери како вежба јога, организира вечера, спие, се шминка и пее, а во дел од преносот имаше и сесија со терапевтот Сири Синг. Во текот на сесијата, која исто така се одвиваше пред камерите, Пери се расплака и призна дека во минатото помислувала и на самоубиство поради преголемиот притисок врз неа како јавна личност.

- Се срамам што имав такви мисли и што се чувствував толку депримирано. Сепак, тешко е да бидеш свој. Понекогаш толку сакам да бидам Kетрин Хадсон (вистинското име на пејачката), што не сакам ни да изгледам како Kети Пери. Делумно и затоа ја потстрижав косата - откри Пери, која деновиве го промовира својот нов албум Witness.

#



Останати вести
"Лачни Франз" на Скопско лето

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести