период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 12.06.2017, 16:59

ОСТРА РЕАКЦИЈА НА КАБИНЕТОТ НА ИВАНОВ НА НАТПИСОТ НА „ФОКУС“

Советникот Алексовски ги почитувал безбедносните протоколи во однос на разузнавачот Живаљевиќ


Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најостро реагира и ги осудува обидите на Фокус на имплицитен начин да се поврзе институцијата Претседател на Република Македонија, како и претседателот Иванов со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година, создавајќи искривена перцепција во јавноста, која не кореспондира со фактите и вистината.

Вака гласи острата реакција на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија на наводите во текстот „Ексклузивно: Каква е улогата на советникот на претседателот Иванов за безбедност, Синиша Алексовски во случајот „Живаљевиќ“?“ на новинарот Зоран Димитровски, објавен на интернет страницата на неделникот „Фокус“ на 12 јуни 2017 година.

„Информираме дека посочениот советник на Претседателот Иванов во написот на Фокус не е овластено лице за пријавување на движење и престој на странски преставници и постапил согласно безбедносните протоколи, за што изготвил и архивирал извештаи проследени до надлежните претпоставени.

Потсетуваме дека Кабинетот на Претседателот на Република Македонија реагираше и побара појаснување на изјавата на г. Агим Нухиу, кој од позиција на министер за внатрешни работи, во интервју за Алсат-М Телевизија на 11 мај 2017 година, повикувајќи се на гласини, посочи на наводен план за употреба на армијата за време на случувањата во Собранието на 27 април. Неделникот Фокус и новинарот Зоран Димитровски, во изданието на 21.04.2017 година најавуваше слично наводно сценарио. Поранешниот министер Нихиу никогаш не го образложи ова свое тврдење, базирано на лажните написи на Фокус.

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија смета дека денешниот напис на Фокус е само продолжение во низата обиди за дискредитација и делегитимирање на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов и на институцијата Претседател на Република Македонија, преку креирање на лажни вести, односно необјективен пристап во информирање на јавноста“, гласи во реакцијата на Иванов.

#



Останати вести
Растенијата имаат мозок што им го води животниот циклус
Уште еден локалитет во Македонија покажа дека малтерот е откриен пред Римјаните
Граѓаните од јули ќе плаќаат пониски казнени камати на сметките и на денарските кредити
Хорор во Скопје: Италијанка силувана од екс љубовникот
(ВИДЕО) Собраниски и владини седници на aлбански јазик
Владата наметна големи очекувања, но нема кадровски решенија за тоа
Алијансата за Албанците ги именуваше замениците-министри
Kога разговарате со себе, не сте луди, туку си помагате, тврди науката
Столтенберг : Ако Атина се согласи да влезете со ПЈРМ, повелете во НАТО
Десет академски уметници ќе ги сликаат најпознатите песни на Блаже Конески, Славко Јаневски, Гане Тодоровски, Ацо Шопов.....
Кети Пери се расплака пред камера
„Kатимерини“: Прием под референцата, „То Вима“: Првин името, па членство
Да создадеме позитивен амбиент во преговорите со Грција, во реформите ќе мора да се вклучи и опозицијата
Заев, како што вети, брзо да ја внесе Македонија во НАТО без промена на идентитетот
Иво Котевски од СЈО барал докази, не ги добил
Македонските фудбалски надежи заминаа за Полска
Вардар во нападот го носи Колумбиецот Алварез
"Лачни Франз" на Скопско лето
Преговорите за Брегзит почнуваат наредната недела

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести