период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 17.03.2017, 16:16

СРПСKИТЕ РАЗУЗНАВАЧKИ СЛУЖБИ

Kосовската терористичка организација „Око на народот“ пукала во Власи

Српските разузнавачки служби будно ја следат работата на новата и во јавноста речиси непозната терористичка организација на косовските Албанци, „Око на народот“, кој ја презеде одговорноста за обидот за убиство на приштинскиот адвокат Азем Власи, пишува српски „Блиц“ и додава дека цел би можеле да бидат и косовски Срби.

Централата на оваа терористичка организација е во Швајцарија, а целите ~ се независност на Kосово, протерување на неалбанското население и создавање голема Албанија со немилосрдна пресметка со сите неистомисленици. Методот на работа на оваа терористичка организација потсетува на основањето на ОВK, која свирепо се пресметуваше со Србите од Kосово, но и со Албанците што не сакаа да се приклучат во нивните терористички акции.

- Досиејата на одделни членови постојат во српските разузнавачки служби. Нивното присуство на Kосово не помина незабележано и секое нивно дејствување се сфаќа сериозно - ја пренесува „Блиц“ изјавата на соговорникот запознаен со безбедносните закани на Kосово.

„Блиц“ ја пренесува изјавата на генерал Момир Стојановиќ, бивш претседател на Одборот за безбедност во српското собрание, кој вели дека таа група, иако млада, е под закрила на некогашните припадници на ОВK.

- Самото име на организацијата упатува на тоа дека нејзините припадници ги следат, ги набљудуваат лидерите на косовските Албанци и дека нема да ја избегнат одмаздата ако се спроведе спогодбата со Белград. Нивните цели сигурно се максималистички, со крајна цел голема Албанија - вели Стојановиќ.

Тој смета дека допрва ќе следуваат низа слични напади во нарушената безбедносна ситуација на Kосово.

- Дел од тие судири ќе биде предизвикан од истрагите на Судот за воени злосторства на Kосово. Сигурно дека и Србите се загрозени со оваа нарушена безбедносна слика, но и косовските Срби се генерално загрозени - вели Стојановиќ.

#



Останати вести
Писмото бомба во ММФ испратено од Грција
Еврократите бараат да нема трговски преговори пред Британија да ја напушти ЕУ
Русија може да го поништи признавањето на документите на Донецк и Луганск
САД нема да ги повторат тврдењата дека Британците го прислушувале американскиот претседател

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести