период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 11.01.2017, 17:44

ЦЕНТРАЛНОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА ДУИ ДЕНЕСKА ЌЕ ПРЕСЕЧЕ

Ахмети: 99 пати ќе размислиме, 100-тиот ќе пресечеме

Ќе одигра ли Али Ахмети во интерес на партијата и Албанците, е клучната дилема во ДУИ, во исчекување партискиот претседател да седне со мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на преговори за новата влада. Дознаваме дека Централното претседателство на ДУИ денеска во 13 часот ќе расправа со какви позиции ќе настапи во преговорите за новата влада или, како што вели партискиот лидер Ахмети, кој правец ќе го фатат.

Ахмети во интервју за телевизијата „21“ не одговори дали ќе коалира со ВМРО-ДПМНЕ, но впечаток е дека остава широко отворена врата да ја продолжи соработката со досегашниот владин партнер. Со образложение дека во партијата с` уште анализираат кој пат да го фатат, Ахмети рече дека ДУИ е исправена пред четири опции - коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, со СДСМ, техничка влада, ДУИ да биде опозиција и нови предвремени парламентарни избори.

- Прашањето во ДУИ не е дали ќе одиме со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ, туку дали одлуката ќе биде, пред с`, во интерес на партијата и на Албанците, особено во пресрет на локалните избори во мај - вели висок функционер на ДУИ.

Засега ниту еден од соговорниците од ДУИ со кои контактиравме не сака да се впушти во процена каква ќе биде одлуката на Ахмети, кој патем и лично потврди дека во ваква тешка и комплицирана ситуација само тој има мандат да преговара со Груевски.

- Пред да почнат преговори со ВМРО-ДПМНЕ, треба да биде завршена анализата за тоа во каков правец ќе оди ДУИ и какви позиции ќе има. Дали ДУИ ќе влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, дали со СДСМ, дали ќе излезе со понуда за техничка, таканаречена проширена влада како што имавме до 11 декември 2016 или можеби ДУИ ќе донесе одлука да биде во опозиција. Сите овие опции се отворени - вели Ахмети.

Наспроти ова, високи функционери на ДУИ велат дека нема потреба од дополнителни анализи.

- Најдобрата анализа граѓаните ни ја дадоа на 11 декември, кога н` преполовија во поддршката и во мандатите. Одлуката е дали ДУИ ќе биде со граѓаните - вели функционерот.

Според извори во ДУИ, и покрај поделеноста во партијата за тоа дали да се продолжи владиното партнерство со ВМРО-ДПМНЕ, нема да биде изненадување доколку Ахмети одлучи повторно да прави влада со партијата на Груевски.

Образложението пред членството и партијата би било дека не е во ред да го наруши веќе воспоставениот принцип победниците да прават влада.

Впечатлива е воздржаноста на Ахмети кон ВМРО-ДПМНЕ за реториката во изборната кампања, но и недовербата во понудата на СДСМ.

- Не верувам во тоа што е кажано само за дневнополитички поени. Добро ги познавам и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Тие воопшто не се разликуваа кога стануваше збор за третирањето и унапредувањето на албанските прашања. Ние не бараме ни повеќе ни помалку од она што е предвидено со Охридскиот договор - вели лидерот на ДУИ.

Сигнал дека е можна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ е и ставот на Ахмети дека работите треба да се гледаат рационално, а не еуфорично. Дека треба да се земе предвид оти не се поволни околностите ниту во земјава, во регионот и пошироко.

Ахмети потврди дека во партијата меѓу клучните теми е и принципот победниците да прават влада.

- Во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ ги понижи Албанците со тоа што не ја зеде предвид волјата на мнозинството. Сега мора да се гледа на последиците. Ова се прашања за кои сега се дискутира во ДУИ, бидејќи одлуката што ќе ја донесеме не сакаме да остави последици за албанскиот народ во Македонија - вели лидерот на ДУИ.

Впечатокот дека Ахмети поголеми шанси дава за влада со ВМРО-ДПМНЕ е и поради резервираноста за можната коалиција со СДСМ.

- Таа не е победничка партија на изборите и кој ни гарантира нам за тоа колку ќе има стабилна ситуација. Секоја избрзана одлука може да предизвика последици. Не брзаме никаде, туку 99 пати ќе размислиме, а 100-тиот ќе пресечеме. За да донесеме одлука ќе ги анализираме придобивките и последиците со ВМРО-ДПМНЕ, со СДСМ, придобивките и последиците со проширена влада или ДУИ да биде опозиција, во многу специфични околности, со големи последици - вели Ахмети..

Според него, ВМРО-ДПМНЕ е политичка сила, која има поголем капацитет од СДСМ и има речиси сто отсто македонски гласачи и тоа треба да се почитува.

Лидерот на ДУИ повтори дека услов за владина коалиција е албанската платформа.

Мариела Траjковска

#



Останати вести
Ако РТ е пропагандна машинерија, тогаш што се ББЦ и ПБС?
Новата влада треба да има широка поддршка за спроведување на пржинскиот договор и реформите
Еди Рама е новиот балкански Милошевиќ

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Mihail, 12.01.2017 09:31:01
Vo platformata sto ja usvoija trite albanski partii vo Makedonija ima 150% baranja(politicki,ekonomski i drugi) za da dobijat 50%.Dali politicarite pomisluvaat deka niedno malcinstvo vo niedna drzava na svetot nema takvi uslovi kako sto imaat Albancite vo Makedfonija? Ili mislat sega Makedoncite se premnogu razedineti i mozeme da dobieme i NEVOZMOZNO!?!
Никој и ништо, 12.01.2017 09:35:35
Судбината на Македонија.....зависи од Али Ахмети....Македонци,масовно самоубивајте се.Не заслужувате држава.
напалм, 12.01.2017 09:54:59
научи прво македонски па после биди шнајдер е мојата порака до вас.
Најнови вести