период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 19.04.2017, 14:50

Со „Реквием за госпоѓа Ј.“ утре почнува 20. Скопски филмски фестивал

Јубилејното 20. издание на Скопски филмски фестивал почнува утре со филмот „Реквием за госпоѓа Ј.“ на режисерот Бојан Вулетиќ.

На програмата на 20. издание на Скопје филм фестивал, од 20 до 28 април, ќе се најдат повеќе од 75 филмови, работилници и гостувања на реномирани филмски имиња, во кино „Милениум“, Кинотека на Македонија и кино „Фросина“.

Филмот „Реквием за госпоѓа Ј.“ годинава беше дел од официјалната програма „Панорама“ на 67. Берлински филмски фестивал, а на свеченото отворање како што е најавено, пред публиката ќе се поклонат легендарната Мирјана Карановиќ која ја игра главната улога, режисерот и сценарист Вулетиќ, како и дел од филмската екипа.

На фестивалот ќе се одржи Ретроспектива на Стенли Кјубрик, на која ќе бидат прикажани пет негови филмови, а на 23 април извршниот продуцент на филмовите на Кјубрик Јан Харлан ќе одржи предавање. На 27 април во кино Фросина, ќе  се одржи работилница за анимиран филм со Берин Тузлиќ, мултимедијален уметник од Сараево.

Автор на плакатот за годинашното издание на фестивалот е македонскиот ликовен уметник Ване Костуранов.

Филмовите се распоредени во осум програми. Најновата македонска филмска комедија во режија на Коле Ангеловски „Ах љубов моја“, како и неколку краткометражни филмови ќе бидат прикажани во програмата на филмови од Македонска продукција.

Во Гала програмата ќе биде прикажана комедијата на оскаровецот Фернандо Труеба, „Кралицата на Шпанија“, со Пенелопе Круз, како и „Невидливиот гостин“ на режисерот Ориол Пауло и најновото остварување на Бруно Думон,  „Заливот Слек“, со Жулиет Бинош во главната женска улога.

На програмата Авторски филм, ќе бидат прикажани филмовите „Загубени во Париз“ на режисерите Фиона Гордон и Доминик Абел, „Кафуле“ на Алекс де ла Иглесија и вторит дел од полуавтобиографска филмска трилогија „Бесконечна поезија“ на Алехандро Ходоровски.

Како дел од програмата Панорама на светскиот филм, ќе бидат прикажани шест остварувања, меѓу кои се рускиот филм „Ученик“ на режисерот  Кирил Серебреников, американскиот „Каков што си“, на Мајлс Џорис-Пејрафит и „Вива“ на режисерот Педи Бретнах.

Вкупно 12 филмови од европска продукција и уште 13 краткометражни шпански филмови, ќе бидат прикажани во рамки на програмата на Краток филм.

Скопје филм фестивал и Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината птица“, годинава преку детската филмска програма „Креираме заедно“, ги вклучуваат и децата во креирањето на фестивалската програма. Во програмата  учествуваат ученици со и без попреченост на возраст од 9 до 14 години од осум инклузивни училишта од Скопје, Тетово и Струмица кои во духот на самозастапување говорат за себе и својот свет преку работилниците за фотографија, видеозапис и ликовно решение за плакатот на детската програма.

#



Останати вести
Кражби во казино и обложувалница во Скопје и Прилеп
Вучиќ: Изразувањето на лични желби не придонесува за добри односи
Kинески танчари со македонска кореографија на турнеја во Европа
Украдените пари од НЛБ со „голф“ пренесени во Србија
Има солидна основа за интензивна економска соработка меѓу Македонија и БиХ
Видал: На „Сантијаго Беранбеу“ се случи класична судиска кражба
Убиецот од Фресно мразел белци и мислел дека е во војна
Момите лудуваа по баце Kоле и по неговиот кадифен глас
Кајли Миног во врска со принцот Ендрју?
Тужба против Џес Бејли и УСАИД
Високата изборна комисија ги отфрли барањата на опозицијата за поништување на референдумот во Турција
„За заедничка Македонија“: Ние не сме од шеќер, ние сме од титаниум
Видео: Инцидент ги повлече фудбалерите на Шкендија и Вардар под трибините
Пристигната иницијатива за членови од Законот за локална самоуправа
Иванов упатил телефонска честитка до Ердоган
Не е вистина дека сме ја прифатиле тиранската платформа
Прекинат мечот Шкендија – Вардар во Тетово
Извршната директорка на Централниот регистар на хартии од вредност поднесе оставка
ММФ ја намали прогнозата на економски раст од 3,5 на 3,2 % за годинава
Заев се сретна со амбасадорите на Германија, Британија, Холандија, Шведска и Ирска
Лекар и пријател му помагале на Принс да најде опиоидни аналгетици
Фудбалери на Баерн Минхен упаднале кај судиите по поразот од Реал Мадрид
Поднесено обвинение за случајот „Транспортер“
Неопходно е единство и формирање на институциите
Хакери разголија уше 14 славни жени
Самсоненко: Ако има судиска неправда ќе се повлечам од првиот тим
ХХL-манекенките ги освојуваат насловните страници
Уште тројца осомничени за грабежот во НЛБ Тутунска банка
Правот од коноп спречува болести на срцето

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести