период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Омнибус
Датум: 21.04.2017, 20:12

Рускиот робот Федор како Џејмс Бонд

Идниот руски астронаут и суперандроид Федор е обучен за пукање во цели и за донесување самостојни одлуки.

Неговите креатори сакаат дополнително да му ги подобрат моторните вештини, како и алгоритмите за донесување одлуки, истакна рускиот заменик-премир задолжен за одбранбена и вселенска индустрија, Дмитриј Рогозин.

Федор  ја демонстрира способноста за пукање од двете раце, напишал Рогозин на „Твитер“, напоменувајќи дека пукањето во цел му овозможува на роботот „одредување на приритетите и донесување одлуки во моментот“.

Роботот претходно ја демонстрирал способноста за прицврстување светилки, со што покажал дека може да ракува и со кршливи предмети. Тој ги совладал и ставањето клуч во брава, отворање врата, вклучување светло и возење автомобил, наведува „Руски збор“.

Роботот го развива Фондот за андроидна технологија и напредни истражувања под надзор на руското Министерство за итни ситуации.
Освен проектот „Спасител“, Федор ќе биде во состојба да извршува и други задачи.

Тој ќе биде единствениот патник во новото руско вселенско летало „Федерација“ во текот на неговиот прв лет во 2021 година.

#



Останати вести
Уметник три недели седел на јајца, се испилиле 10 пилиња
Кејт Мидлтон: Се посветив на децата и се чувствувам осамено
Зошто такси возилата се во жолта боја?

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести