период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 17.03.2017, 18:08

ДОДА ВОИНСТВЕНО ПРОтив македонците

Тие се узурпатори на измислена држава

Пратеничката од редовите на албанската Партија за правда, интеграција и единство (ПДИУ), Месила Дода, завчера во говор пред своите колеги пратеници во албанското собрание ги повтори ставовите за Илирида. Таа истакна дека татковината е една и го повтори барањето за независност на Илирида, пренесе албанскиот весник „Сот њуз“.

- И мнозинството и опозицијата рекоа дека ова е неприфатливо. Kој дел од мојот говор не беше прифатлив? Тоа што реков дека се вика Илирида? Тоа се користи уште од пред 22 века, се користело во средновековието и била автономна покраина, дел од Дарданија. Kој дел не го разбраа Словените од Македонија? Тоа што барав ако не се донела влада само поради стравот од јазикот на Мајка Тереза, Албанците имаат право да прогласат референдум за автономија? Повторувам, во држава што не ги сака, не ги цени и не ги почитува, претседател што прогласува за непријател половина од својата популација, тие нема зошто да живеат - истакна албанската пратеничка.

Таа додаде и дека Kосово и Албанија треба да ги поддржат Албанците во Македонија.

- Живееме во 2017 година и Албанците од Илирида треба да живеат слободно, да го уживаат правото на јазик, знаме, просперитет, да ги уживаат правата како еднакви државјани и ако узурпаторите на оваа измислена држава не го сакаат и не го признаваат тоа, Албанците треба сами да одлучат за својата иднина и во овој чин ние сите заедно не треба и не можеме да ги оставиме сами. Албанија не ги остава сами, Kосово не треба да ги остави сами, дијаспората треба да лобира за нив и да не ги остави сами - наведе Дода.

Таа јасно порача дека и понатаму ќе остане на својот став и ќе ја испраќа истата порака за обединување.

- Јас не се плашам. Нема да прекинам да велам дека имаме потреба да се чувствуваме поблиски, дека имаме потреба да живееме обединети, но во правна и модерна држава. Ова е мојот сон и во него нема војна, има единство, просперитет, верба и љубов. Во него има само една татковина - рече на крајот албанската пратеничка.

Дода претходно предизвика бран реакции кога кажа дека Македонија не постои, дека е стара албанска покраина и се вика Илирида.

Албанските медиуми деновиве пренесоа дека Дода има потекло од Гостивар. Инаку, во интернет-енциклопедиите стои дека ПДИУ е националистичка партија, чија цел е промовирање на националните прашања. Целите на партијата се изрази во борбата на етничките Албанци кои се соочуваат со предизвици што ги засегаат нивните права. Партијата се фокусира на нагласување на националните прашања, вклучително и во Kосово, Албанците во Македонија, Црна Гора, прешевската долина и особено за Чамите.

Ефтим Митревски: Албанија се граничи со Македонија, а не со некаква Илирида

Пратеничката Месила Дода осум години ништо не кажала, а сега најде да зборува гнасни работи. Ние во целост ги отфрламе нејзините ставови - изјави вчера Ефтим Митревски, македонски активист во Албанија и главен уредник на весникот „Преспа“.

- Ние сме граѓани на Албанија и такви изјави на некои албански политичари не придонесуваат за добрососедските односи. Ние овде не знаеме дека постои или постоела Илирида. Ние знаеме дека Албанија се граничи со Македонија. Kако претставник на Чамите би било подобро да зборува за нивната положбата во Грција - вели Митревски.

#



Останати вести
Kога ќе ти снема гласачки ливчиња, купуваш од печатница
Ова не е марш на омраза, ова е марш за одбрана
Вистинско заедничко живеење се постигнува единствено во мир

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Davor, 18.03.2017 06:30:59
Tvojata drzhava PKRA(Poraneshna komunistichka Republika Albanija)e izmislena.Pred 22 veka i vo srednovekovieto ne postoel poimot Albanija na Balkanot.Dali ova im e jasno na Latinite vo PKRA?Edno vreme vo antikata,teritorijata kaj shto e sega PKRA,bila del od Makedonija.Pa zoshto da ne ja narekuvame sega PKRA zapadna Makedonija?
јанѕа, 18.03.2017 11:02:08
Убава и плавуша-како од вицевите. Штом ќе зине се ви е јасно. Ама и од вакви „умувања“ не боли главата. Ако шест години во парламентот молчела а зборува сега и најавува дека ќе продолжи, некој на плавушава и кажал што да мисли и што да кажува. Нашите во Албанија треба сега да постапат исто као и албанците овде, да истакнат македонски знамиња, да шкртаат пароли, да градат споменици на македонски револуционери без да се плашат дека ќе направат нешто што е лошо. Секогаш кога ќе бидат обвинети за тоа, гласно и јасно да се повикаат на примерот од македонските албанци и на фактот дека ниту еден наш револуционер не дигнал бунт и не вперил оружје против албанците и нивната држава. Питомиот секогаш го извлекува подебелиот крај. До кога?
Frustracija, 18.03.2017 11:38:17
Zarem bese neophodno ovaa seksualno frustrirana plavusa da ja istoporite na naslovna strana ? Ona sto go zboruva nema vrska so zdraviot razum,svesta i e stesneta od iredentizam,a horizontot i zavrsuva na vrvot od nosot.Albancite zamizuvaat pred faktot deka tie se naseleni na ovie prostori 300-400 godini posle Slovenite,a poveke od 2000 godini posle Ilirite.Neli site toponimi vo Albanija imaat slovenski karakter,neli toa dokazuva deka po doseluvanjeto negde istocno od Kavkaz na ovie prostori,tuka gi zateknale Slovenite i ostatocite od ilirskite pleminja,od koi denes edinstveno poteknuvaat Vlasite.Neli albanskiot jazik e od indoevropsko poteklo,a ne od latinsko,sto e dokaz deka tie ne bile prisutni na balkanot vo vremeto na Golemata Rimska imperija,inaku,sakale-nekele,ke go naucea nivniot jazik,kako sto toa go napravile starosedelcite Vlasi.
Најнови вести