период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 12.06.2017, 09:54

ПРОБЛЕМОТ НЕ СЕ РЕШАВА СО ГОДИНИ

Привремените работници не може да земаат надоместок поради листата за стаж што ја кочи ПИОМ

Фондот за пензиско осигурување не сака да го реши проблемот со стажот на привремено вработените лица поради што десетици таканаречени „изнајмени“ работници во земјава не можат да користат права што им следуваат и ним како на редовно вработените. Ова го тврдат Агенциите за привремени вработувања, кои со месеци мака мачат да го решат проблемот кој ги засега нивните изнајмени работници, но, како што велат од Фондот, добиваат одговор дека не можат да го решат.

Поради тоа, ангажираните не можат автоматски да користат права.

Kако на пример, надоместок за невработеност доколку имаат 9 месеци непрекинат стаж, бидејќи не можат да достават листа со стаж што им ја бара Агенцијата за вработување. Агенциите за привремено вработување за проблемот одамна ги алармираа надлежните но иако проблемот со здравственото осигурување се реши, оној со стажот сеуште не можат. Практично Фондот за пензиско осигурување не им го вметнува стажот на привремено вработените лица во земјава, иако тој е платен, се додека Агенцијата преку која се ангажирани не ги намири сметките за сите изнајмени работници, иако сите работат за различни фирми.

Да се плати за сите, оти нема стаж за никој

- С` уште го имаме истиот проблем, Фондот не сака да запише стаж за поединец, доколку не се однесе за сите, иако тоа не е предвидено во ниеден закон. Од февруари 2015 година кога го решивме со измена на законот проблемот со Фондот за здравство, изработуваме пресметка за секој работодавач одделно и таа ја пуштаме во Управата за јавни приходи и автоматски тоа се евидентира како платен придонес. И покрај тоа што во ПИОМ кога ќе отворат за лице и ќе видат дека придонесот е платен, кога ќе издадат листа на стаж тој не се евидентира ако не се поднесе збирна за сите работодавачи каде што имаме изнајмени работници. Значи секој работодавец мора да плати за сите лица отстапени кај него, меѓутоа Фондот за пензиско тие уплати не ги признава с` додека не донесеме дека сите работодавачи на кои им имаме отстапено работници имаат уплати – вели Раде Ненадиќ, директор на Агенцијата за привремени вработувања „Партнер“.

Тој потенцира дека тоа е класичен софтверски проблем, кој се решава за 15 минути, но Фондот не сака да го реши.

Фондот за ПИОМ уште молчи

- Секако дека тоа е проблем за отстапените работници, оти им фалат тие месеци во пензискиот стаж, иако за него постои податок дека е платен придонес. Не можат да користат ни надоместок од Агенција за вработување ако соберат 9 месеци стаж - објаснува Ненадиќ.

„Дневник“ неколкупати пишуваше дека агенциите за привремени вработувања имаа проблеми и со УЈП и Фондот за здравствено осигурување, но тие неодамна се решија. Така, УЈП сега ги одвојува овој вид агенции како посебни субјекти, бидејќи реално

тие не може да префрлаат плата во исто време за сите ангажирани работници . Од Фондот за здравство им излегоа во пресрет и сега софтверски е регулирано правото за здравствено осигурување за ангажираните работници на годишна основа.

Меѓутоа од Фондот за пензиско вчера не добивме коментар дали се работи на решавање на проблемот. Но неколкупати претходно кога прашавме, го добивме истиот одговор - дека го знаат проблемот и оти чекаат официјален одговор од УЈП како да го решат.

Александра Филиповска

#



Останати вести
Почина првиот Бетмен
Само изборите и формирањето на владата не се доволни да се добие препораката
Пропелер од претстави во "Кино култура"
Андре Силва пристигна во Милан за 38 милиони евра
Во Шведска отворен Музејот на промашувањата
Изложба на корици „Прошетка низ Европа“
Бензините поевтинуваат за 1,5, а дизелот за 2,5 денари
Во Скопје ограбени триесетина возила во подземна гаража
(ВИДЕО) Кој е подобар Џејмс Бонд?
Атина под притисок за прием на Македонија во НАТО
Еден Македонец лани испил 11 литри млеко, 9 литри пиво и 24 литри газиран сок
Осуден напаѓачот на Сандра Булок
"Фајненшел тајмс“ се коригираше за промената на името
Тајната на нацистичкиот гроб среде непроодната бразилска џунгла
Македонија ќе го добие првиот фестивал на книжевност за деца
Скопјанец фалсификувал од лични карти до судски уверенија
Пандев: Игравме колку што ни дозволија Шпанците

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести