период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 18.05.2017, 12:27

ВЕЧЕРВА НА ПРЕСТИЖНИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ЛУДВИГСБУРГ, ГЕРМАНИЈА

Светска премиера на „Ептен македонско“ на Симон Трпчески

„Ептен македонско“ - „Македонисимо“ е насловот на најновиот проект на македонскиот пијанист со светска слава Симон Трпчески, кој вечерва ќе има светска премиера на престижниот Фестивал во Лудвигсбург, Германија. Сплетови од македонски ора со неколку песни, едно камерно видување на македонската музика преку пијано, виолина, виолончело, кларинет, саксофон, кавал и цел сет удиралки се дел од 80 минути македонска музика во проектот „Македонисимо“.

Најавувајќи го проектот, Трпчески рече дека „Македонисимо“, односно „ептен македонско“, „проект посветен на мојот македонски народ“, ќе ја одбележи годината.

- Станува збор за проект со македонска музика, на кој му се радувам искрено, како на мало дете. Многу долго работев на него во мојата глава, од големиот број обврски досега немав можност да го реализирам, но среќен сум што конечно се случува - рече Трпчески во последното интервју за Македонското радио.

Трпчески минатата година го отвори фестивалот во Лудвигсбург, со музичкиот уметнички директор, финскиот диригент Пиетари Инкинен.

- Луѓето беа одушевени и на многу спонтаната покана да настапам повторно ја кажав својата идеја и проектот на кој работев и во тој период. Тие со отворено срце ја прифатија оваа идеја и посакаа проектов да се презентира кај нив - вели пијанистот.

Претстои претставување во светот

Станува збор за проект што вклучува сплетови од македонски ора со неколку песни што би донеле шарм на целата инструментална димензија на овој проект.

- Тие сплетови јас лично ги избрав и конципирав и при тоа би сакал да им се заблагодарам на вработените во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ за нивниот професионален придонес, совети, информации и материјали што ми беа од огромна помош, како и на вработените во Ансамблот за народни игри и песни „Танец“, кои исто така ми помогнаа во подготовката на овој проект - објаснува Трпчески.

Музичката обработка на делата, кои траат вкупно 80 минути, е на македонскиот композитор Панде Шахов. Проектот вклучува квинтет, камерно видување македонската музика, односно пијано, виолина, виолончело, кларинет, саксофон и кавал и еден цел сет удиралки.

На светската премиера во Лудвигсбург, покрај Трпчески, ќе настапат и Александар Kраповски на виолина, кој работи во Операта во Барселона, Александар Сомов од Бугарија на виолончело, инаку водач на челисти во Стразбуршката филхармонија, Франција. На кларинет, саксофон и на кавал специјално за оваа прилика, ќе настапи Хидан Мамудов од Штип, кој живее и работи во Виена, а зад удиралките ќе застане Влатко Нушев, чии идеи, според Трпчески, се покажале драгоцени во процесот на создавање на овој проект.

- Искрено се радувам и едвај чекам да се изведе проектот и се надевам дека ќе наиде на убав прием кај публиката, не само во Лудвигсбург, туку и секаде низ светот каде што се надевам дека ќе успеам да го претставам – вели Трпчески.

Kонцерти од Швајцарија до Kолумбија

Годинава, македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески концертира во Швајцарија, на Флорида во САД, имаше деби со Kралскиот шкотски симфониски оркестар во Перт, Единбург и Данди, рецитал на фестивалот во Баден-Баден, Германија, a настапи и со Дрезденската филхармонија во новата сала во Антверпен, Белгија, како и во Kелн и одржа два концерта во Дрезден.

Во Варшава и Kатовице, Полска, настапи како солист на Радио-симфонискиот оркестар на Франкфурт. Во Лвов, Украина концертира со виолистот Александер Земцов, кој овој пат настапи како диригент, во британската престолнина настапи како солист на Лондонскиот симфониски оркестар под диригентската палка на нивниот нов гостин-диригент Франсоа Гзавие-Рот во „Барбикан центарот“, а во распродадениот „Ројал Алберт хол“ и на гала-концертот на „Kласик еф-ем“. Вторпат настапи и во Богота, Kолумбија, со челистот Даниел Милер Шот и со Оркестарот на Хале од Германија. Во мај се случија и вторите настапи со Шведскиот камерен оркестар, како и првото гостување во Палермо, Италија.

На почетокот на мај, пак, Трпчески учествуваше на изведбата на Гершвиновата „Рапсодија во сино“, на два концерта во Вајмар, Германија.

#



Останати вести
СДСМ во Собранието ќе поднесе предлог за укинување на екстерното тестирање
Вал Kилмер го победил ракот со духовни методи
Кочан ќе остави гаранција од 875.000 евра во движен и недвижен имот
Али Ахмети: Се надевам дека брзо ќе се договори Влада, преговорите започнуваат утре
Ветувањата на СДСМ за екстерното ги трауматизираа учениците
Антиќ од утре на својот четврти завршен турнир во Евролигата
Субвенционирањето започна, исплатени околу 8 милиони евра за 2015 и 2016-та
Хотелите во Грција летово поскапи до 30 отсто, апартманите по иста цена
Без знаење на сопругата го зел четиригодишниот син и си заминал во странство
Фамилијата на Сет Рич тврди дека тој немал врска со имејловите што ги објави „Викиликс“
Здравко Чолиќ го освои и Нов Зеланд
Шишкарев го продолжи договорот со Вардар
Силјан и Смилевски со нови книги одбележаа 50 години пријателство и соработка
Имаше соработка со Сорос, но на помало ниво отколку што некои сметаат
Ќе се постават тактилни патеки кои ќе предупредуваат на пречки
Излез за деблокирање на општините ќе се бара и во паралелни седници?
(ВИДЕО) Почина Крис Корнел
Штербик: Треба да ги најдеме слабостите на Барса ако ги има
Николиќ: Не ми се напушта Скопје, сакам да играме мајсторка
Одложено судењето против деветмина обвинети за насилство во Собранието
Пијанец ќе произведува еколошки мед
Првпат во Македонската филхармонија - музика од најпопуларните видеоигри во светот
За тригодишен престој на родител во Австралија ќе се плаќа 5.000 долари
Џеј Зи и Бијонсе и официјално - милијардери
Пелистер освојувач на купот, ја совлада Шкендија во финалето на пенали
Иванов треба да се сретне со Путин при посетата на Москва
Германското МНР до македонските политичари: Во иднина повеќе да нема политички интриги, Македонците тоа не го заслужуваат
Заев: Прво ќе се сретнеме со ДУИ, па БЕСА и на крај со Алијансата
Тиранска платформа постоеше и гаранциите што ги барав се оправдани
Бандерас и Болдвин ќе ги глумат Ламборџини и Ферари
Во Македонија има еден милион профили на „Фејсбук“
Стап­ка­та на нев­ра­бо­те­ност во Бу­га­ри­ја 6,9 от­сто
САД: Првиот чекор за излез од кризата е направен
Лани помалку и бракови и разводи
И Лестер во листата клубови заинтересирани за Алиоски
Скопјанецот од Дебар Маало што со секира отепа куче ќе одговара за мачење животни
Џафери даде исказ пред ЈОРМ за настаните од 27 април во Собранието
МКФ го одбра Џордан Теодор да и помага на македонската репрезентација
Црвените линии на Иванов ја срушија Тиранската платформа
Ахмети го поздрави доделувањето мандат на Заев
Почнува 70. јубилејно издание на Канскиот филмски фестивал
Прелетав половина планета за да присуствувам на раѓањето на првото внуче
Гимназијалец од „Корчагин“ претепал врсник
Мезиер предизвика дебата за идентитетот со наслов „Не сме бурка“

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести