период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Актуелно
Датум: 19.05.2017, 12:19

Иванов од утре во Јордан

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, утре ќе престојува во работна посета на Кралството Јордан по повод учеството на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка,  што се одржува во Аман.

Претседателот Иванов ќе учествува на пленарната сесија на свеченото отворање на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка и на сесијата на тема „Заштита на бегалци: наша морална одговорност“.

Во рамки на работната посета, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ќе оствари билатерална средба со Кралот на Хашемитското Кралство Јордан,  Н.В. Абдула II, како и повеќе билатерални средби со учесниците на форумот.

На Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка е најавено учество на над 1000 политички лидери, претставници од бизнис секторот и цивилното општество, од повеќе од педесетина држави.

Темите на дискусија на форумот се однесуваат на улогата на Кралството Јордан во регионот, економските перспективи на земјите од овој регион, промените во геополитиката и хуманитарните предизвици во однос на состојбите во Сирија, Ирак и Либија, како и актуелната мигрантската криза.

#



Останати вести
На хартија мед и млеко, во пракса економската програма зависи од многу фактори
Трамп е убеден дека специјалниот советник нема да најде ништо во истрагата за врските со Русија
Ќе го убијам ако Методи зел пари од кралот за да стане Србин
Почнуваат преговорите за нова влада, денеска средба Заев – Ахмети
Најавени нови искачувања на младиот неготински планинар
Рама и Баша се договорија - избори на 25 јуни?

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести