период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Online Омнибус
Датум: 20.03.2017, 14:42

ИСKОРИСТЕТЕ ГИ ПРВИТЕ ПРОЛЕТНИ ДЕНОВИ

Дивиот лук e одличен и како храна и како лек

Искористете ги првите денови од пролетта за да излезете во природа и да си наберете див лук. Ова растение важи за една од најмоќните билки која го подобрува здравјето и решава голем број болести, но сите овие придобивки може да се искористат само ако растението се набере во вистинското време. Имено, лековитите препарати од дивиот лук се прават само во сезоната кога се достапни младите листови и сочните луковици. Нивното терапевтско дејство е еднакво на лукот, за што кај двете билки е заслужна високата концентрација на етерични масла кои содржат сулфур (алицинот). Многу е важно да се внимава и при берењето дивиот лук да не се помеша со отровните видови како што се момината солза и мразовецот.

Дивиот лук (Allium ursinum) е зелјеста билка која расте до 30 сантиметри во височина. Цветовите се бели, со долгнавести ливчиња собрани во китка на врвот на тенко светлозелено стебленце. Подземниот дел од билката е мала луковица со беличеста боја. Листовите имаат сјајно зелена боја и со долгнавест, копјест облик потсетуваат на листовите на момината солза. Тие го имаат карактеристичниот мирис на лукот и по тоа ова растение се разликува од сите други билки со сличен изглед.

Дивиот лук расте на влажни ливади, богати со хумус, како и во листопадни и зимзелени шуми.

Лековите делови се младите листови што се берат во април и многу ретко во мај, додека подземните луковици се собираат во летните месеци и наесен.

Дивиот лук поволно влијае на лекувањето на артериосклерозата, високиот крвен притисок и на повеќе тегоби на желудникот и цревата, како и на болестите на црниот дроб. Kористењето на неговиот екстракт се покажало како добро во терапијата на болестите на респираторниот систем

(при астма и бронхитис). Делотворен лек е против цревни паразити кај децата и ја стимулира работата на желудникот и на цревата.

Исто така, помага кај раните што бавно зараснуваат и во тој случај тие треба да се премачкаат со свеж сок од ова растение. Го забрзува излачувањето на слузта од белите дробови и го олеснува искашлувањето, што е особено корисно за повозрасните луѓе на кои белите дробови им се полни со слуз и имаат тегоби при дишењето.

Младите листови на дивиот лук набрани во пролет пред билката да процвета се употребуваат во исхраната како зачин за чорбите и на другите јадења, а може да се јадат и како салата или да се подготват на ист начин како што се готви спанаќот. Луковицата се користи на ист начин како и лукот.

Но, со сушењето на билката се губат нејзините лековити својства и затоа трудете се секогаш да ја користите во свежа состојба. Лековитите состојки може да ви бидат достапни во текот на целата година само ако направите тинктура од дивиот лук.

Kако се подготвува тинктурата?

Исчистете и измијте 250 грама луковици од див лук. Во поширока тегла налејте 3-4 прста комова ракија со јачина од 40 степени и уфрлајте ги луковиците една по една притоа гмечете ги со дрвена лажица. Нив може да ги згмечите и надвор од теглата, но тогаш целиот препарат ќе добие потемна кафена боја поради оксидацијата при допирот со воздухот. Kога ќе ги згмечите сите луковици, добиената каша преку инка префрлете ја во шише со темна боја и додадете го остатокот од ракијата (вкупно 1 литар ракија). Внимавајте во шишето да остане доволно место за да можете повремено да го протресете и да измешате со долго дрвено стапче.

Се препорачува да се зема од тинктурата наутро и навечер по една чаена лажичка (10 до 20 капки) помешано со половина чаша млеко или јогурт. Ако ја мешате тинктурата со млеко, тоа никогаш не смее да биде врело. Овој лек се користи при затнати крвни садови и висок крвен притисок.

#



Останати вести
Припадниците на народот Тсимани имаат најздрави срца во светот
Истрчала седум маратони, на седум континенти, во седум дена
Чак Бери замина во вечноста
Хуманитарна трка за децата со Даунов синдром
Дeнеска е Светски ден на среќата
Евреите во војската на Хитлер

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести