период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Online Омнибус
Датум: 20.03.2017, 11:48

СУПЕРБАБА МАРАТОНKА

Истрчала седум маратони, на седум континенти, во седум дена

Седумдесетгодишната Чау Смит истрчала четири маратони за пет недели, десет маратони во една година и повеќе од 70 маратони во текот на животот. Меѓутоа, тоа не ~ било доволно, па одлучила да истрча седум маратони за седум дена на седум континети. Оваа Американка ја постигнала својата неверојатна цел оваа година во јануари. Од 25 до 31 јануари истрчала маратони во Перт (Австралија), Сингапур (Азија), Kаиро (Африка), Амстердам (Европа), Њујорк (Северна Америка), Пунта Аренас (Јужна Америка) и на Островот на Kралот Џорџ (Антарктикт). Секој ден Смит станувала и истрчувала по 42,2 километра, а потоа со авионот одела на следната дестинација, за тоа да го направи пaк.

- Ми требаа осум месеци тренинг. Последните четири месеци секоја недела трчав од 15 до 130 километри - изјавила Смит.

Уште девет луѓе ~ се придружиле на оваа седумдесетгодишна жена во трчањето маратон на седум континенти.

Смит честопати тренира со својот сопруг, кој исто така трча целиот свој живот. Kога најавила дека сака да истрча „трикратен 7 предизвик“, тој ја поддржал, но бил загрижен за нејзиното здравје. Без оглед на с`, таа ја постигнала својата цел.

#



Останати вести
Дивиот лук e одличен и како храна и како лек
Припадниците на народот Тсимани имаат најздрави срца во светот
Чак Бери замина во вечноста
Хуманитарна трка за децата со Даунов синдром
Дeнеска е Светски ден на среќата
Евреите во војската на Хитлер

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести