период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 19.05.2017, 16:06

ЗАВРШИ СРЕДБАТА ЗАЕВ - АХМЕТИ

Преговорите продолжуваат, партиите на Албанците од Македонија најверојатно ќе добијат осум министерски позиции

 

Заврши првата средбата помеѓу мандатарот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети во преговорите за формирање на Влада што неколку часа се одвиваше во седиштето на СДСМ.

Според информациите, на оваа средба се усогласувале ставовите околу најважните точки од програмата на новата влада, но и околу распределбата на министерските позиции. Сепак, по средбата двајцата лидери не дадоа изјава за медиумите.

Во игра се неколку имиња. Како што дознава ТВ21, Радмила Шеќеринска, Драган Тевдовски, Оливер Спасовски, Мила Царовска, Љупчо Николовски и Едмонд Адеми, се имињата кои се речиси потврдени за идниот кабинет на Зоран Заев.

Партиите на Албанците ќе добијат осум ,односно девет министерски места, од кои две без ресор. За позицијата вицепремиер за спроведување на Охридскиот договор, се спомнува  името на Изет Меџити, а Теута Арифи има можност да биде нов шеф на државната дипломатија. Арбен Таравари се спомнува како нов министер за здравство, доколку овој ресор го добие Алијанса за Албанците.

#



Останати вести
ФУЕН изгласа резолуција за правата на Македонците во Албанија
Нападнат возач во Скопје, разбојниците му го одзеле возилото
Со Трпчески и Ашкенази вечер се отвора новиот објект на Македонската филхармонија
Речиси 100 парови изговорија „да“ на колективна венчавка
Си направија фама за бункери само затоа што јас тука станав директор
Ристовски: Укинувањето на екстерното е популистичка мерка на штета на децата

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Ilija, 20.05.2017 22:12:11
Teuta e normalno da bide ministerka za nadvoresni raboti. Taa na sredbite so strancite ke zboruva albanski za da gi uveri sogovornicite oti ovaa zemja e albanska i deka Makedoncite nema sto da baraat, tuku da prifatat da bidat gragjani od vtor red. I podpretsedatelot za integracija svo EU ke mora da bide albanec i toj na svetot da mu pokaze deka ovaa zemja e albanska. Zaev, samo ke moze da se slika so niv i so velikiot Ahmeti i da igra kako ke mu svirat, koga gi simna i pantolonite i gakite (simbolicno).
Најнови вести