период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 20.03.2017, 15:18

ФУДБАЛ - МАKЕДОНИЈА ГИ ПОЧНА ПОДГОТОВKИТЕ ЗА ЛИХТЕНШТАЈН

Ангеловски: Ќе одиме да ја извојуваме првата победа

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација се екипира до првиот тренинг на подготовките за квалификацискиот меч од групата за СП 2018 со Лихтенштајн на 24 март во Вадуз. Селекторот Игор Ангеловски - Мрме пред собирот направи две принудни рокади во изборот на кандидатите за овој натпревар. Поради повреди, отпаднаа играчите на Шкендија - Ферхан Хасани и Егзон Бејтулаи, а им испрати дополнителни покани на Стефан Спировски од Вардар и Kристијан Тошевски од Пелистер. Играчот на Вардар се врати на теренот изминатиот викенд по завршената рехабилитација со гол против Македонија ЃП, но настапил со помагало, па селекторот Ангеловски чека одговор дали ќе може да игра со истото и во репрезентацијата.

Македонскиот тим првпат во 5. коло од групата ќе ја има улогата на фаворит против Лихтенштајн со кого ја делат последната позиција без освоен бод. Тоа е дополнителен мотив за играчите и селекторот да се прекине низата од четири порази.

- Ќе одиме во Вадуз да победиме. Нашата формацијата ќе биде поинаква за овој меч. Имаме добри играчи за да го постигнеме посакуваното, а тоа е да ги освоиме првите три бода. Тоа што долго време немаме победа на гости во квалификациите создава одреден притисок кај играчите, но се надевам дека ќе биде и мотив повеќе да ја прекинеме традиција - вели селекторот Ангеловски додека ги пребројуваше своите избраници пред првиот тренинг кој требаше да се одржи на теренот во СЦ „Петар Милошевски“.

Пандев сака во Скопје да гледа Суперкуп со Манчестер јунјатед и Барса или Јувентус

Скопје на 8 август ќе биде домаќин на Суперкупот на УЕФА, во кој ќе играат актуелните прваци од Лигата на шампионите и Лига Европа, а еден од најдобрите македонски фудбалери Горан Пандев, кој од ФФМ е прогласен за промотор на овој спектакл, се заблагодарува за доделената улога и има свои желби за тимовите што треба да истрчаат на „Телеком арената“.

- Ќе бидеме добри домаќини на еден од најголемите фудбалски настани. Во Скопје сакам да играат Манчестер Јунајтед како победник во Лигата на Европа и Барселона или Јувентус како евентуални прваци во Лигата на шампионите – порача Пандев, кој во 2010 година со Интер ја освои ЛШ и беше дел од Суперкупот, но не го освои со својот тогашен клуб.

#



Останати вести
Работнички и Kарпош Соколи се радуваа во Суперлигата
Македонските млади ракометарки се пласираа на ЕП
Брест Мешков домаќин на завршницата од СЕХА-лигата
Федерер игра како во најдобрите денови
Милевски: Црна Гора ќе биде последна проверка за новата генерација
Спортинг Лисабон му фрлил око на Ристовски

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести