период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 16.02.2017, 15:50

САМУЕЛ ЖБОГАР

Да не се драматизира, оптимист сум дека ќе се формира влада

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска изјави дека е оптимист оти политичките лидери во Македонија ќе го изнајдат вистинскиот начин да формираат влада.

- Јас не се согласувам дека политичката ситуација во земјава е тешка и не треба да се драматизира. Во земјава имавме избори и нормално е да се даде повеќе време да можат политичките лидери да формираат влада. Јас сум оптимист дека политичките лидери ќе го изнајдат вистинскиот начин да формираат влада, за да можеме ние како ЕУ да продолжиме да работиме во реализирање на реформите кои се потребни во земјава, истакна Жбогар.

Во рамките на кампањата „ЕУ за тебе“ денеска во Берово престојуваа евроамбасадорот Жбогар и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

ЕУ за Берово издвоила три милиони евра средства наменети за реконструкција и изградба на канализационата мрежа.

- Овде сме да ја промовираме кампањата „ЕУ за тебе“ и попрецизно да покажеме што реализира ЕУ од проектите која сама ги финансира, помошта на ЕУ на вашата земја е многу конкретна и се гледа од реализацијата на овие проекти кои се во директна полза на граѓаните на вашата општина, а тоа се проекти кои се реализираат од граѓаните на ЕУ, односно од даночните обврзници на ЕУ. Целта ни е да ја видиме реализацијата на проектот за изградба и реконструкција на мрежата за канализација во должина од 25 км, што ќе биде дополнување на постоечкиот прокет „Прочисттелна станица на отпадните води“, како и реализацијата на четири други проекти со финансиска поддршка на ИПА- програмата. Ние како ЕУ со нетрпение ја очекуваме и изгрдабата на зелениот пазар во Берово и реконстркуцијата и на друга улица што се реализира со руралните грантови, рече Жбогар.

Тој додаде дека ЕУ е активна и ги поддржува проектите во земјите кандидати за изградба на инфраструктура со цел се исполнат стандардите.

Францускиот амбасадор Тимоние потенцираше дека намерата е да се продлабочи соработката со Франција и ЕУ.

- Имаме намера да ја продлабочиме соработката и ние сме зантересирани да ја доближиме Европа до граѓаните. Ќе се обидеме во рамките на наште можности да го унпредуваме туризмот, а изградбата на инфраструктурата од ваков вид е од голема помош за жителите, рече Тимоние.

Градоначалникот Драги Наџински ги запозна гостите со проектите кои се реализараат со средства од ЕУ во Берово, потенцирајќи дека досега општината за реализација на разни проекти од областа на инфраструктурата добила поддршка од околу пет милиони евра од европските фондови.

#



Останати вести
В понеделник пресудата по тужбата на Цветковски против СДСМ, Заев и Костовски
Работна група на СДСМ го разгледува возвратениот предлог на ДУИ
Заев се откажува од Жерновски, го сака Богдановиќ, Kуновска може да им ги помати сметките на двајцата?
Пациентите задоволни од инфузијата од 2 милиона евра за новите цитостатици
Направен е груб фалсификат за Македонците во Албанија
Ахмети ќе му испорача на Заев закон за официјализирање на албанскиот јазик
Во Европа не постои унитарна држава со два официјални јазика на целата територија

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Македнец, 16.02.2017 16:18:03
Имаме доволно памет само бараме од вас да не оставите на мира да не го користите олошот во Македонија да ни прави проблеми за да потоа вие ни солите памет.Најдобро ние самите знаеме и можеме да го направиме она што е најдобро за Македонија и граѓаните во неа. Оставите не сами да си одлучиме.
строиник, 16.02.2017 16:32:15
Но ако беше неутрален реалист, тогаш заклучокот и советот би бил---што побрзо нови парламентарни избори
Ag`r, 16.02.2017 20:30:58
Povekje od ocigledno e da tie pari sto gi davit tie od eu skapo ni go naplakjat, duri I so prsti ni brkat vo ocite. Poarno da se zatraes I parite da si gi troses doma, Makedonskata vlada e rabota samo na Makedoncite tebe I tie kako tebe da ne se mesat. Alooo otidel si kaj Makedonci pa ni imeto ne sakas da im go spomnes, vekje ni se gade od VAS grozotia I odvratnos samo toa go promovirate I toa ste. Od kade e ovaa klopatarka? Dosta ni e ponizuvanje od nas ne ste zreli ni za eden desetogodisnik.....
praveden, 16.02.2017 21:48:27
Gospodo kolku poveke Evropa ja priblizuvate kon Makedonija tolku poveke Makedonija ja zaglavuvate vo kriza. Ni go prativte Evropejecot Vanhut taka narecheniot Machkar. Dali Gospodo zaboravivte shto napravi Vanhut vo Makedonija, Evropski reshenija samo shto beja doneseni za Midiumite so 5 zvezdichki Machkarot Vanhut gi suspendira. Gospodo dali zaboravivte shto napravivte so Przinskiot dogovor, dogovor stokmen od vas koj dogovor go pogazi Ustavot, barate da se pochituva vladeenjeto na Pravoto vo isto vreme gazete vrz Makedonskiot Ustav kako da e parche Toaletna hartija. Zbogar bil optimis ke se formiralo vlada, Gospodine Zbogar koga VMRO DPMNE i DUI pregovara za formiranje vlada nemashe ovakva pristrasna izjava od vas .
Putin, 16.02.2017 23:06:39
Ali se dosadni ovie besni kucinja.
Petar Avstralija, 17.02.2017 06:28:30
Eh taa E prostitucija I gas Ke Dade samo imeto da ni go smenat.
Терестријалец, 17.02.2017 09:29:22
Штом си ти оптимист, народот е песимист. Кога ЕУ говори за мир и љубов, крв ќе падне јал до колена, јал до гуша.
Најнови вести