период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Хроника
Датум: 19.05.2017, 13:34

ЗавЧера во скопско ТафталиЏе

Тинејџер без возачка со автомобил покосил жена на тротоар

Скопјанка се бори за живот во Ургентниот центар откако завчера била прегазена на тротоар од автомобил што го управувал 18-годишен тинејџер, кој немал положено возачки испит. Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 15 часот, на улицата Финска во населбата Тафталиџе. Несовесниот М.А. (18) седнал зад воланот во автомобил „голф“ со скопски регистерски ознаки, иако немал возачка дозвола. Младиот возач со голема брзина го возел автомобилот, но во еден момент изгубил контрола над возилото, поради што се качил на тротоарот и ја покосил Д.С. (81). Од ударот жената била отфрлена неколку метри и останала да лежи во бессознание. Минувачи веднаш повикале брза помош по што тешкоповредената старица била однесена во Ургентниот центар.

Според лекарите, жената има фрактура на неколку ребра и на карлицата, а има и потрес на мозокот, а нејзиниот живот е во опасност.

Овој случај е последниот во низата несреќи во кои возачите управувале автомобил без положен возачки испит.

На почетокот на мај, во близина на Македонски Брод загина 19-годишник, кога со моторот што го управувал се судрил со комбе што го управувал малолетен возач. Според полицијата, двајцата возачи немале положено возачки испит.

Пред само пет дена во гостиварската населба Грудајци џип „опел фронтера“ што го управувал 24-годишен возач без возачка дозвола прегазил седумгодишно дете на велосипед и тешко го повредил. Детето со повреди и скршеници беше пренесено на скопските клиники. По сообраќајката возачот избегал од местото на настанот, но полицијата завчера го идентификувала и го уапсила.

Од МВР информираат дека во просек секој шеснаесетти возач кого го запрела сообраќајната полиција немал возачка дозвола и немал положено возачки испит. Ова го покажале сообраќајните и акциските контроли на полицијата минатата година на територијата на целата земја. Од сообраќајната полиција велат дека без положен возачки испит, не смее да се управува моторно возило.

- Оној што управува моторно возило без возачка дозвола не е возач. Тој не ги знае доволно вештините и правилата во сообраќајот, а тоа значи дека не е подготвен самостојно да управува со возилото, не ја поминал ниту обуката и не возел пред испитна комисија, со што ќе му се потврди дека тој е возач и оти ги познава и ги владее сообраќајните правила и прописи - велат од Секторот за сообраќајни работи во МВР.

Со моторно возило може да управува само возач со важечка дозвола, странска возачка дозвола или меѓународна возачка дозвола, во која е запишана категоријата под која припаѓа моторното возилото. Оние возачи што ќе бидат фатени додека возат моторно возило без положен возачки испит веднаш ќе бидат исклучени од сообраќајот.

Полицаецот го констатира прекршокот во записник, по што на возачот му се издава платен налог, кој е должен во рок од осум дена од денот на приемот на налогот да плати глоба од 400 евра во денарска противвредност. Ако глобата ја плати во рок од осум дена, прекршителот ќе плати само половина од казната. Со 300 евра ќе се казни сопственикот што му го дал возилото на оној што нема положено возачки испит.

Според нашиот соговорник, во сообраќајните контроли биле откриени службени лица што без возачка дозвола управувале службени возила.

- Во овие случаји најчесто станува збор за вработени во општините, државни службеници, фирми и слично - велат од сообраќајната полиција.

Според законот за безбедноста во патниот сообраќај, на тој што ќе седне зад волан без положен возачки испит, но и под дејство на алкохол, освен глоба, ќе му биде изречена и заштитна мерка за управување возило и полагање возачки испит.

- Во сообраќајни незгоди каде што учествувало лице што не е возач, а кој управува под дејство на алкохол, во судска постапка може да му се изрече казна за забрана за полагање возачки испит - велат од МВР.

РСБСП апелира до матурантите и родителите

Бидејќи месец мај традиционално поминува во знакот на матурските прослави од Републичкиот совет за безбедност во патниот сообраќај (РСПБС) апелираат до матурантите да не седнуваат зад волан.

- Веселиот амбиент, изобилството алкохол, вишокот адреналин и желбата за докажување ги наведува матурантите на брзо и агресивно однесување во сообраќајот што често завршува со фатални последици. Апелираме матурантите да ја покажат својата матура на дело на тој начин што ќе покажат дека се зрели, совесни и одговорни личности, кои својата зрелост ја манифестираат и преку одговорно учество во сообраќајот што во основа значи да не управуваат моторно возило во текот на матурската прослава - велат од РСПБС.

Согласно Законот за безбедноста во сообраќајот на патиштата, во категоријата возач-почетник спаѓаат сите лица што се стекнале со возачка дозвола во изминатите две години.

Возачите почетници немаат право да управуваат моторно возило во периодот од 23 часот навечер до 5 часот наутро, освен со придружба на возач постар од 25 години, на кој не му е изрекувана прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило. Дозволено количество алкохол во крвта е нула промили и немаат право да управуваат моторно возило чија моќност на моторот е поголема од 77 киловати.

Даниела Вељановска

#



Останати вести
Се обидел да ја спаси колешката, па го проболе со нож во стомакот
Нападнатите новинари на А1он повикани во ОЈО да дадат исказ
СЈО поднесе жалба на одлуката за Сеад Кочан
Сериски крадец осуден на две и пол години затвор
Кривична пријава за учесник во инцидентите во Собранието кој насилно ја отворал вратата
Го бодел со нож зетот во болница

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести